Младите невработени ќе може да земаат и поволни кредити за бизнис – плановите - Канал 5

Младите невработени ќе може да земаат и поволни кредити за бизнис – плановите

Четири нови мерки за вработување и тоа пред се на младите до 29 годишна возраст.Ќе може да земат кредит до 7 илјади евра со камата од само еден процент , а за секое ново вработено лице уште по 4 илјади евра.

Младите невработени ќе може да земаат и поволни кредити за бизнис – плановите


- Приоритет на Владата е отворање нови работни места за невработените лица особено за младите лица до 29 години. Токму поради тоа, дизајниравме две посебни мерки за кредитирање односно кредитирање за отворање сопствен бизнис за млади лица до 29 години и кредитирање на микро и мали компании за отворање нови работни места за млади лица до 29 години. Отворени се огласите и сите заинтересирани можат да аплицираат, рече Спасов.

Појасни дека за мерката самовработување со кредитирање за млади лица до 29 години, може да искористат до 7.000 евра за самовработување за подносителот односно кредитобарателот доколку е младо лице до 29 години и дополнителни 4.000 евра за секое ново вработување во вкупен износ до 23.000 евра во денарска противвредност за отворање сопствен бизнис и за вработување плус четири невработени лица.

Грејс периодот кој е определен, нагласи, е значително зголемен за младите лица односно изнесува една и пол година и плус пет и пол години рок за отплата односно вкупен рок за отплата од седум години со каматна стапка од само 1 процент.

- Исто така предвидуваме и посебна мерка за отворање нови работни места односно за стимулирање на создавањето нови работни места за млади лица до 29 години во микро и мали компании. Сите заинтересирани приватни компании можат да аплицираат за оваа мерка и да искористат финансиски средства во износ од 4.000 евра за секое ново отворено работно место, до три работни места односно во вкупен износ од 12.000 евра со грејс период од една година и две години рок за отплата со каматна стапка од 1 процент, потенцира Спасов.

Сите овие четири мерки кои ги објавуваме денеска и кои се реализираат изминатиот период, посочи министерот, резултираат со навистина значителен број постигнати вработувања односно вкупно постигнати вработувања 4.179 од кои лица кои се уште се со статус вработени - 3.828 лица се се уште на работа додека пак за младите лица се постигнати вработувања од 1.338, а се уште се на работа 1.318 од почетокот на реализацијата на оваа мерка односно од 2007 до крајот на 2014 година.

Укажа дека би сакал да ги поттикне сите приватни компании, микро и мали компании кои се заинтересирани да отворат нови работни места, да ја искористат оваа поволна можност односно поволни кредити за стимулирање на отворањето работни места за дополнителни финансиски средства и сите заинтересирани млади лица за самовработување и за отворање сопствен бизнис да ја искористат оваа можност од 7.000 евра до 23.000 евра да земат во вид на кредит со каматна стапка од 1 процент и една и пол година грејс период и седум години рок на враќање.

Директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски рече дека ова е трет оглас за оваа година од кредитирање, а од денеска секој прв понеделник во месецот ќе излегува огласот, ќе трае 10 работни дена и сите заинтересирани кои нема да успеат во овој рок да се пријават во наредните 10 дена, ќе можат наредниот месец да поднесат апликација.

- Покрај младите ние ги тангираме сите други невработени лица кои сакаат да отворат сопствен бизнис, да се самовработат или да бидат вработени во компанија која има потреба од такво вработување. Разликата меѓу младите и за сите останати невработени е во тоа што средствата се лимитирани во два типа - за мал бизнис и за голем бизнис. За мал бизнис носителот може да добие 3.000, односно да се здружат до три лица и да добијат 9.000 евра на еден проект и имаат една година грејс период и две години за враќање, рече Поповски.

Доколку се работи за поголем бизнис или производство, појасни, тогаш носителот може да подигне 5.000 евра, да се здружат до пет лица и да земат околу 17.000 евра, средства под многу поволни услови со една година грејс период и четири години за враќање на парите, а каматата во сите случаи е 1 процент. Посочи дека средства не се даваат туку така, и дека во банката треба да се вложи гаранција која е по многу поволни услови, значи хипотека во вредност 1:1, жирант кој ќе ги покрие месечните ануитети или пак рачна залога во износ 2:1 на средствата кои треба да се подигнат.

Поповски рече дека за компаниите кои сакаат да вработат постари лица има можност за вработување до три лица, а единствена разлика е што за овие лица даваат само 3.000 евра дополнителни средства односно само 3.000 евра по лице.

- Значи за три лица 9.000 евра со една година грејс период, две години за враќање и 1 процент годишна камата. Огласите ќе бидат цела година, со тоа што ќе имаме пауза во август. Секој заинтересиран кој сега не е подготвен може во секој месец наредниот период да се пријави и да поднесе апликација која е многу едноставна, ја има на нашиот портал во огласи за активни мерки, ги имаме примерокот, урнекот како се прави бизнис планот. За она што не е јасно може да ги прашаат вработените во центрите за вработување, ја има апликацијата и мини бизнис планот како треба да се направи, додаде Поповски.

Во видеото погледнете го прилогот на Весна Велкова на оваа тема.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Започна производството на најевтината Шкода

Шкода официјално го започна сериското производство на својот нов електричен модел „Epiq“ во фабриката на „Volkswagen Group“ во Памплона, Шпанија.

Започна производството на најевтината Шкода

„Epiq“ е најприфатливиот електричен модел на чешкиот производител, а воедно и првиот автомобил на Шкода што ќе се произведува во Шпанија. Се очекува почетната цена да биде околу 26.000 евра.

Новиот компактен „SUV“ е базиран на платформата „MEB+“ на „Volkswagen“ и го користи најновиот дизајнерски правец „Modern Solid“ на компанијата.

На клиентите ќе им бидат понудени неколку верзии на погон, со моќност од 85 до 155 kW, додека автономијата во најмоќните верзии треба да достигне околу 440 километри.

„Epiq“ ќе игра важна улога во стратегијата за електрификација на Шкода, бидејќи брендот сака да ја прошири својата понуда на прифатливи електрични возила и да ја зајакне својата позиција на европскиот пазар.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Забрана за тинејџери: Казни до 2,5 милиони долари за профили на социјалните медиуми

Забраната во Малезија стапи на сила, но процесот на имплементација ќе трае шест месеци.

Забрана за тинејџери: Казни до 2,5 милиони долари за профили на социјалните медиуми

Забраната за социјални медиуми во Малезија за лица под 16 години официјално стапи на сила. Земјата работи на ограничување на употребата на социјалните медиуми од страна на децата од минатата година, со конечно одобрување на забраната што влијае на која било платформа со повеќе од осум милиони корисници во Малезија.

Иако забраната требаше да стапи на сила на 6 јуни, малезиската влада откри дека компаниите што ги прекршуваат новите правила би можеле да се соочат со казни до 10 милиони рингити, или 2,5 милиони долари.

Клара Кох, директорка за јавна политика за Централна Југоисточна Азија и АСЕАН во Мета, изјави за АП дека забраната за социјални медиуми во Малезија ќе ги одврати тинејџерите од доверливите апликации и ќе ги насочи кон „нерегулирани делови на интернетот“.

На друго место во Југоисточна Азија, Индонезија претходно оваа година ги забрани социјалните медиуми за лица под 16 години, но Мета претходно изјави дека сè уште не добила никакви упатства за тоа како да се усогласи со прописите на земјата. Надвор од регионот, спроведувањето и спроведувањето на законот би можело да стане сè поголем извор на конфузија за платформите на социјалните медиуми, бидејќи многу други земји исто така размислуваат за свои забрани.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Меркел се враќа на голема врата?

Лидерот на германската левичарска партија, Јан ван Акен, ја предложи поранешната канцеларка Ангела Меркел како можен посредник на Европската Унија во преговорите меѓу Русија и Украина, објави денес „Шпигел“.

Меркел се враќа на голема врата?

„Претседателот на САД, Доналд Трамп, нема да ја спаси Украина“, изјави Ван Акен за новинарите во Берлин, додавајќи дека, според тоа, ЕУ мора да направи многу повеќе за преговорите и дипломатијата.

Тој додаде дека Меркел би можела да има балансирачки ефект. Името на поранешната канцеларка е на дневен ред од мај, а Кремљ претходно го предложи поранешниот канцелар Герхард Шредер како посредник, што, сепак, беше одбиено во Германија.

Ван Акен рече дека овој предлог не е сериозен, но со оваа иницијатива, Русија, за прв пат досега, го изговори зборот „преговори“, објави весникот.

Лидерот на левичарската партија рече дека може да ја замисли Меркел како сериозен преговарачки партнер кој може да ги разгледа перспективите на ЕУ и кој би бил сериозно сфатен и од Москва и од Киев.

Ван Акен е уверен дека сериозни разговори меѓу двете завојувани земји ќе се одржат оваа година.

„Само Европа може да ги придвижи преговорите напред“, додаде тој.

Во меѓувреме, во неделата вечерта, канцеларот Фридрих Мерц, францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер се состанаа во Лондон за да разговараат за понатамошна поддршка за Украина и перспективите за разговори со Русија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер