Започна производството на најевтината Шкода - Канал 5

Започна производството на најевтината Шкода

Шкода официјално го започна сериското производство на својот нов електричен модел „Epiq“ во фабриката на „Volkswagen Group“ во Памплона, Шпанија.

Започна производството на најевтината Шкода

„Epiq“ е најприфатливиот електричен модел на чешкиот производител, а воедно и првиот автомобил на Шкода што ќе се произведува во Шпанија. Се очекува почетната цена да биде околу 26.000 евра.

Новиот компактен „SUV“ е базиран на платформата „MEB+“ на „Volkswagen“ и го користи најновиот дизајнерски правец „Modern Solid“ на компанијата.

На клиентите ќе им бидат понудени неколку верзии на погон, со моќност од 85 до 155 kW, додека автономијата во најмоќните верзии треба да достигне околу 440 километри.

„Epiq“ ќе игра важна улога во стратегијата за електрификација на Шкода, бидејќи брендот сака да ја прошири својата понуда на прифатливи електрични возила и да ја зајакне својата позиција на европскиот пазар.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ:Срам за Скопје - коњ со пет нозе на Орце и ВМРО

Град Скопје под ВМРО-ОКГ и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ја започна кампањата за наводно „разубавување“ на влезот во градот. 

СДСМ:Срам за Скопје - коњ со пет нозе на Орце и ВМРО

Резултатот е срамен: коњот Букефал е насликан со пет нозе, воинот наликува на лик од цртан филм, а целата слика е генеричка и без никаква врска со реално Скопје.

Ова не е прв пат ВМРО да го унаказува главниот град.

Познато е дека токму ВМРО, преку проектот „Скопје 2014“, го обезличи градот со стотици споменици, фасади од стиропор и лавови кои немаа никаква историска или естетска вредност.

Сега, наместо вистинско уредување и инвестиции, добиваме уште една кампања со AI-генерирани слики.

Наместо реални резултати, ВМРО-ОКГ и Орце постојано прават кампањи. Сè е кампања, а резултати нема.

Наместо да се вложува во квалитетна инфраструктура, чистота, нови автобуси, уредување на градот, граѓаните добиваат уште еден симбол на аматеризам и срам.

Особено е понижувачки што ова се случува во летната туристичка сезона, кога бројот на странски посетители е зголемен.

Наместо да се покаже уреден и достоинствен град, туристите на влезот во Скопје добиваат слика која повеќе наликува на лоша шега отколку на репрезентација на главниот град.

ВМРО-ОКГ и Орце Ѓорѓиевски продолжуваат со истата пракса: кампањи наместо резултати.

Главниот град заслужува подобро, скопјани заслужуваат подобро.

Скопје, 19.07.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен земјотрес го погоди Перу, најмалку 5 загинати

Силен земјотрес го погоди југозападниот дел на Перу доцна во саботата по локално време, при што загинаале  најмалку пет лица, а неколку други беа повредени, јавува германската агенција ДПА.

Силен земјотрес го погоди Перу, најмалку 5 загинати

Перуанскиот геофизички институт (IGP) соопшти дека магнитудата на земјотресот изнесувала 5,1 според Рихтеровата скала, додека Американскиот геолошки институт (USGS) наведе дека таа изнесувала 5,5.

Земјотресот урна десетици куќи, а потреси се почувствуваа и во Лима.

Според IGP, земјотресот се случил во 21:24 часот по локално време, на длабочина од 24 километри, јужно од градот Чупака во истоимената провинција.

Според извештаите, земјотресот предизвикал уривање на неколку куќи и на 500 години стариот историски крст на Лорд Каникруз, а голем број локални жители побарале помош од надлежните служби, пренесува порталот Peru21.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уште една страшна ноќ на Блискиот Исток: Америка го бомбардираше Иран, брзо следуваше одговор

САД извршија напади врз Иран осма ноќ по ред, а Техеран тврди дека возвратил со напади со беспилотни летала врз американски бази во Кувајт.

Уште една страшна ноќ на Блискиот Исток: Америка го бомбардираше Иран, брзо следуваше одговор

Соединетите Американски Држави, по наредба на претседателот Доналд Трамп, извршија напади врз Иран осма ноќ по ред, соопшти Централната команда на САД (CENTCOM). Како дел од тие напади, САД конкретно ја таргетираа иранската Револуционерна гарда, за која се верува дека во петокот извршила напад врз воена база во Јордан, при што загинаа најмалку двајца американски војници, соопшти Пентагон, пренесува „Си-би-ес њуз“ (CBS News).

Уште еден припадник на американските сили се води како исчезнат по иранскиот напад, додека неколку американски војници се ранети. САД исто така погодија ирански воени објекти за крајбрежен надзор и противвоздушна одбрана, поморски објекти, како и складишта за ракети и беспилотни летала, со цел да се ослабат воените капацитети на Иран, соопшти Централната команда (CENTCOM), потврдувајќи дека нападите завршиле околу 23:30 часот по локално време.

Потоа следувал и одговор од Иран.

Иран тврди дека извршил напади со беспилотни летала врз две американски бази во Кувајт. Иранската армија соопшти дека извела напад од големи размери со беспилотни летала врз два американски воени објекти во Кувајт, пренесува Ал Џезира.

Во соопштението пренесено од државниот радиодифузер IRIB, армијата наведе дека нејзините „разорни беспилотни летала го погодиле складиштето за муниција во кампот Ал Адири“, како и радарите на системот за противвоздушна одбрана „Патриот“ и радарите за противвоздушна одбрана во воздухопловната база „Али Ал Салем“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер