Продолжува судењето на Ива Михаилова во нејзино отстуство - Канал 5

Продолжува судењето на Ива Михаилова во нејзино отстуство

Од Јавното обвинителство информираат дека судењето на обвинетата Ива Михаилова за предизвикување на сообраќајна несреќа со смртни последици ќе продолжи на деветти ноември.

Продолжува судењето на Ива Михаилова во нејзино отстуство

Ива Михаилова избега во Бугарија пред две недели, тамошните власти потврдија дека нема да ја екстрадираат во Македонија..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5% и ликување по поразот од 4 спрема 1 од ВМРО-ДПМНЕ, му посакуваме уште многу вакви резултати

СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5% и ликување по поразот од 4 спрема 1 од ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во Брвеница.

Манасиевски: СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5% и ликување по поразот од 4 спрема 1 од ВМРО-ДПМНЕ, му посакуваме уште многу вакви резултати

СДС со Филипче дојде до стадиум да се радуваат и да го прикажуваат како успех резултатот дека се четврта партија на избори.

СДС со Филипче се четврта партија во Куманово и Брвеница, а петта во Скопје.

На последните анкети кои излегоа во јавноста, само Филипче е претседател на партија кој има драстично понизок рејтинг од самата партија.

Дополнително, каде е Филипче да излезе во јавноста по историскиот успех што го направија во неделата? Каде се анкетите на Филипче кои велеше дека ќе ги обзнани во јавноста до крајот на минатата недела? Каде е Филипче, на јахта или на Харис Џиновиќ во Дубаи?

Без разлика што Филипче направи вакви историски успеси во СДС, ВМРО-ДПМНЕ апсолутно му дава поддршка на Венко Филипче и му посакуваме и натаму да нижи вакви одлични резултати како на последните предвремени локални избори.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев. Изграден нов потпорен ѕид во подрачното основно училиште „Страшо Пинџур“

-Изграден нов потпорен ѕид во подрачното основно училиште „Страшо Пинџур“ во село Дреново, објави на својот профил првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев. 

Јанчев. Изграден нов потпорен ѕид во подрачното основно училиште „Страшо Пинџур“

Поради обрушување на делови од постојниот потпорен ѕид во дворот на подрачното основно училиште „Страшо Пинџур“ во село Дреново, Општина Кавадарци реализираше градежни активности за изградба на нов потпорен ѕид.

Со оваа интервенција се обезбедува поголема стабилност и безбедност на просторот, се спречува понатамошно обрушување и се создаваат побезбедни услови за учениците, наставниот кадар и сите кои го користат училишниот двор.

Општина Кавадарци продолжува со континуирани вложувања во подобрување на училишната инфраструктура и создавање квалитетни и безбедни услови за образование во сите населени места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Регионален состанок во Црна Гора: Западен Балкан мора да ја напушти илузијата за гас и да се сврти кон чиста енергија

Претставници на граѓански организации за заштита на животна средина од целиот Западен Балкан, собрани во Црна Гора на регионална средба за декарбонизација на енергетскиот сектор на Балканот

Регионален состанок во Црна Гора: Западен Балкан мора да ја напушти илузијата за гас и да се сврти кон чиста енергија

Претставници на граѓански организации за заштита на животна средина од целиот Западен Балкан, собрани во Црна Гора на регионална средба за декарбонизација на енергетскиот сектор на Балканот, упатија силен апел до владите низ регионот веднаш да ги запрат плановите за понатамошна гасификација и итно да ги пренасочат ресурсите кон праведна транзиција и обновливи извори на енергија.

Додека регионот се соочува со неизбежно затворање на старите електрани на јаглен и растечките финансиски притисоци поврзани со воведувањето на цените на јаглеродот, вклучувајќи ги EU ETS и CBAM, граѓанските организации предупредуваат дека преминот кон фосилен гас е економски и еколошки ќорсокак.

Анализата на CEE Bankwatch Network и Beyond Fossil Fuels покажува дека изградбата на планираните капацитети би го зголемила годишниот увоз на гас во регионот за 10,5 милијарди кубни метри - повеќе од три пати поголем од вкупната потрошувачка на фосилен гас во регионот во 2023 година - заканувајќи се да го заглави регионот во децениска зависност од скап увоз и проекти кои би можеле да станат финансиски неодржливи пред да бидат исплатени. [1]

Особено загрижувачки е фактот што овие мегаломански планови се наметнуваат однадвор преку нова дипломатска офанзива на САД позната како „Рамка за мировни цевководи на Трамп“, чија цел е да се претвори Централна и Источна Европа во долгорочен потрошувач на американски течен фосилен гас (LNG), во директен конфликт со агендата за декарбонизација на Европската Унија. [1, 2]

Минатата година Македонија најави почеток на изградбата на гасниот интерконектор со Грција, иако процесот на експропријација сè уште не е завршен, а неколку правни прашања остануваат нерешени. Исто така, се планира изградба на најмалку две дополнителни термоелектрани на гас, со што значително се надминуваат ограничувањата предвидени во тековниот Национален план за енергетика и клима, односно во енергетската стратегија. Во 2025 година беше потпишан меморандум со „Казанџи Холдинг“ (Kazancı Holding) за изградба на гасни постројки и дистрибутивни мрежи, при што деталите за овој договор не се прецизирани. Организациите предупредуваат дека овие договори се користат како политичка маска за заобиколување на домашните закони, јавните консултации и стратешките документи.

Оваа опасна динамика се одвива низ целиот регион, додека фактот дека ЕУ брзо се оддалечува од гасот се игнорира. Европската комисија јасно изјави дека нема да финансира нови проекти за гас во Западен Балкан, додека Европската инвестициска банка (ЕИБ) експлицитно го исклучи финансирањето за нови проекти за гас.

Компаниите за централно греење во Србија, поради нивната голема зависност од увоз, веќе се соочуваат со зголемени финансиски притисоци, додека префрлањето на индустрискиот сектор на гас директно би ја поткопало конкурентноста на домашната економија. Целиот регион свесно се впушта во процес во кој милијарди евра јавни пари би можеле да се инвестираат во инфраструктура која наскоро можеби ќе мора да се затвори. [1, 3]

Организациите собрани на регионалниот состанок нагласија дека Западен Балкан не смее да стане тест-полигон за валкани технологии и пазар за американскиот течен природен гас од кој развиените земји постепено се оддалечуваат. Регионот во моментов има неколку гигавати потенцијал во проекти за соларна и ветерна енергија кои се или на чекање или во фаза на планирање.

Наместо да инвестираат во 2.700 километри нови регионални цевководи и мегаломански проекти за гас со странски корпорации, јавните средства и поддршката од меѓународните финансиски институции мора итно да се насочат кон енергетска ефикасност, модернизација на дистрибутивните мрежи, инсталација на топлински пумпи и складирање на енергија. Транзицијата мора да биде брза и праведна, а владите низ целиот Западен Балкан мора да престанат да губат драгоцено време потпишувајќи штетни проекти и конечно да почнат да го штитат јавниот интерес и здравјето на своите граѓани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер