Балкан„Браселс Тајмс“: Сагата за српскиот литиум е знак дека Белград не се откажал од патот кон ЕУПланот на Србија за отворање рудник за литиум претставува повеќе од енергетска транзиција бидејќи може да и помогне на земјата да се приближи до членството во ЕУ, пишува „Браселс Тајмс“.Србија сака да биде еден од најголемите добавувачи на литиум во Европа и го оживува „контроверзниот рударски проект што беше одложен“ за да ги оствари тие амбиции. Истовремено, не може да се занемари влијанието врз нејзината кандидатура за членство во ЕУ, пишува на англиски бриселскиот портал и магазин, пренесе Бета. По големите протести на еколошките здруженија и граѓаните пред две години, српската влада беше принудена да се откаже од плановите да му дозволи на рударскиот гигант Рио Тинто да продолжи да го развива проектот и дозволите беа повлечени, потсетува бриселскиот портал. Сега Рио Тинто доби втора шанса - српскиот претседател Александар Вучиќ минатата недела посочи дека ќе даде зелено светло за проектот доколку ЕУ и компанијата можат да дадат одредени гаранции. Од рударската компанија се бара да докаже дека рудникот ќе има помало влијание врз животната средина, како што тврди, а Брисел да покаже дека ќе има доволно бизнис во синџирот на вредност за извоз на литиум од Србија. Според медиумот, тоа значи да се покаже дека ќе се инвестира во производство на електрични возила и батерии. „Србија не сака да донесе контроверзна одлука и на крајот сè да биде залудно“. Брисел е многу заинтересиран и на крајот на 2023 година, Вучиќ потпиша писмо за намери со ЕУ за стратешко партнерство во врска со материјали како што е литиумот. ЕУ, од своја страна, може да укаже на милијардите од производството на батерии и неодамнешната одлука за воведување царини за кинескиот увоз. Во меѓувреме се слушаат гласови дека српската влада ќе донесе две контроверзни одлуки - да одобри дозволи за ископување и да го забрани извозот на сиров литиум. Ако тоа се случи, тоа ќе биде јасен знак дека Србија не сака компаниите само да ги развиваат своите наоѓалишта на литиум, кои се проценуваат на четири милијарди евра, но и да инвестираат во погони за преработка. Бриселскиот портал понатаму пишува дека српската сага за литиум може да се гледа и во геополитички контекст бидејќи несомнено покажува дека Белград не се откажал од својот пат кон ЕУ „и покрај бројните назадувања во последно време“. Приказната за литиумот покажува дека Србија се уште е заинтересирана за ЕУ, со оглед на тоа што бара гаранции за синџирот на вредност од ЕУ, а не од Кина, Русија, па дури и од САД. Белград најверојатно нема да влезе во бизнис со литиум со Кина, односно шансите на Брисел се поголеми бидејќи и потенцијалната награда е поголема, пишува бриселскиот портал. Рудникот со проценки за производство на 58.000 тони литиум годишно до 2028 година, може да покрие речиси една петтина од побарувачката на литиум за производство на батерии за електрични автомобили во ЕУ. Ова е голема сума и и дава моќ на Србија во преговорите со ЕУ доколку Брисел навистина сака да постигне напредок во процесот на проширување во наредните години. Порталот понатаму наведува дека ЕУ претходно му дала одврзана рака на Вучиќ бидејќи често, понекогаш необјасниво, се сметал за некаков гарант за стабилноста во регионот. „Додадете врвен трговец со литиум во мешавината и позицијата на српскиот претседател ќе изгледа уште посилна. Тоа исто така може да и помогне на неговата нација да се приближи до членството во ЕУ“, се заклучува во написот на „Браселс Тајмс“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТаксист од Скопје под закана со нож ограбил Кинез, ќе се гони за разбојништво МВР расчисти кривично дело разбојништво веднаш по пријавувањето, лишен е од слобода сторителот, следува соодветна пријава .На 08.09.2026 во 01:50 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода А.К.(29) од Скопје. Според пријавеното, тој претходно со неговото приватно такси возило го превезол Ј.Т.(26) од Кина на бараната дестинација, по што му побарал да плати повеќе отколку што реално чини превозот. Откако Ј.Т. не се сложил, А.К. со закана со остар предмет му одзел пари. По целосно документирање на случајот ЕВР Аеродром и Драчево при СВР Скопје ќе поднесат кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ по член .237 од Кривичниот законик, соопшти МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија одбележува 35 години независност 08:0926-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
Црна хроникаПретрес во неготинско, пронајдена дрога, лишени од слобода две лицаНа 07.09.2026 во 18:30 часот во село Дуброво, неготинско, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода Х.Т.(20) од Дуброво и неговата 17-годишна невенчана сопруга. Со наредба од Основен суд Кавадарци, бил извршен претрес во домот на Х.Т. и при преглед кај малолетничката била пронајдена и одземена марихуана, која Х.Т. ѝ ја дал кога ги забележал полициските службеници. Тие биле приведени во полициска станица, со малолетничката бил извршен службен разговор во присуство на родител и претставник од Центар за социјални работи Неготино, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија одбележува 35 години независност 08:0926-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
ЕвропаРуски дрон погоди зграда на телевизија во Киев- најмалку петмина вработени се повредени (ФОТО)Русија денеска изврши директен напад со дрон врз медиумите и новинарите во Украина, погодувајќи ја зградата на телевизиската станица „Ние сме Украина“, која е дел од националниот телефонски маратон „Јунајтед њуз“. Нападот во Киев се случил среде бел ден, додека новинарите биле во пренос во живо, објави Киев Пост. Зградата била делумно уништена во нападот, а сите служби веднаш интервенирале на терен. Пожарникарите од Државната служба за вонредни ситуации го изгаснале пожарот, а според досегашните информации, повредени се пет лица. Надлежните служби предупредуваат дека овој број за жал може да расте. „Европа и светот мора да реагираат“ Украинскиот претседател Володимир Зеленски остро го осуди нападот во објава на X, велејќи дека ваквите потези откриваат нови димензии на руските злосторства. „Употребата на дронови од типот Шахед против медиумите претставува нова фаза на руска деградација, на која Европа и целиот свет мора да реагираат“, рече Зеленски. „Ниеден напад врз Украина и Украинците - врз самиот живот - не може да остане неказнет. Русија мора да биде запрена, а тоа е можно само со заеднички сили“. Зеленски, исто така, ги сподели шокантните сцени од местото на настанот. Фотографиите прикажуваат рането и крваво лице на носилка од амбулантно возило опкружено со лекари и пожарникари, додека други слики покажуваат катастрофална штета на повеќекатната зграда со урнати фасади и скали, скршени прозорци и остатоци расфрлани низ дворот и паркингот околу објектот.Тагови: дрон Киев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook