МНТ со „Народен непријател“ и „Музичкиот времеплов“ со српски уметници вечер на „Охридско лето“ - Канал 5

МНТ со „Народен непријател“ и „Музичкиот времеплов“ со српски уметници вечер на „Охридско лето“

„Музичкиот времеплов“ на српските уметници Андрија Минчиќ, Тадија Минчиќ Никола Цветковиќ ќе се одржи во црквата „Света Софија“.

МНТ со „Народен непријател“ и „Музичкиот времеплов“ со српски уметници вечер на „Охридско лето“

Театарска претстава „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ, а во продукција на Македонски народен театар и концертот на српските уметници Андрија Минчиќ на кларинет, Тадија Минчиќ на фагот и Никола Цветковиќ на пијано, вечер се на програмата на 62. издание на фестивалот „Охридско лето“.

Во претстава „Народен непријател“ играат: д-р Томас Стокман, лекар во општинската бања – Никола Ристановски, Катарина, неговата сопруга – Звездана Ангеловска, Петра (нивната ќерка), наставничка – Дарја Ризова, Ејла, нивната средна ќерка – Јана Вељановска, Мортине, нивната најмала ќерка – Ана Арсовска, Петар Стокман (брат на лекарот), градоначалник и претседател на управниот одбор на бањата – Благој Веселинов, Мортен Кил (потатко на Катарина), кожар – Петре Арсовски, Ховстад, уредничка на „Народен гласник“ – Сашка Димитровска, Билинг, соработник на „Народен гласник“ – Александар Михајловски, Аслаксен, сопственик на печатница – Нино Леви и Капетан Хорстер – Мартин Ѓоргоски.

Сценографијата е на Вишња Вујовиќ, а костимографијата на Ивана Каранфиловска-Угуровска.

Драмата во пет чина „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, првпат е објавена на 28 ноември 1882 година со оригинален наслов „En folkefiende“. Напишана е како одговор по јавниот скандал за неговата претходна драма – „Духови“, која ја критикува хипокризијата и моралот во општеството. Имала над 1.880 премиери на различни сцени низ светот.

„Музичкиот времеплов“ на српските уметници Андрија Минчиќ, Тадија Минчиќ Никола Цветковиќ ќе се одржи во црквата „Света Софија“.

Андрија Минчиќ дипломирал во класата на професор Анте Гргин, а потоа специјализира камерна музика на Факултетот за уметности при Универзитетот во Ниш. Како солист настапува на преку 200 концерти во земјата и во странство. Во март 2013 година ја започнува педагошката кариера како доцент на одделот за дувачки инструменти на Факултетот за уметности во Ниш каде предава кларинет и други предмети. Како саксофонист свири: џез, фанк, поп, електронска музика, а член е на Нишкиот Биг Бенд оркестар и други ансамбли.

Тадија Минчиќ е роден во 1990 година во Ниш и започнува да учи фагот со професорот Мирко Исаески, а дипломира и магистрира во класата на професорот Еберхард Маршал на Универзитетот за музика и изведувачки уметности во Минхен. За време на студиите добитник е на 12 први награди на различни национални и интернационални натпревари и остварува солистички настапи со Симфонискиот оркестар од Ниш и со Камерниот оркестар од Солун. Од 2021 година е ангажиран како прв соло – фаготист на Симфонискиот оркестар на РТС во Србија, како и во Филхармонијата во Дортмунд.

Пијанистот Никола Цветковиќ дипломира и магистрира на Факултетот за уметности во Ниш во 2013 година. Како соло уметник и камерен музичар настапувал во земјата и странство. Во 2017 година со дозвола на шведскиот бенд „Кататонија“, го издал албумот „Цветковиќ свири Кататонија- колекција на песни за соло пијано“ по што добива одличен одзив од почитувачите на нивната музика од целиот свет./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пиперката ајварка од утре ќе се откупува по повисоки цени, постигнат договор меѓу производителите и откупувачите

Постигнат е договор пиперката ајварка од утре да се откупува по повисоки откупни цени.. 

Пиперката ајварка од утре ќе се откупува по повисоки цени, постигнат договор меѓу производителите и откупувачите

Информира министерот за земјоделство Борче Серафимовски, по утринската средба со производителите, откупувачите и преработувачите во Струмица, откако производителите од струмичко во изминатите денови протестираа поради ниската откупна цена од 25 денари за прва класа..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жители на село Длабочица, Старо Негоричане се жалат дека повеќе од 20 дена се без струја

Жители на село Длабочица,  се жалат дека повеќе од 20 дена немаат струја.

Жители на село Длабочица, Старо Негоричане се жалат дека повеќе од 20 дена се без струја

За Канал 5 појаснуваат дека проблемот настанал по силното невреме што го зафатил регионотм. Иако добиле уверување од евн куманово дека проблемот ќе биде решен, се уште како што велат се во мрак..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судски совет и Здружение на судии по одлуката на Уставен: Потребни се воздржаност и заштита на судската независност

Одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни, но истовремено, значајно е да се почитуваат уставно загарантираната самостојност на судовите и законски уредениот тек на судските постапки.

Судски совет и Здружение на судии по одлуката на Уставен: Потребни се воздржаност и заштита на судската независност

Одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни, но истовремено, значајно е да се почитуваат уставно загарантираната самостојност на судовите и законски уредениот тек на судските постапки – реагираат од Судскиот совет и Здружението на судии за пријавата на Уставниот суд против судија од Основниот граѓански суд Скопје за непочитување на нивна конкретна одлука..Во заедничкото соопштение, се потенцира неправосилноста на решението на судијата, против кое е поднесено и жалба по која сега треба да одлучува Апелација.

-Постапката сè уште е во тек, а оценката на законитоста на првостепената одлука му припаѓа само на надлежниот второстепен суд. Во такви околности, Судскиот совет и Здружението на судиите сметаат дека секое институционално постапување поврзано со конкретната неправосилна судска одлука бара особена внимателност и воздржаност, за да не се создаде впечаток на прејудицирање на исходот од постапката или на притисок врз судиите кои одлучуваат во конкретниот предмет,- -Заедничко соопштение на Судски совет и Здружение на судии.

Како што додаваат, без оглед на уставната положба, ниту еден орган не може да определува или однапред да прејудицира каква одлука треба да биде донесена од судот.

Канал 5 го контактираше Претседателот на Уставниот суд - Дарко Костадиновски, за став по реакциите кои деновиве ја разбрануваа правната фела отворајќи ги дилемите - дали во овој случај, Уставниот суд ги пречекорил неговите надлежности, дополнително создавајќи потенцијален притисок врз судската независност и автономија.

Костадиновски не одговори конкретно на досегашните дилеми но изјави дека ќе го разгледа заедничкото соопштение на Судскиот совет и Здружението на судии и како што рече, доколку има потреба, Уставниот суд ќе излезе со свој став. Претходно, при активација на механизмот за заштита на сопствените одлуки што се случи прв пат во 63 години уставно судство во државава, Костадиновски за Канал 5 посочи дека со конкретната одлука, се оди кон поголема уставна дисциплина, бидејќи како што рече, доколку не се почитуваат и извршуваат одлуките на Уставниот суд, се губи и смислата на постоењето на уставното судство.

Предметот по кој Уставниот суд одлучуваше се однесува на повреда на слободата на јавно изразување на новинарка во настаните во Собранието од 2017та година, а судијата од Основниот граѓански суд Скопје, повикувајќи се на Законот за парнична постапка, навел дека Одлука на Уставниот суд не може да биде основ за повторување на постапката како нов факт или доказ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер