ЕвропаМонструм од Шведска: Со години ја присилувал сопругата да има секс со 120 мажи и на тоа заработувал Шведското обвинителство денес поднесе обвинение против 62-годишен маж за тешко подведување, напад и повеќекратни силувања. Тој е обвинет дека ги продавал сексуалните услуги на својата сопруга на повеќе од 120 мажи. Мажот бил уапсен кон крајот на октомври минатата година откако неговата сопруга го пријавила во полицијата на северот од Шведска и оттогаш е во притвор, пишува Euronews. Со години ја искористувал својата сопруга Според обвинението, мажот со години профитирал финансиски со тоа што ја принудувал својата сопруга „да извршува сексуални дејствија и да им се потчинува“. Тој е обвинет за креирање онлајн реклами, закажување состаноци, стража и принудување на жената да извршува сексуални дејствија преку интернет со цел да привлече повеќе клиенти. Тој е обвинет и за насилно однесување и заканување кон неа, искористувајќи го нејзиниот страв од него и нејзината зависност од дрога, што обвинителот го опиша како „немилосрдна експлоатација“. Во обвинението се наведени и неколку закани упатени до жртвата, од кои некои вклучувале предупредувања дека ќе го „ослободи чудовиштето“. Обвинет за осум точки на силување Прекршоците наводно се случиле помеѓу август 2022 и октомври 2025 година. Обвинителката Ида Анерштет во февруари изјави дека властите идентификувале околу 120 лица осомничени за купување сексуални услуги. Покрај отежнато подведување, мажот, кој ја негира вината, е обвинет и за осум точки на силување. Ова вклучува еден случај со клиентка и неколку случаи каде што таа била принудена да изврши сексуални дејствија врз себе. Тој е обвинет и за четири точки на обид за силување и четири точки на напад. Адвокатот што ја застапува жената изјави за новинската агенција АФП дека обвиненијата произлегуваат од „сериозни и сериозни кривични дела“ чиј жртва била нејзината клиентка. „Сега таа се надева дека ќе добие правда“, рече Инголфсдотир. Според јавната телевизија СВТ, мажот претходно бил висок член на мотоциклистичката група „Ангели на пеколот“. Телевизијата, исто така, објави дека почетокот на судењето е закажан за 13 април. Паралели со случајот Пелико Случајот веројатно ќе се спореди со оној на Жизел Пелико, 73-годишната Французинка која стана феминистичка икона откако се откажа од правото на анонимност во повеќекратен случај на силување. Помеѓу 2011 и 2020 година, Пелико била дрогирана и силувана од нејзиниот сопруг Доминик, како и од десетици други мажи, додека била во несвест. Таа дознала за злоупотребата во 2020 година, откако нејзиниот сопруг бил уапсен затоа што снимал жени под нејзината здолниште во супермаркет, а полициската претреска на неговиот компјутер открила видеа од неа како ја силува. Нејзиниот случај ја воодушеви Франција и привлече значително меѓународно медиумско внимание. Пелико оттогаш стана симбол на борбата против сексуалното насилство, а шокантниот случај предизвика национален преглед на културата на силување во Франција. Минатиот јули, таа беше наградена со највисокото француско одликување, Легијата на честа. Доминик Пеликот беше осуден на 20 години затвор, додека казните за другите обвинети се движеа од три до 15 години затвор.Тагови: сопруга Шведска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСамит ЕУ – Западен Балкан во БриселМакедонија е лидер во исполнување на задачите од реформската агенда, не е точно дека Црна Гора и Албанија напредуваат побрзо од нас, оценува премиерот Христијан Мицкоски.Во пресрет на Самитот на ЕУ во Брисел попладнево кадешто ќе седнат на иста маса со лидерите од регионот и европските челници Урсула фон дер Лајен, Антонио Кошта и Каја Калас, македонскиот премиер очекува да се потврдат заложбите за што побрза интеграција на Западен Балкан во унијата. Кажа дека е отворен за дијалог со соседите, но го повтори владиниот став дека нема да има уставни измени. „ Ќе се навратам на мојата изјава за автобусот што се ниша. Така во моментов изгледа нивниот пат кон ЕУ, и на Црна Гора и на Албанија. Ние, пак, спроведуваме реформи и навистина сме лидери кога станува збор за Реформската агенда. / Ние одбиваме да разговараме за билатерални прашања, како пречка кон нашето полноправно зачленување во Европската Унија. Ние сме подготвени заедно со ЕУ и тие што имаат билатерални нерасчистени односи со нас, ако е потребно, во рамките на овој процес да седнеме било каде и било кога и на било која тема. За жал, како што гледам, од другата страна нема интерес, така што ние ќе продолжиме да го испорачуваме она што е наша домашна задача. “-Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Дека Македонија е во топ три во исполнување на рефорите од Планот за раст се согласува и еврокомесарката за проширување Марта Кос. Во интервју за МИА потенцира дека ги разбира фрустрациите во Македонија од застојот, но реалноста е таква што членките во ЕУ ја користат позицијата за блокада поради билатерални спорови. Ја повика Владата да ги спроведе уставните измени. „ Иако сметам дека билатералните прашања не треба да се мешаат во пристапниот процес, тие понекогаш сепак се на маса и мора да се решаваат во духот на добрососедските односи. Ова е вистинскиот момент и С. Македонија да тргне напред, од политичарите во С. Македонија зависи дали тоа ќе се случи. Откако ќе се направат уставните измени, ќе можеме да продолжиме без каква било дополнителна политичка одлука. Мојот апел до Владата е да го направи тој чекор и да ја исполни својата обврска. “Марта Кос – еврокомесар за проширување. Во фокусот на самитот во Брисел попладнево ќе бидат неколку теми меѓу кои постепената интеграција, миграцијата, планот за раст.. Според последните најави, Европската комисија планира зголемување од 10 проценти на финансиските средства за Македонија во рамките на Планот за раст, додека Црна Гора и Албанија ќе добијат по 15 проценти повеќе. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжи надзорната расправа за АЛТА банка во Собранието15:00Средба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12Претседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
МакедонијаОд католичката црква „Свети Јосиф“ на Бит-пазар е украдена дарохранителницатаСкопската бискупија ја известува јавноста дека во текот на ноќта меѓу 24 и 25 ноември 2026 година, од католичката црква „Свети Јосиф“ на Бит-пазар во Скопје е украдена дарохранителницата во која се чува Пресветата Причест, односно осветени хостии.Случајот е пријавен кај надлежните институции и во тек е полициска истрага. За Католичката црква Пресветата Причест е најсветиот дар доверен на Црквата и средиште на нејзиниот литургиски и духовен живот. Поради тоа, нашата најголема грижа во овој момент е осветените хостии да бидат пронајдени и достоинствено вратени. Скопската бискупија упатува искрен апел до лицето или лицата кај кои се наоѓа дарохранителницата, а особено Пресветата Причест, да овозможат нејзино враќање што е можно поскоро. Доколку некој ги поседува осветените хостии и сака да ги врати, го повикуваме тоа да го направи со доверба и без страв од осуда од страна на Црквата. Нашата желба е тие да бидат вратени со должна почит. Ги повикуваме и сите граѓани кои располагаат со било каква информација што може да помогне во пронаоѓањето на дарохранителницата и Пресветата Причест да се обратат до надлежните органи. Воедно, ги повикуваме сите верници да се соединат во молитва за пронаоѓање и достоинствено враќање на Пресветата Причест, како и за покајание, помирување и преобраќање на срцата. Нека овој немил настан биде и повик до сите нас за уште поголема почит кон она што е свето. Скопска бискупијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжи надзорната расправа за АЛТА банка во Собранието15:00Средба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12Претседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
МакедонијаПродолжи надзорната расправа за АЛТА банка во СобраниетоТрајко Славески беше мој личен избор по консултација со експерти, немаше никакво политичко влијание, дојдов тука од почит кон граѓаните, иако не сум надлежна за банкарскиот сектор, изјави претседателката Гордана Сиљановска ДавковаТрајко Славески беше мој личен избор по консултација со експерти, немаше никакво политичко влијание, дојдов тука од почит кон граѓаните, иако не сум надлежна за банкарскиот сектор, изјави претседателката Гордана Сиљановска Давкова која во својство на сведок прва одговараше на прашањата од пратениците на втората надзорна расправа за Алта банка во Собранието. Претседателката како бизарни и навредливи ги отфрли прашањата од опозицијата врз основа на кои критериуми го номинирала Славески за гувернер на НБРМ, и дали неговиот избор бил само заради договор меѓу Мицкоски со Мацура и Вучиќ да се внесе Алта банка во Македонија. - Не тврдам дека постои докажан договор меѓу вас Мицкоски, Мацура и Вучиќ, но кога гувернерот јавно потврдува дека се консултирал со премиерот за влезот на конкретната банка, сосема легитимно е да се бара одговор дали зад овој процес имало политичко договарање. И затоа ве прашувам дали назначувањето на Славески беше само заради дилот со Мацура и Вучиќ да се внесе Алта банка во Македонија, рече Мираковска. - Навредливо е за мене да одоговарам на прашања за односите со Вучиќ, Мацура, бесмислено е. Уставот ја гарантира самостојноста на НБРМ, а Законот за Народната банка ја гарантира нејзината независност. НБРМ не смее да прима насоки од никого, вклучувајќи го и претседателот. Како си дозволувате да кажете како сум го избарала. Го избрав врз основа на законски утврдени критериуми, без никаков притисок, одамна сум докажала дека сум имуна на притисоци, изјави Силјановска Давкова. Додека траеше исказот на Силјановска Давкова, атмосферата во салата се вжешти со довикување од страна дел од пратениците, што ја поттикна претседателката да реагира, по што процедурално реагираше и координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски кој ја повика на взаемна почит. На надзорната расправа сведочеше и бизнисменот и поранешен директор на ЕУРОСТАНДАРД банка, Трифун Костовски, кој праша зошто НБРМ тогаш не ја спасила Еуростандард како АЛТА банка сега. Мацура кажа дека не го познавал, а одговори и на пратеничките прашања дали имал комуникација со тогашните владини функционери од СДСМ пред затворањето на Еуростандард банка. -Средба со Заев не сум имал, синот мој ми покажа дека дента кога е однесена банката во стечај, мојот син имал средба со тогашниот технички премиер Оливер Спасовски и било разговарано да се запре евентуално било каков процес, бидејќи ние како акционери имавме голема желба банката да не се однесе во стечај. Банката се носи во стечај кога немаме Влада, Собрание, институции, а соработката меѓу институциите е клучна. Затоа ја поддржувам одлуката на НБРМ да ја спаси АЛТА банка, изјави Костовски. Во меѓувреме, од Народната банка соопштија дека правните лица кои имаат платежни сметки во „Алта банка“ АД Битола од денеска ќе можат без ограничување на износот да располагаат со новите приливи, доколку средствата се префрлени од сметки во други банки или кај други даватели на платежни услуги. Со оваа одлука, како што велат од НБРМ, компаниите ќе можат во целост да ги користат новопримените пари кои пристигнуваат од други финансиски институции. Истата можност веќе важи и за физичките лица. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter