Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ - Канал 5

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“

 Денеска во судницата во „Идризово“ продолжува  судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата.

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: „Центарска симфонија“ во сабота , оркестар, македонски шлагери и филмска музика во срцето на Скопје

Општина Центар ги поканува граѓаните во сабота, 13 јуни, со почеток во 19:30 часот, на „Плочник“ во Градски Ѕид (Клуб на новинари), на „Центарска симфонија“ ,  музички спектакл под отворено небо во срцето на Скопје.

Герасимовски: „Центарска симфонија“ во сабота , оркестар, македонски шлагери и филмска музика во срцето на Скопје

„Ќе имате можност да уживате во македонски шлагери инспирирани од домашната кинематографија од седумдесеттите години до денес, како и во безвременски мелодии од светските филмски класици, претставени во моќно и современо симфониско издание“, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

На концертот ќе настапат Сонора Колектив оркестар и вокалните солисти Иван Наумовски и Елена Васова. Влезот е слободен.

„Оваа манифестација стана традиција. Првото издание лани привлече голем инетерес, што покажува дека ваквите настани му се потребни на Скопје. Во летните денови тие го раздвижуваат градот и ги сплотуваат граѓаните. Се надевам дека и годинава ќе го имаме истото силно и емотивно доживување,“посочи Герасимовски.

Проектот е дел од Програмата за култура на Општина Центар за 2026 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Само Филипче на иста линија со Радев бара уставни измени како единствена реформа

Само Филипче на иста линија со Радев бара уставни измени како единствена реформа, додека ЕУ претставници и институции го признаваат напредокот на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ: Само Филипче на иста линија со Радев бара уставни измени како единствена реформа

Признанија и пофалби за работа на Владата и напредокот на државата доаѓаат од повеќе функционери и претставници на земји членки на Европската Унија.

Европски претставници како што е Антонио Кошта, претседател на Европскиот Совет и институции како Европската Комисија кои потврдуваат дека Македонија се развива и напредува во Реформската агенда, за што доби и најмногу финансиски средства од Планот за раст од земјите во регионот.

Унијата со внимание ги следи реформите на македонската влада и истите ги поздравува, велејќи дека сме лидери во регионот, а само Венко Филипче е на иста линија со Румен Радев и велат единствена реформа за Македонија се уставните измени.

Со тоа Филипче ја продолжува веќе видената пракса на Зоран Заев, кој за власт се согласи на разни идентитетски отстапки и национални предавства, како што е промена на името, само за да дојде и подолго да остане на власт.

По долго време коленичење и поданост од страна на властите предводени од СДС, сега европските претставници кај македонската влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, гледаат државнички пристап и сигурен партнер за соработка.

Голем дел европски претставници и на земји членки на ЕУ сметаат дека Македонија бележи видливи резултати и дека, после долги години чекање, заслужуваме гаранции и предвидливост на европскиот пат.

Но, Филипче како пиун на Радев и специјален пратеник на Бугарија не смета така. Оваа генерација на СДС предводена од Венко Филипче, покажува дека е нај мекото ткиво на Македонија, надминувајќи го и тоа на Зоран Заев.

Наместо да застанат заедно со Владата зад македонските национални и идентитетски интереси, тие се на иста линија до Радев во служба на Бугарија и спремаат уште едно поголемо предавство.

Додека Бугарија се обединува во цврст став по однос на Македонија, Румен Радев во државава си најде пиун по негова мера, Венко Филипче кој е подготвен да исполни се што ќе му побара без никаков приговор.

Затоа, го прашуваме Филипче и ова раководство на СДС, што уште сакаат да направат за да и наштетат на државата и да бидат запаметени како најголемите предавници во најновата историја на Македонија, веднаш после Заев и компанија.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Данската фудбалска федерација се огласи за Ериксен: Кристијан се чувствува добро, сам го напушти теренот

Позната состојбата на данскиот фудбалер Ериксен во синоќешното колабирање на пријателската со Украина.

Данската  фудбалска федерација се огласи за Ериксен:  Кристијан се чувствува добро, сам го напушти теренот

Данската федерација издаде итно соопштение Кристијан се чувствува добро, сам го напушти теренот, пејсмејкерот работи правилно. Отсуствуваше кратко време, но брзо се освести, изјави Мортен Боесен.

Пријателскиот натпревар меѓу Данска и Украина во Одензе беше прекинат на средина од второто полувреме откако Кристијан Ериксен доживеа уште еден срцев удар.

Искусниот фудбалер од средниот ред се онесвести во 65-тата минута, а бидејќи истиот проблем го имаше пред пет години на Европското првенство, селекторите и играчите на натпреварот решија веднаш да го завршат натпреварот.

Во 65-тата минута, по лесно трчање, Ериксен се фати за градите и падна на тревата.

Медицинскиот тим веднаш се упати на теренот, публиката и сите фудбалери воздивнаа по неколку минути кога Данецот се разбуди и стана на нозе. Данскиот „ТВ2“ објави дека Ериксен веднаш бил префрлен во најблиската болница, но дека е свесен.

Веднаш по прекинот на натпреварот, пристигна кратко соопштение од Фудбалската асоцијација на Данска.

Најважно од сè - искусниот фудбалер е во стабилна состојба, но ќе остане хоспитализиран, така што медицинскиот тим ќе го следи неговото здравје во текот на вечерта.

„Ериксен е свесен и во добра состојба со оглед на сите околности“, се вели во краткото соопштение од Асоцијацијата, додавајќи дека натпреварот е официјално прекинат и дека нема да има продолжение.

Потоа се огласи и главниот лекар на данската фудбалска репрезентација - Мортен Бозен - Ериксен е во стабилна состојба и неговиот дефибрилатор работи.

- Кристијан се чувствува добро, сам го напушти теренот, пејсмејкерот работи правилно. Беше отсутен кратко време, но брзо дојде да се смири и да стапи во контакт со нас. Сега ќе биде дополнително прегледан во болница за да се утврди што го предизвикало инцидентот. Во постојан контакт сме со лекарите, Ериксен ме замоли да ги поздравам сите и да кажам дека е добро - рече Бозен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер