Модна ревија на „Луј Витон“ во седиштето на УНЕСКО во Париз

Познатата модна куќа „Луј Витон“ вчеравечер организираше модна ревија во седиштето на УНЕСКО во Париз инспирирана од човековата убавина и убавината на тоновите на човечката кожа.

- Ова е оддавање почит на човечките суштества. Од црно преминува во темно-кафена, па од кафена и светло-кафеава во беж, потоа малку сива и на крајот во бела, објасни модниот дизајнер за машка облека, Фарел Вилијамс.

Манекени облечени во облека во сите нијанси на човековата кожа прошетаа околу огромниот глобус на тревата ишарана со препознатливите симболи на фирмата „Луј Витон“.

Израел тврди дека „може да го врати Либан во камено доба“, но не сака војна со Хезболах

Сепак, тој експлицитно нагласи дека неговата влада претпочита дипломатско решение на тензиите на израелско-либанската граница.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, за време на неговата посета на американскиот главен град Вашингтон, предупреди дека израелската армија е способна „да го врати Либан назад во каменото доба“ во евентуална војна со либанската шиитска група Хезболах.

Сепак, тој експлицитно нагласи дека неговата влада претпочита дипломатско решение на тензиите на израелско-либанската граница.

Галант, исто така, им рече на новинарите дека разговарал со високи американски претставници за „повоениот“ нацрт-предлог за тоа како да се управува со Појасот Газа по завршувањето на израелскиот конфликт со радикалната палестинска група Хамас што ја контролира енклавата.

Според разгледуваната опција, управувањето со крајбрежната територија би вклучувало локални Палестинци, регионални партнери и САД, но тоа би бил „долг и комплициран процес“, објасни израелскиот министер за одбрана.

Молотов пред домот на претседателката на Врховниот суд на Грција, повреден полицаец

Инцидентот се случил во населба во северниот дел на Атина, кусо еден часот по полноќ, а било запалено патролно возило на полицијата, при што интервенирала противпожарната служба со осум пожарникари и две возила.

Бомба молотов била фрлена пред домот на претседателката на Врховниот суд на Грција, при што бил повреден полицаец и пренесен во болница со повреди на лицето и раката, јави дописничката на МИА од Атина.

Инцидентот се случил во населба во северниот дел на Атина, кусо еден часот по полноќ, а било запалено патролно возило на полицијата, при што интервенирала противпожарната служба со осум пожарникари и две возила.

Портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис го осуди нападот и истакна дека „демократијата и нејзините столбови, како што се судството и неговите функционери, не се заплашуваат“, посочувајќи дека апсолутен приоритет е итното апсење на сторителите.

За прв пат во кариерата Роналдо не постигна гол во групната фаза на некој голем турнир

 Репрезентативниот напаѓач на Португалија, Кристијано Роналдо, за прв пат во кариерата не постигна гол во групната фаза на еден голем турнир.

Триесет и деветгодишниот Португалец не успеа да се запише во листата на стрелците на ниту еден од неговите три натпревари во Ф-групата на Европското првенство 2024.

Кристијано претходно има постигнато гол на сите негови претходни 10 групни турнири на Светско или Европско, кои датираат од Евро 2004 година.

Португалија која синоќа загуби од Груизија, со шест бода го освои првото место во групата.

Противник на Португалците во осминафиналето ќе биде селекцијата на Словенија.

притисни ентер