МКД.мк: анкета: -И по две години на власт, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски во убедливо водство - Канал 5

МКД.мк: анкета: -И по две години на власт, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски во убедливо водство

Од 10 до 27 јуни анкетарите на агенцијата Маркет вижн, по нарачка на МКД.мк, спроведоа истражување на јавното мислење во Македонија кое покажа дека владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер и натаму се во убедливо водство .

МКД.мк: анкета: -И по две години на власт, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски во убедливо водство

Од 10 до 27 јуни анкетарите на агенцијата Маркет вижн, по нарачка на МКД.мк, спроведоа истражување на јавното мислење во Македонија кое покажа дека владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер и натаму се во убедливо водство во однос на довербата на гласачите. Интересен е и податокот дека лидерите на новата политичка партија ВРЕДИ се во предност во однос на лидерот на опозициската ДУИ.

На прашањето за која политичка партија ќе гласате на наредните избори, од одговорите на испитаниците произлегува дека за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 20,5 отсто, за СДСМ 6,2 отсто, за ДУИ 5%, за Влен 4,4%, Левица 2,9 и ЗНАМ 1,5 отсто.

Ако се издвојат рејтинзите на партиите кај определените испитаници (497 од 1.200), соодносот на предноста на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ е речиси еднаков. Рејтингот на ВРЕДИ брзо се приближува до популарноста на ДУИ меѓу гласачите Албанци во Македонија.

И кај лидерите на политичките партии последниве години убедлива е предноста на Христијан Мицкоски во однос на останатите. Изет Меџити и Билал Касами како претседатели на Влен имаат поголем рејтинг од Али Ахмети, лидерот на ДУИ.

Дека македонските граѓани се цврсто посветени на евроинтегративните процеси, покажува и позитивниот одговор на прашањето за можен влез на Македонија во ЕУ прифаќајќи го и модусот за кој веќе се разговара, а тоа е членство без право на вето. Дури 80,3 отсто од испитаниците би го прифатиле и ваквото членство.

Истражувањето беше спроведено во периодот од 10-27 јуни на примерок од 1.200 испитаници, репрезентативен според пол, возраст, етничка припадност, регион и тип на место на живеење согласно податоците од пописот на резидентното население од 2021 година.

Истражувањето е спроведено со методот CATI – Computer assisted telephone interview, односно телефонска анкета на примерок со големина што обезбедува интервал на доверба од 95% и маргина на грешка од +-3%.

Извор: МКД.мк

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Решаваме наследени проблеми, изградбата на автопатот Охрид–Кичево напредува со силно темпо, Македонија забрзува

Македонија забрзува!

Мицкоски: Решаваме наследени проблеми, изградбата на автопатот Охрид–Кичево напредува со силно темпо, Македонија забрзува

Изградбата на автопатот Охрид-Кичево влегува во својата завршна фаза и напредува со одлична динамика.

Денес гордо кажуваме дека решаваме еден по еден од наследените проблеми, најголемиот-свелечиштата и косините.

Првата галерија од вкупно 14 -те е целосно завршена и асфалтирана, вистинско инженерско чудо, кое бара врвни градежни решенија, особено поради сложениот планински терен низ кој минува трасата на автопатот.

Со силно темпо се работи и на тунелите, каде градежните активности се во самата завршна фаза.

Веќе 34 километри од автопатот се ставени во функција со кои постигнавме највисоки стандарди за безбедност и квалитет и кои секојднево се користат од граѓаните.

Остануваме целосно посветени на завршување на овој многу значаен капитален проект во рокот кој е предвиден.

Ова не е само проект, ова е автопат кој ги поврзува граѓаните, создава нови можности за стопанството, туризмот и целокупниот економски развој на државата.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Меси: Не ги потценивме, знаевме дека ќе играме тежок меч

Репрезентацијата на Аргентина се квалификуваше во осминафиналето на Светското првенство откако, во спектакуларен меч ги победи Зеленортските острови со 3:2 во продолжението.

Меси: Не ги потценивме, знаевме дека ќе играме тежок меч

По супернеизвесниот меч капитенот на Аргентина Лео Меси истакна дека тие уште пред почетокот на дуелот знаеле дека ги очекува тежок натпревар со незгоден противник.

„Знаевме дека натпреварот ќе биде многу тежок. Не е случајно што оваа репрезентација не загуби ниту од Шпанија, ниту од Уругвај. Ние го направивме најтешкиот дел од работата, а тоа беше да постигнеме гол. После тоа, требаше да ја пронајдеме нашата игра и да бидеме помирни, но се случи токму спротивното“, рече Меси.

„Не успеавме добро да ги притиснеме, а тие се бореа со своето оружје. Знаевме дека ќе биде тешко. Ова Светско првенство е многу посебно, сè е многу изедначено и секој натпревар ќе биде исклучително тежок“, додаде капитенот на Аргентина, нагласувајќи го менталитетот на тимот: „Секогаш одиме напред, без разлика дали игравме добро или лошо“.

„Преудна беше играта по прекините, сегмент на игарта од кој можеби не сме постигнале гол претходно, а во вакви натпревари тоа е клучно. Имаме добри играчи за играње со глава и успеавме да го искористиме тоа. Ќе биде важно да бидеме силни и во тој сегмент, на што работевме веќе некое време. Во вакво натпреварување, тоа е важно, што се покажа и во овој натпревар“, заклучи Меси.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќерката на Алберто Фуџимори е новиот претседател на Перу

Конзервативната политичарка Кеико Фуџимори синоќа официјално беше прогласена за победничка на претседателските избори во Перу.

Ќерката на Алберто Фуџимори е новиот претседател на Перу

Фуџимори освои 50,13 отсто од гласовите во вториот круг на изборите одржан на 7 јуни, со што ја обезбеди највисоката државна функција при својот четврт обид да стане претседател, се наведува во соопштението на Јавната изборна комисија, пренесе Ројтерс. На второто место е левичарскиот пратеник Роберто Санчез со 49,86 отсто од гласовите, што претставува разлика од само околу 50.000 гласови од вкупно 18 милиони гласачи.

„Ова е почеток на нова фаза. Ја прифаќаме со одговорност, понизност и длабоко чувство на должност“, рече Фуџимори во објава на мрежата X откако беа објавени резултатите.

Оваа тесна победа претставува пресврт од тесниот пораз што го претрпе Фуџимори во 2021 година, кога заостануваше со околу 45.000 гласови од поранешниот левичарски претседател Педро Кастиља.

Подоцна беше импичментиран и затворен поради обид за распуштање на Конгресот во 2022 година.

Санчез, кого многумина го сметаат за политички наследник на Кастиљо, изјави дека нема да ја признае владата на Фуџимори, тврдејќи дека имало изборна измама. Конгресменот, кој уживаше силна поддршка од гласачите во руралните делови на Перу, водеше во почетните фази од броењето на гласовите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер