МП: Конститутивна седница за Развојната Секторска Стратегија за правосудство (2024 – 2028)

Советот се формираше заради обезбедување на континуитет на досегашната пракса за следење на реформите во правосудството.

На седницата ,на присутните им се обрати претседавачот на Советот, министерот за правда Кренар Лога .

,,Со оглед на тоа што како држава треба да испорачаме резултати во однос на реформските процеси во земјата, бидејќи се надеваме дека многу скоро ќе ги започнеме преговорите за полноправно членство во Европската унија, донесувањето на оваа Стратегија беше од исклучителна важност која во иднина ќе се цени и од аспект на усвојување на Реформската агенда на Македонија од страна на Советот на Европската Унија”,рече во своето обраќање министерот Лога.

Визијата на Развојната секторска стратегија за правосудството (2024 – 2028) година е независно, одговорно, транспарентно и достапно правосудство, отпорно на внатрешни и надворешни влијанија, кое ги штити човековите права и обезбедува владеење на правото на ефикасен начин.

Советот ќе се грижи за навремено спроведување на мерките и активностите согласно Акцискиот план, следење на приоритетите, временската рамка и роковите за имплементација и оценување на постигнатите резултати во спроведување на Акцискиот план.

Ова тело е поддржано од страна на експерти од Проектот на ЕУ за владеење на правото , а на денешната седница експертот Славен Лекиќ информираше за активностите кои што се преземени од нивна страна за успешно спроведување на Стратегијата.

Иако беа поканети и претставници од ВМРО ДПМНЕ со цел да дадат свои предлози и сугестии, тие не присуствуваа на седницата.

Советот заклучи дека во континуитет треба да се продолжи со активностите и следење на реформите во правосудството, соопшти Министерството за правда.

Видео: Гоца Тржан му одржа лекција на едно момче од публиката

Популарната пејачка Гоца Тржан имаше настап за своите фанови, а поради помлад фан мораше да го прекине концертот за јавно да одговори на неговите барања.

Пејачката Гоца Тржан важи за личност која често гласно ги искажува своите ставови.

Гоца на еден свој настап му „одржа лекција“ на едно момче од публиката кое негодуваше за нејзините песни и бараше да отпее нешто од репертоарот што пејачката го окарактеризира како „денешен минлив тренд во музиката“.

„Пеј нешто за нас“, викна еден дечко од публиката.

- Знаеш што, друже, јас не ги знам знам тие „дрнди мрнди“. Не учев за вечерва, дај кец. Има стари песни што можам да ги изведам. Не би сакала да ги набројувам сите брендови во светот, тоа ми е досадно. - рече Гоца Тржан и предизвика овации кај публиката, а потоа продолжи да ги пее нејзините хитови.

УНРВА: Десет деца дневно губат една или две нозе во Газа

Во просек по десет деца во Појасот Газа секој ден остануваат без едната или двете нозе, предупреди денеска шефот на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), Филип Лазарини.

-Секој ден имаме во просек по десет деца кои остануваат без едната или двете нозе, рече Лазарини на прес-конференција во Женева, додавајќи дека тие податоци не ги вклучуваат децата кои останале без рака или шака.

Тој рече дека тие податоци се базираат на податоците на УНИЦЕФ.

-Десет на ден, тоа се речиси 2.000 деца по повеќе од 260 дена од таа брутална војна. Знаеме дека најчесто ампутациите се вршат во ужасни услови и понекогаш без никаква анестезија, а тоа важи и за децата, рече тој.

Лазарини го спомена и извештајот на невладината организација Save the Children во кој се наведува дека од почетокот на војната во Појасот Газа „исчезнале до 21.000 деца“, без разлика дали биле затрупани под урнатините, заробени, закопани во анонимни гробници или изгубени контакти со семејството и роднините./МИА

Видео: „ChatGPT“ пристигна во автомобилите на „Volkswagen“

„Volkswagen“ конечно го интегрира „ChatGPT“ во своите автомобили.

Оваа технологија ја има кај сите возила од семејството „ID“, како и кај новите модели „Golf“, „Tiguan“ и „Passat“.

Возачите ќе можат да пристапат до „ChatGPT“ преку гласовниот асистент, а тој може да ја контролира климатизацијата, навигацијата и многу повеќе.

„VW“ соопшти дека „ChatGPT“ ќе може да бара информации за туристички атракции или за резултат од спортски натпревар.

Исто така, се додава дека вештачката интелигенција ќе може дури и да прави математички задачи за деца.

Тие ги уверуваат корисниците дека нема потреба да се грижат кога станува збор за безбедноста, бидејќи информациите за возилото се испраќаат анонимно до гласовниот асистент само доколку системот „VW“ може да одговори на барањето, а подоцна автоматски се отстрануваат.

Извор: Б92

притисни ентер