Млада пејачка го потресе жирито, докторите и давале минимални шанси за живот - Канал 5

Млада пејачка го потресе жирито, докторите и давале минимални шанси за живот

Во синоќешното издание на шоуто America's Got Talent, 30-годишната Џејн Марчевски го потресе жирито со својот глас и тажната приказна.

Млада пејачка го потресе жирито, докторите и давале минимални шанси за живот

Џејн, со уметничко име Nightbirde, ја изведе својата оригинална песна It's OK на сцената. Како што рече, таа песна е за последната година од нејзиниот живот, во која таа се бори со рак на белите дробови, 'рбетот и црниот дроб.

Лекарите и рекле дека има само два процента шанса да преживее, но Џејн била оптимист.„Важно е секој да знае дека сум многу поголема од лошите работи што ми се случуваат“, рече Џејн.

"Два проценти не е нула. Два проценти се нешто", додава таа.

Нејзиниот настап го воодушеви жирито.

"Имаме пејачка и мислам на автентичноста. Знаете кога го чувствувате, кога ве тера. Ми се чини како најавтентичната што ја имам слушнато оваа сезона", и рече Хауи Мандел по настапот.

Софија Вергара се согласи со него.

"Беше неверојатно. Беше моќна, беше искрена. Мислам дека си неверојатна", рече Софија.

Хајди Клум додаде дека Џејн ја потресла со пеењето, а Сајмон Кауел имаше само пофални зборови.

"Твојот глас е зачудувачки. Апсолутно зачудувачки. Сосема се согласувам со она што Хоуви го рече за автентичноста. Имаше нешто во таа песна и во тоа како случајно ни кажа низ што минуваш", и рече тој.

„Не можете да чекате животот да престане да биде напорен пред да одлучите да бидете среќни“, одговори Џејн.

Потоа, Симон го притисна златното копче и ја испрати во полуфиналето на натпреварот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На Синер не му е дозволено да тренира!

Најдобриот тенисер во светот Јаник Синер, по препорака на лекарите, нема да може да тренира најмалку до 6 септември.

На Синер не му е дозволено да тренира!

По новите прегледи на десното колено, му беше препорачан целосен одмор од сите видови тренинзи, додека Италијанецот истовремено продолжува да закрепнува од проблемот поради кој мораше да го откаже учеството на УС Опен.

Имено, Синер беше подложен на нови прегледи во Торино, каде што му беше наложено да мирува во текот на наредните десет дена. Според информациите од италијанските медиуми, прегледот не покажал пукнатина, но воспалението на десното колено сè уште не е целосно санирано.

„Газета дело Спорт“ пишува дека резултатите од прегледот наложиле Синер целосно да мирува оваа недела, а не е исклучено периодот без тениски тренинзи да се продолжи и во текот на наредната. Најраниот датум за враќање на тениските тренинзи моментално е 6 септември.

Тогаш Синер би требало повторно да започне со работа на теренот, доколку состојбата на неговото десно колено се подобри.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Почнуваме есенска офанзива низ сите маала во Центар

Општина Центар започнува есенска теренска офанзива во која градоначалникот Горан Герасимовски, заедно со општинските служби и одговорните лица од урбаните заедници, ќе ги посети сите маала и улици на територијата на општината. 

Герасимовски: Почнуваме есенска офанзива низ сите маала во Центар

Целта е директно на терен да се евидентираат проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните – оштетени улици и тротоари, дупки, паднати или оштетени столпчиња, проблеми со урбаната опрема и сите други недостатоци за кои Општината може веднаш да преземе мерки.

Есенската офанзива започнува од Капиштец, а во следниот период ќе продолжи во сите останати маала и урбани заедници во Центар.

„Почнуваме од Капиштец, но ќе ги поминеме сите маала, улици и урбани заедници. Заедно со службите, одговорните во урбаните заедници, но и со граѓаните, сакаме на лице место да ги видиме проблемите и што побрзо да реагираме. Се работи секојдневно, но секогаш има работи што треба да се поправат и подобрат. Затоа излегуваме на терен – да ги слушнеме граѓаните, да ги детектираме проблемите и да ги решаваме еден по еден“, изјави Герасимовски.

Од Општина Центар посочуваат дека теренските обиколки ќе продолжат во наредниот период, со цел забелешките од граѓаните побрзо да стигнат до надлежните служби и да се интервенира таму каде што е потребно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Зошто и по шест недели по труењето во Гостивар, извештај за водата не се објавува?

Шест недели по труењето на цел еден град, со над 5.000 луѓе кои завршија по болници и се уште нема документ за водата во Гостивар.

СДСМ: Зошто и по шест недели по труењето во Гостивар, извештај за водата не се објавува?

Зошто граѓаните не можат да видат резултати, анализи, извештај?

Ако нема што да се крие зошто не се објавува?

Министерот за здравство Сашко Клековски најави дека на 20 август ќе биде објавен епидемиолошки извештај.

Каде е целосниот извештај?

Зошто се објавуваат само парчиња од документацијата, а не целата анализа?

Во текот на кризата граѓаните добиваа различни и противречни информации.

Прво водата беше прогласена небезбедна за пиење. Потоа беше прогласена дека може да се корсти само за техничка употреба.

Тошковски спроведуваше хиперхлорирање. Потоа кажаа дека има бактерии во водата. Тотален хаос. Па Мицкоски и Клековски заминаа на екскурзија.

Пред да им заврши екскурзијата функционери пиеја вода пред камери со срамни здравици и рекоа дека може да се пие водата.

Но, не се објавија целосните резултати од анализите на водата.

Каде е целосниот извештај за водата во Гостивар?

Кој донел одлука водата повторно да биде пуштена за пиење и врз основа на кои резултати?

Кој со име, презиме и потпис гарантира дека водата е безбедна?

Дали на овој начин некој сака да побегне од одговорноста?

Мицкоски и Клековски имаат обврска кон граѓаните на Гостивар да ја објават целата вистина.

Целиот извештај, сите анализи и сите потписи.

Скопје, 27.08.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер