Православен митрополит со тешки обвинувања до сопругата: Трпев ќотек и закани, ја злоставуваше и нашата чивава - Канал 5

Православен митрополит со тешки обвинувања до сопругата: Трпев ќотек и закани, ја злоставуваше и нашата чивава

Митрополитот на Италијанската православна црква, Филипо Ортенси, ја пријавил својата сопруга за семејно насилство, психичко злоставување и сериозно злоставување на животни, а против неа е покрената судска постапка.

Православен митрополит со тешки обвинувања до сопругата: Трпев ќотек и закани, ја злоставуваше и нашата чивава

Според истрагата, насилството се случило во 2024 и 2025 година во нивниот стан во Рим, објави Рома Тудеј.

„Ќе те избодам додека спиеш“

Ортенси (71) тврди дека бил подложен на навреди, закани со смрт и физички напади, додека неговата сопруга, како што тврди тој, брутално го повредила нивното куче чивава, по име Кворицина, нанесувајќи ѝ сериозни повреди.

Инцидентот од февруари 2025 година е означен како клучен, кога, според извештајот, жената ги нападнала и кучето и нејзиниот сопруг, удирајќи го по главата со таблет и со тупаница.

Приложените фотографии ги покажуваат трагите од тепањата што ги претрпел митрополитот, додека ветеринарните извештаи укажуваат на повеќекратни повреди на животното, вклучувајќи фрактура на карлицата и повреди на 'рбетот.

Ортенси рече дека во еден инцидент, неговата сопруга, веројатно под дејство на алкохол, мокрела во ходникот и спалните соби од злоба.

И покрај поднесената жалба од Ортенси на 26 февруари 2025 година, атмосферата во куќата не се подобри, а свештеникот пријави во полиција дека неговата сопруга продолжила да му се заканува со смрт, тврдејќи дека му рекла: „Ќе те прободам во сон“.

Таа, исто така, наводно му ги одзела клучевите од спалната соба и студијата, спречувајќи го да го користи компјутерот.

Постапка според „црвен код“

Според сведочењето на жртвата, насилството започнало по нивната венчавка во 2023 година, кога сопругата почнала да покажува опсесивна и неоправдана љубомора, што често резултирало со вербална и физичка агресија.

Обвинителството во Рим започнало таканаречена постапка „црвен код“ за заштита на жртвите на семејно насилство, додека кучињата биле конфискувани и сместени во засолниште.

Осомничениот, според последните информации, е во Романија, а судот во Рим закажал подготвително рочиште за 24 март.

Адвокатот на оштетената страна изјавил дека неговиот клиент е сè уште трауматизиран и очекува судот да утврди целосна одговорност во овој случај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Кина спасено девојче кое висело од прозорец на 12-ти кат (ВИДЕО)

Тригодишно девојче е спасено во кинескиот град Џангпинг откако било пронајдено како виси од прозорец на 12-ти кат, со главата заглавена меѓу метални решетки.

Во Кина спасено девојче кое висело од прозорец на 12-ти кат (ВИДЕО)

Инцидентот се случил пред четири дена, утрото на 17 октомври, при што детето останало да виси од надворешната страна на зградата. Снимки од настанот се појавија на социјалните мрежи.

Еден сосед го забележал детето, веднаш споделил фотографии во групниот разговор на станарите од зградата и повикал помош. На снимките се гледа како девојчето се држи за решетките со рацете. Службениците за обезбедување и вработените во зградата брзо реагирале, влегувајќи во стан на 11-ти кат – точно под оној во кој се наоѓало девојчето.

Двајца мажи се наведнале низ прозорецот и поставиле столче под детето. Тоа послужило како потпора, ја презело тежината на детето и го задржало на безбедно сè до пристигнувањето на пожарникарите.

Станарите изјавиле за локалните медиуми дека девојчето било само дома во моментот на инцидентот. Нејзиниот татко бил на работа, а мајката отишла во продавница додека детето спиело.

Се претпоставува дека девојчето се протнало низ решетките, по што главата ѝ заглавила.

По пристигнувањето на пожарникарите, девојчето било извлечено на безбедно и пренесено во болница на преглед.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Масовни протести низ Грција- учениците и студентите направија хаос во Атина, 20 уапсени (ВИДЕО)

Денеска во Грција се одржуваат масовни протести на ученици и наставници, со кои се бараат значајни промени во јавното образование. 

Масовни протести низ Грција- учениците и студентите направија хаос во Атина, 20 уапсени (ВИДЕО)

Демонстрации беа организирани во Атина, Солун, Патра, Лариса, Волос и Крит, а меѓу главните причини за незадоволство се зголемените трошоци за студирање и кризата со домувањето, објави Ројтерс.

Претставници на образовните синдикати, студентските здруженија и други организации од образовната заедница се придружија на протестите, додека Синдикатот на државни службеници АДЕДИ прогласи прекин на работата за вработените во јавниот сектор за да можат да учествуваат во демонстрациите.

Поради собирањето на демонстрантите, центарот на Атина е затворен, како и метро станицата „Универзитет“. Автобусите и тролејбусите работат нормално, но привремени промени се воведени на некои линии во централниот дел од главниот град.

Денешните демонстрации се продолжение на акциите што започнаа во вторник, кога студентите поставија шатори на плоштадот Синтагма во Атина. Слични протести се одржуваат и во други грчки градови, а учесниците предупредуваат за зголемените трошоци за образование и тешкотиите со кои се соочуваат младите луѓе при наоѓање сместување.

На протестите учествуваат и наставници, болнички лекари и државни службеници, а одлуките за штрајкови и прекини на работата варираат од сектор до сектор.

Според достапните информации, полицијата привела вкупно 20 лица во Атина и Солун.

Внимание привлекуваат и транспарентите на демонстрантите, со пораки на француски јазик, вклучувајќи го и слоганот „Студии или преживување?“, кој укажува на финансиските проблеми на учениците и сè потешките услови за продолжување на образованието.

Мобилизацијата доби поширок карактер благодарение на учеството на Грчката федерација на наставници (DOE), Федерацијата на вработени во средно образование (OLME), студентските координативни тела, студентските здруженија и други претставници на образовната заедница.

Демонстрантите бараат промени во јавниот образовен систем и решавање на проблемите што, како што велат, влијаат не само на секојдневниот живот во училиштата, туку и на можноста на младите луѓе да започнат и да продолжат со високо образование.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре врнежливо време, попладне поројни дождови

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта, информира УХМР. 

Утре врнежливо време, попладне поројни дождови

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС)

12 Попова Шапка, 16 Крушево, 17 Охрид, Претор, Лазарополе, 18 Тетово, Маврови Анови, 20 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Прилеп, 21 Крива Паланка, Демир Капија, 22 Скопје-Петровец, Велес, Штип, Кавадарци, Берово, Струмица, 23 Виница, Гевгелија.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа до 17 часот во (l/m2)

1 Маврови Анови.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Променливо облачно со сончеви периоди. Дуваше слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Попладнево во западните делови имаше повремен локален дожд.

До крајот на денот и во текот на ноќта ќе преовладува облачно време и ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Наместа врнежите ќе бидат поројни проследени со појава на грмежи. По оделни котлини ќе има услови за утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 19 до 24 степени.

Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 22 степена.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во петок во утринските часови ќе има повремен локален дожд, а во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Во сабота ќе се задржи стабилно време, а од недела и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер