ЖивотМладите Европејци се повеќе се определуваат за „Федерална Европа“Изборите покажаа тренд дека младите во Западна Европа се повеќе даваат поддршка на партиите кои се залагаат за „Федерална Европа“, односно за трансформација на Европската Унија во „Соединетите европски држави“.Паневропската федералистичка социјал-либерална и прогресивна партија Волт на последните Европски избори го зголеми контото на своите гласови за дури петпати, што, според анализите на изборните резултати, првенствено се должи на поддршката од младите гласачи. Изборите покажаа тренд дека младите во Западна Европа се повеќе даваат поддршка на партиите кои се залагаат за „Федерална Европа“, односно за трансформација на Европската Унија во „Соединетите европски држави“, концепт на кој се противат десничарските партии. Така, партијата Волт во Германија освои еден милион гласови или 2,6 проценти. Но, процентот на младите на возраст од 16 до 24 години кои гласале за оваа партија достигна околу девет отсто од вкупниот број гласови. Во Холандија, Волт постигна уште подобар резултат освојувајќи 5,1 проценти од гласовите, на Кипар 2,9 отсто, а во Луксембург 1,04 проценти. Во неколку членки на ЕУ, Волт настапи во коалиција со центристички или зелени партии. Вкупно, Волт во новиот Европски парламент има петмина европратеници, за според од само едниот мандат во претходниот парламентарен состав. Подобри резултати постигнаа и другите профедералистички партии. Па така, австриската либералната партија НЕОС освои 10,14 отсто од гласовите, при што процентот на младите на возраст под 29 години што го дадоа гласот за оваа партија изнесува околу 17 отсто. Аналитичарите посочуваат различни причини за растот на популарноста на федералистичките партии. Некои тоа го припишуваат на разочараноста на гласачите од зелените партии, па решија да дадат поддршка на некоја друга прогресивна партија со нагласена климатска политика, како што е Волт. Други, подемот на Волт го припишуваат на нивната програма во која имаше нагласен дел за положбата на младите. Зголемената поддршка за федералистичките партии меѓу младите, не се отслика и меѓу повозрасните гласачи, што се смета за показател на генерацискиот јаз. Всушност оние кои во голем дел решија да гласаат за федералистичките партии се избирачите кои се родени и израснати во Европската Унија во онаа форма во која е препознатлива денес. Тие можеби и не се „европски федералисти“ во традиционална смисла на зборот, но сепак поддржуваат партии кои се залагаат за зајакнати надлежности на Брисел и поголема интеграција на ЕУ. Сепак, традиционалните федералисти стравуваат дека подемот на федералистичките партии може да доведе до поларизација и идејата за федерализација на Европа, по примерот на зелената платформа, да прерасне во политичка играчка наместо да претставува јавно добро. Генералниот секретар на невладината организација Унијата на Европа - Германија (ЕУД), Кристијан Мус, смета дека „федерализмот нуди позитивна визија за иднината“ за разлика од понудата германската екстремно десничарска Алтернатива за Германија (АФД). Според него, ова укажува дека некои млади гласачи избрале да веруваат во иднината на обединета Европа. Во сличен контекст размислува и претседателката на Младите европски федералисти, Кристел Савал, која посочува дека во време на дебата за проширувањето на Унијата и промени во основачките договори, на агендата се враќа и прашањето за федерализмот. - Резултатите од 9 јуни се ран показател за оно што ќе следи, смета Савал. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Свет„Тајм“: Трамп го прашал „Грок“ што би се случило ако го уапси МадуроАмериканскиот претседател Доналд Трамп го прашал „Грок“ – чет-бот со вештачка интелигенција во сопственост на Илон Маск – како народот на Венецуела би реагирал на апсењето на тогашниот претседател Николас Мадуро.Ова се случило неколку недели пред тој да нареди операција за негово приведување, открива списанието „Тајм“. Наводно, вештачката интелигенција му рекла на Трамп дека многумина во Венецуела веројатно би го прославиле падот на Мадуро. Во декември 2025 година, Трамп се сретнал приватно со Маск во Овалната соба, каде што со часови го испрашувал „Грок“ за својот мандат и политичкото наследство. „Тајм“ ја заснова оваа информација на изјава од официјално лице кое присуствувало на средбата. Едно од прашањата што Трамп му ги поставил на чет-ботот било како би реагирале Венецуелците доколку САД го уапсат Мадуро. Официјалното лице цитирано од списанието вели дека „Грок“ го опишал Мадуро како „репресивен и крајно непопуларен диктатор“ и проценил дека многумина во Венецуела навистина би можеле да го прослават неговиот пад. Операција во Каракас Еден месец подоцна, Трамп наредил операција за апсење на Мадуро. Американските сили го привеле него и неговата сопруга, Силија Флорес, за време на воена операција во Каракас на 3 јануари, а потоа ги префрлиле во Соединетите Држави. Мадуро бил однесен во Њујорк, каде што се соочува со федерални обвиненија за трговија со дрога – обвинувања што тој ги негира. Кога некои Венецуелци навистина го прославиле апсењето, Трамп – според официјалното лице – заклучил дека „Грок“ е „генијален“. Извор: Индекс.хрТагови: Доналд Трамп Николас Мадуро Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНови израелски напади врз Газа: Убиени тројца Палестинци, меѓу повредените има и детеТројца Палестинци загинаа, а четворица други беа повредени – меѓу кои и едно дете – во израелски напади низ Појасот Газа во петок.Нападите се случија и покрај прекинот на огнот што е на сила од 10 октомври минатата година. Напади во централниот дел на Газа Во последниот напад, израелско беспилотно летало погоди двор на семејна куќа во бегалскиот камп Нусеират. Медицински извори ја потврдија смртта на Ибрахим Абу Уваимер, чие тело беше пренесено во болницата „Ал-Авда“. Претходно, Ахмед ал-Рамлави загина во напад врз шатор поставен на покривот на куќа западно од градот Газа. Во друг напад во близина на крстосницата „Ансар“, југозападно од градот, загина Ибрахим Мунир ал-Масри, а беше ранет уште еден Палестинец. Ескалација на југот од Појасот Газа Три лица – меѓу кои девојче и постара жена – беа ранети од оган на израелската војска во областа Ал-Маваси и во близина на населбата „Хамад Сити“, северозападно од Кан Јунис. Сведоци изјавија дека израелски воени возила отвориле оган врз станбени области и шатори во кои биле сместени раселени лица на северот, истокот и југот од Кан Јунис. Според нив, израелски воени бродови исто така пукале кон крајбрежјето на истиот град. Рушења и гранатирање Локални извори објавија дека израелската армија срушила голем број куќи и згради во населбата Ал-Туфа, источно од градот Газа. Израелски воени авиони изведоа најмалку два напади врз напуштени згради во населбите Ал-Туфа и Шуџаија, но во тие напади немаше жртви. Во централниот дел на Газа, израелската артилерија ги гранатираше источните делови на Деир ал-Балах и бегалскиот камп Ал-Магази, а областа беше изложена и на пешадиски оган. Податоци за жртвите Според податоците на Министерството за здравство во Газа, 1.439 Палестинци се убиени, а 5.052 се ранети при израелските прекршувања на договорот за прекин на огнот. Од 8 октомври 2023 година, Израел има убиено повеќе од 74.000 Палестинци и рането повеќе од 175.000 во Појасот Газа. Уништени се околу 90 отсто од инфраструктурата во енклавата. Извор: Индекс.хрТагови: Појасот Газа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаАнтитерористичка акција во Германија: Уапсен маж осомничен за поврзаност со Исламската државаСпецијални полициски единици извршија претреси на неколку локации во Германија поради сомневања за терористички планови поврзани со „Исламската држава“, пишува „Билд“. Во петок наутро, во Дрезден беше уапсен 37-годишен маж под сомнение дека се обидел да ѝ се приклучи на терористичката организација. Истрагата ја води Главното државно обвинителство на Саксонија, а во рамките на операцијата, полицијата изврши претрес и во семејна куќа во Шварцхајде (Бранденбург) и на три локации во Берлин. Истрага за тероризам Портпаролот на обвинителството, Патрик Пинтаске, изјави дека 37-годишникот се товари за обид за членство во странска терористичка организација, како и за подготовка на терористичко кривично дело. Тој нагласи дека во ниту еден момент немало конкретна опасност за населението, пренесува германскиот медиум МДР. Мажот, чија националност сè уште не е соопштена, беше уапсен во својот стан во Дрезден и му е одреден притвор. Претреси во Берлин и Бранденбург Претресите во Шварцхајде и Берлин беа насочени кон трети лица кои формално не се под истрага. Државното обвинителство не сакаше да ја открие нивната поврзаност со уапсениот маж, објаснувајќи дека истрагата сè уште е во тек. Во операцијата, на истражителите од Саксонија им помагаа полициски сили од Бранденбург и Берлин, а учествуваа и специјални единици. За време на претресите, полицијата заплени техничка опрема, документи и ладно оружје. Извор: Индекс.хрТагови: Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook