Хамилтон: Мерцедес е на својот максимум, ни требаат новини за да се бориме со најдобрите

 Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, зборуваше за потенцијалот на неговиот болид и шансите за победа. Тој смета дека неговиот тим напредувал, но се уште е тешко да се натпреварува со Ред Бул, Мекларен и Ферари.

- Мислам дека во моментов ова е максимумот што го имаме. Значи, ние постојано дотеруваме, правиме мали промени, но ни требаат некои нови делови за да се бориме со најдобрите. Мерцедес ја зголеми брзината? Несомнено. Дефинитивно станавме постабилни. Кога би можел да се квалификувам како овој викенд, неделата би била многу полесна. Но, моите саботи беа толку лоши во последните, да речеме, 15 етапи. Затоа, одлично е да имате чист викенд. Третото и четвртото место овој викенд го одразуваат нашето темпо. Мислам дека направивме пристојна работа овој викенд. Во моментов не сме во позиција да се бориме за победи. Ќе видиме што ќе се случи на следните трки, изјави Хамилтон.

По десет трки во Формула 1 шампионатот, Хамилтон со 70 освоени бодови се наоѓа на 8. место во поредокот за возачи.

Лидер е Макс Верстапен од Ред бул со 219 бодови.

О. Центар распиша Конкурс за избор на идејно решение за нова општинската административна зграда

Општина Центар објави анонимен конкурс за избор на идејно решение за проектирање нова општинска зграда.

Со изградбата на општинската зграда, старите и дотраени бараки во кои сега се наоѓа општинската администрација ќе се заменат со функционален, современ и рационален комплекс што треба да ги задоволи не само општинските, туку и реалните потреби на жителите кои гравитираат во овој простор.

Идејното решение, покрај задолжителните критериуми за проектирање соодветни работни простории, треба да содржи решение за подземен паркинг со околу 300 паркинг места, како и простор, внатрешен и надворешен, за паркирање на 100 велосипеди.

Со ова ќе се решат актуелните проблеми со стационираниот сообраќај во непосредното опкружување, настанати со половична реализација на претходните плански решенија.

Дополнително, на градежната парцела треба да се предвиди мал плоштад, парк со фокус на влезниот портал од Учителската школа, како и безбедно сообраќајно решение за пристапи и движење на возила, велосипеди и пешаци.

Оценувањето на трудовите ќе го врши стручно жири, а Општината ќе додели и парични награди за најдоброто идејно решение за новата општинска зграда, и тоа за прво 750.000,00 за второ 400.000,00 и за трето место 300.000,00 денари.

Право на учество на конкурсот имаат правни и физички лица стручни во областа на архитектурата и урбанизмот, а крајниот рок за предавање на трудовите е 27.9.2024 година.

Општина Центар

Новиот вестерн на Кевин Костнер политички коректен кон Домородните Американци

Во првиот дел на епот на Кевин Костнер, „Хоризонт: Американска сага“, доселениците се упатуваат кон западот на Америка во потрага по „ветената земја“, каде што можат да ги запрат своите вагони и да подигнат нов град..

. Но, кога тие навлегуваат во земјата на домородниот народ Апачи, староседелците „не се најсреќни“ поради тоа, наведува воведот во сагата.

Поглавјето број 1 од сагата што говори за ерата на Граѓанската војна, излезе во кината денеска и, меѓу другото, фрла поглед и на заедницата на Апачите. Со оглед на историски нечувствителните портрети на Домородните Американци низ историјата на филмот, домородните актери кои имаат свој удел во „Хоризонт“ уверуваат дека тн. „Индијанци“ овојпат не се само лоши примитивни момци и разголени жени.

- Како домороден глумец, кога ќе се појават „Западњаците“, треба да бидете многу внимателни и претпазливи ако се фаќате во некоја работа со нив, изјави глумецот Татанка Минс, кој е припадник на четири домородни народи, но е и комичар.

Меѓу староседелците, Костнер ја заслужи почитта уште со неговиот филм „Танц со волците“, награден со Оскар во 1990 година, кој не само што вработи многу домородни глумци, туку и понуди позитивни портрети - различни од дотогаш.

- Мислам дека Кевин и тоа - како се справи со работите во „Танц со волците“ и другите каубојски филмови што ги направи, верувам дека довербата беше воспоставена таму, додаде Минс, кој го глуми Апачи воинот Таклишим во „Хоризонт“.

И Васе Чиф, припадничка на народот Оглала Лакота, се согласува дека е важно американските староседелци навистина да бидат прикажани како што треба.

- Само сакам, и се надевам, дека домородните луѓе ќе се чувствуваат горди кога ќе го гледаат (филмот) и ќе бидат горди што нè прикажуваат како силен народ, затоа што отсекогаш сме биле и сè уште сме силни луѓе. Ја покажавме нашата големина, но и силата што секогаш сме ја одржувале. Сè уште тука!, изјави Чиф.

„Хоризонт“ - 1. дел засега има оценка 7,3 / 10 на ИМДБ. Се снимаат уште три дела од сагата.

ЦУК: Стабилна состојбата со водостоите на реките во Тетовско и Гостиварско

Стабилна состојбата со водостоите на реките во Тетовско и Гостиварско, патните правци проодни.

Стабилна е состојбата со водостоите на реките во Тетовско и Гостиварско, а патните правци се проодни, информираат од Центарот за управување со кризи.

-Регионалниот ЦУК Тетово утрово известува дека состојбата со водостоите на реките во Тетово и во руралните општини се стабилни. Нема зголемување на водостојот и нема опасност засега од излевање. Сите патни правци се проодни, се додава во соопштението

Од ЦУК посочуваат дека нема излевање на реките и сите патни правци се проодни и во општините Гостивар, Маврово - Ростуше и Врапчиште.

притисни ентер