Министерство за енергетика: Повеќе од двојно зголемена наплата од концесии, 53 раскинати договори и зајакнат инспекциски капацитет
2Министерство за енергетика: Повеќе од двојно зголемена наплата од концесии, 53 раскинати договори и зајакнат инспекциски капацитет
3ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев соработуваа со луѓе на Вучиќ и во владата за советници вдомуваа негови блиски луѓе од СНС
ФудбалМладите фудбалски селекции го добија противниците во квалификациите за ЕПМладите македонски фудбалски репрезентации до 19 и до 17 години ги дознаа своите противници во квалификациите за Европските шампионати.Македонската репрезентација до 17 години на извлекување во Нион за противници ги доби врсниците од Босна и Херцеговина, Словачка и Молдавија. Оваа репрезентација воедно ќе биде и домаќин на квалификацискиот турнир кој ќе се одржи во нашата земја од 2 до 8 октомври 2017 година. А, селекцијата на Македонија до 19 години во квалификациската рунда за Европското првенство ќе игра во група со Белгија, Швајцарија и Лихтенштајн. Натпреварите ќе се одиграат во периодот од 8 до 14 ноември 2017 година./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Култура„Набуко“ на сцената на Националната опера и балетВечерва со почеток во 20 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена „Набуко“ од Џузепе Верди, едно од најзначајните дела на оперската уметност.Вечерва со почеток во 20 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена „Набуко“ од Џузепе Верди, едно од најзначајните дела на оперската уметност, кое преку моќна музика и драматична приказна ги отвора универзалните теми за слободата, достоинството и копнежот по татковината. Претставата ќе биде изведена под диригентската палка на Мирон Михаилидис од Грција, во режија на Ренато Бонајуто од Италија. Сценографијата и костимографијата се на Флавио Арбети и Артемио Кабаси од Италија, кореограф е Маја Митровска-Богојевска, концерт-мајстор Климент Тодороски, хор-мајстор Јасмина Ѓорѓеска, а за светлосниот дизајн е задолжен Милчо Александров. Во насловната улога ќе настапи Марјан Јованоски, Злата Тошевска Димовска ќе ја толкува Абигаиле, Николина Јаневска ќе настапи како Фенена, Ѓорѓи Цуцковски како Исмаил, а Александар Стефаноски како Захарија. Во останатите улоги настапуваат Диме Петров, Јаворка Витанова и Јане Дунимаглоски, заедно со хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет, како и ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“. „Набуко“ е опера во четири чина и едно од најпознатите дела на Џузепе Верди, особено препознатливо по хорската композиција „Va, pensiero“, која со текот на времето стана симбол на копнежот по слобода. Со поддршката на културните содржини, Видеолотарија Касинос Австрија продолжува да вложува во уметноста и културното наследство, давајќи придонес кон создавање вредности што ја збогатуваат заедницата.Тагови: Национална опера и балет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
ФудбалСан Сиро заминува во историја: Интер и Милан го претставија новиот стадионИталијанските фудбалски гиганти Интер и Милан го претставија изгледот на новиот заеднички стадион, кој ќе го замени познатиот Сан Сиро и ќе стане нивен дом од сезоната 2031/2032.Новиот објект ќе го носи името „Стадион Џенерали“ (Generali Stadium), според компанијата што ги обезбеди правата за спонзорство, а проектот ќе чини дури 1,2 милијарди евра. Новиот стадион ќе има капацитет од 71.500 седишта, што е малку помалку од сегашниот „Сан Сиро“, кој може да прими околу 75.000 гледачи. Сепак, архитектонското решение е осмислено така што на навивачите ќе им овозможи уште поинтензивно доживување на натпреварите, како и атмосферата по која е познат фудбалот во Милано. Проектот е претставен од реномираниот архитект Норман Фостер и експертот за стадиони Дејвид Маника. Идејата е трибините да бидат што е можно поблиску до теренот, а особено впечатлив е нагибот од 37 степени зад головите, што дополнително ќе го засили чувството на блискост со играчите. „Најважното нешто што го сфативме за време на процесот на проектирање е дека ’Сан Сиро‘ е чувство. Тоа е многу повеќе од обична градба. Сè што направивме беше насочено кон пренесување на тоа чувство на новиот стадион“, изјави Маника. Посебно внимание е посветено на акустиката. Покривот ќе ги покрива трибините, додека теренот ќе остане отворен, а конструкцијата ќе биде дизајнирана така што ќе го засилува хукот на навивачите и ќе создава атмосфера што потсетува на онаа по која „Сан Сиро“ е познат со децении. „Сакам навивачите да дојдат на новиот стадион и повторно да ја почувствуваат истата возбуда, да почувствуваат дека објектот живее и дише заедно со нив, исто како што е случајот и денес“, додаде Маника. Новиот дом на ривалите од Милано нема да биде наменет исклучиво за фудбал. На стадионот ќе може да се организираат натпревари во американски фудбал, рагби, како и големи музички концерти. Интер и Милан издвоија 197 милиони евра за купување на постоечкиот стадион и земјиштето околу него. Предвидено е изградбата на новиот објект да започне во 2028 година, а вкупната инвестиција ќе изнесува 1,2 милијарди евра. Овие работи ќе го означат крајот на една голема ера на европскиот фудбал. „Сан Сиро“, познат и како стадионот „Џузепе Меаца“, е отворен во 1926 година и во текот на речиси еден век бил поприште на бројни историски натпревари.Тагови: Интер Милано Милан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерство за енергетика: Повеќе од двојно зголемена наплата од концесии, 53 раскинати договори и зајакнат инспекциски капацитетМинистерството за енергетика, рударство и минерални суровини презема конкретни мерки за повисоко вреднување на природните ресурси, доследно исполнување на концесиските обврски и поефикасен надзор во рударството.Зголемени се концесиските надоместоци, наплатата во 2025 година надмина 1,2 милијарди денари, евидентирани се 53 раскинати концесиски договори, а во 2026 година инспекцискиот капацитет е зајакнат со тројца дополнителни инспектори. Со новиот Тарифник, во примена од 1 јануари 2025 година, кај металичните минерални суровини концесискиот надоместок е зголемен од 2% на 4%, а кај мермерот од 1% на 5%. Со овие измени се зголемува финансиската обврска на концесионерите за користењето на природните ресурси, како и придонесот што државата го остварува од нивната експлоатација. Вкупната наплата од концесиски надоместоци во 2024 година изнесувала околу 561,5 милиони денари, а во 2025 година достигнала околу 1,222 милијарди денари. Тоа претставува зголемување од повеќе од 660 милиони денари, независно од даноците и придонесите што компаниите ги плаќаат по други основи. Паралелно со подобрената наплата, Министерството постапува и во однос на концесиските договори. Растот на наплатата произлегува од повисоките надоместоци, засилените теренски проверки, писмените опомени и поодлучното постапување кон концесионерите што не ги исполнуваат обврските. Раскинувањето на договорите и зајакнувањето на инспекцискиот надзор се дел од пристапот во кој концесијата подразбира јасни обврски, а плаќањето надоместок не ги ослободува операторите од исполнување на техничките услови и обврските за заштита на животната средина. За долгорочно и системско уредување на секторот е донесена Стратегијата за геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минералните суровини за периодот 2026–2046 година, со експертски придонес од МАНУ, а за документот е спроведена стратегиска оцена на влијанието врз животната средина и јавна расправа. Стратегијата ги поврзува економските цели со заштитата на животната средина и социјалните аспекти, а содржи и акциски план за периодот 2026–2030 година. Таа обезбедува рамка за планирање, спроведување и следење на мерките за развој на секторот. Министерството работи и на нови законски решенија во областа на рударството и геологијата. Предложената рамка предвидува финансиско покритие од 100% на проценетите трошоци утврдени со соодветниот план за управување со рударски отпад и поврзаните обврски. Со тоа, наместо сегашниот модел во кој гаранцијата изнесува околу една третина од проценетите трошоци, финансиската обезбеденост би била приближно трипати построга. Целта е да се зајакне финансиската одговорност на операторите и навреме да се обезбедат средства за санација, рекултивација и обврските по затворањето на рударските капацитети. Во подготовката на законските решенија беше овозможено учество на јавноста преку ЕНЕР, вклучително и на експерти, општини, компании, граѓански организации и поединци. На веб-страницата на Министерството се објавени регистри на концесиски договори, список на одземени концесии, како и регистри на овластувања и лиценци за рударски проекти и геолошка документација. Објавувањето на овие документи овозможува проверка на конкретни информации и придонесува за поголема транспарентност во секторот. Минералните суровини имаат потенцијал да поттикнат инвестиции, отворање работни места и развој на домашната економија. Сепак, економскиот потенцијал на одреден проект не ги заменува законските услови за негово одобрување и реализација. Секој проект мора да се разгледува и од аспект на влијанијата врз водата, почвата, воздухот, здравјето на луѓето, земјоделството и другите дејности во засегнатото подрачје. Потребно е јасно да се разликуваат геолошкото истражување, просторниот план, концесијата и дозволата за експлоатација, бидејќи секој од овие инструменти има различна правна функција. Наведувањето минерално наоѓалиште или рударска намена во плански документ само по себе не претставува дозвола за отворање рудник. Исто така, концесијата не ги заменува другите задолжителни постапки, еколошки акти и одобренија. Министерството постапува во рамките на своите законски надлежности, додека постапките за заштита на животната средина се водат пред надлежните органи за животната средина. Надзорот го вршат два посебни инспекциски органи, секој во рамки на своите надлежности: Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини (рударски, геолошки и технички прописи) и Државниот инспекторат за животна средина (заштита на животната средина). Кадровското зајакнување на првиот ќе продолжи. Секоја институција е одговорна за законитоста, утврдените услови и образложението на актите што ги донесува. Прашањата на граѓаните поврзани со водоснабдувањето, земјоделството, отпадот и локалниот развој заслужуваат сериозен третман и конкретни, проверливи одговори. Министерството укажува дека партизацијата на ова прашање и ширењето површни или непроверени информации ја отежнуваат информираната јавна расправа. Поистоветувањето на плански документ со дозвола за отворање рудник е правно погрешно и создава неоправдан страв кај граѓаните. Политичките партии, вклучително и опозицијата, имаат одговорност своите ставови да ги темелат на документи и проверливи факти, а не на селективно избрани податоци и политички квалификации. Користењето на загриженоста на граѓаните за придобивање гласачи, наместо за разјаснување на фактите, претставува злоупотреба на тема од сериозен јавен интерес. Граѓаните имаат право да очекуваат одлуките да се носат врз основа на закон, стручна оценка и јасно утврдени услови. Секоја постапка во надлежност на Министерството ќе се води согласно важечките законски прописи и применливите европски стандарди за заштита на животната средина и безбедност. Министерството нема да носи одлуки ниту по налог на инвеститор, ниту под политички притисок, туку исклучиво согласно закон и во јавен интерес. Министерството останува отворено за комуникација со граѓаните, локалните заедници, стручната јавност и граѓанските организации и ќе продолжи да дава конкретни одговори во рамките на своите надлежности.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook