СП2026: Бранителот на тонот Аргентина против аутсајдерт Зеленортски острови на „мускули“ обезбеди 1/8 финалет - Канал 5

СП2026: Бранителот на тонот Аргентина против аутсајдерт Зеленортски острови на „мускули“ обезбеди 1/8 финалет

Дури по продолженијата актуелниот светски шампион Аргентина успеа да го скрши отпорот на мундијалската сензација Зеленортски острови и да обезбеди место меѓу 16 најдобри на Светскиот шампионат. 

СП2026: Бранителот на тонот Аргентина против аутсајдерт Зеленортски острови на „мускули“ обезбеди 1/8 финалет

Аргентина мина низ „иглени уши“ – им се поклонуваме на Зеленортските Острови!

Фудбалерите на Аргентина ги совладаа Зеленортските Острови со резултат 3:2 (1:0) по продолженијата и со тоа, со големи маки, се пласираа во осминафиналето на Светското првенство.

Сите очекуваа бранителот на титулата без проблеми без многу напор да ја мине првата елиминациска рунда на Мундијалот, но така не мислеа фудблерите на Зеленортските острови кои вистински ги намачија аргентиснките ѕвезди.

Гаучосите мораа да играат и продолженија за да стигнат д посакуваното осминафинале.

Аргентина - Зеленортски Острови 3:2 (Меси 29', Лисандро Мартинез 93', Дини 111'-аг / Д. Дуарте 59', Лопес Кабрал 103')

По голема драма и продолженија, Аргентина гИ совлада Зеленортските Острови со 3:2 во осминафиналето на Светското првенство. Актуелните шампиони двапати водеа, но исклучително борбената африканска репрезентација и во двата наврати се врати во игра и избори дополнителни 30 минути.

Пресуден беше автоголот на Динеј во 111-тата минута по корнерот на Лионел Меси, па така Аргентина во четвртфиналето ќе игра против Египет, кој претходно ја елиминираше Австралија.

Првото полувреме помина во очекувана доминација на Аргентина во поседот на топката, но и со цврста одбрана на Зеленортските Острови. Клучниот момент се случи во 29-тата минута кога Меси, по одличното долго додавање од Лисандро Мартинез, го постигна водечкиот гол.

Тоа беше негов седми гол на турнирот и јубилеен 20-ти на светските првенства, со што дополнително го зацврсти својот рекорд, но и стана само четвртиот играч во историјата што постигнал гол на пет последователни натпревари од нокаут-фазата на СП.

Во продолжението, Зеленортските Острови заиграа похрабро и беа наградени со израмнувачки гол во 59-тата минута, кога Дерој Дуарте го совлада Емилијано Мартинез со прецизен удар. Аргентина потоа го засили притисокот, но голманот Возиња, со неколку одлични одбрани – вклучително и онаа на чистата шанса на Меси – го задржа резултатот и го одведе натпреварот во продолженија. Во продолженијата, Аргентина брзо повторно поведе со голот на Лисандро Мартинез во 93-тата минута, но уследи нов шок кога Сидни Лопес Кабрал постигна спектакуларен гол од тежок агол во 103-тата минута за израмнување на 2:2.

YouTube video

Сепак, конечната одлука падна во 111-тата минута, кога Кристијан Ромеро упати удар со глава по корнерот на Меси, а топката се одби од Динеј и заврши во мрежата за конечни 3:2 и пласман на Аргентина по еден од највозбудливите натпревари на турнирот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќерката на Алберто Фуџимори е новиот претседател на Перу

Конзервативната политичарка Кеико Фуџимори синоќа официјално беше прогласена за победничка на претседателските избори во Перу.

Ќерката на Алберто Фуџимори е новиот претседател на Перу

Фуџимори освои 50,13 отсто од гласовите во вториот круг на изборите одржан на 7 јуни, со што ја обезбеди највисоката државна функција при својот четврт обид да стане претседател, се наведува во соопштението на Јавната изборна комисија, пренесе Ројтерс. На второто место е левичарскиот пратеник Роберто Санчез со 49,86 отсто од гласовите, што претставува разлика од само околу 50.000 гласови од вкупно 18 милиони гласачи.

„Ова е почеток на нова фаза. Ја прифаќаме со одговорност, понизност и длабоко чувство на должност“, рече Фуџимори во објава на мрежата X откако беа објавени резултатите.

Оваа тесна победа претставува пресврт од тесниот пораз што го претрпе Фуџимори во 2021 година, кога заостануваше со околу 45.000 гласови од поранешниот левичарски претседател Педро Кастиља.

Подоцна беше импичментиран и затворен поради обид за распуштање на Конгресот во 2022 година.

Санчез, кого многумина го сметаат за политички наследник на Кастиљо, изјави дека нема да ја признае владата на Фуџимори, тврдејќи дека имало изборна измама. Конгресменот, кој уживаше силна поддршка од гласачите во руралните делови на Перу, водеше во почетните фази од броењето на гласовите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Допинг скандал на СП 2026-Тунижаните паднаа на допинг-тестот

Фудбалската селекција на  Тунис беше елиминиран од Светското првенство уште во групната фаза, но сега се појави скандалозна информација.

Допинг скандал на СП 2026-Тунижаните паднаа на допинг-тестот

Како што објави британскиот „Дејли меил“, дури осум фудбалери имале траги од кленбутерол во допинг тестовите спроведени за време на турнирот.

Светската антидопинг агенција (WADA) веднаш започна истрага за да го утврди потеклото на забранетата супстанца, но првичните проценки покажаа дека не станува збор за свесен обид за подобрување на перформансите - туку за консумирање контаминирано месо за време на престојот на делегацијата во Мексико.

Иако постапката е сè уште официјално отворена, а клубовите се информирани за резултатите, сè укажува дека фудбалерите нема да бидат суспендирани. Антидопинг протоколите дозволуваат ослободување од казна ако се докаже дека позитивниот резултат се должи на случајна контаминација на храна.

Идентичен инцидент се случи во 2011 година на Голд Купот, кога петмина мексикански репрезентативци исто така беа позитивни на кленбутерол во месото, по што беа целосно ослободени од сите обвиненија по истрагата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Носачот на авиони „Шарл де Гол“ го напушта регионот на Блискиот Исток

Носачот на авиони „Шарл де Гол“ го напушта регионот на Блискиот Исток, каде што беше распореден поради војната меѓу Иран и Соединетите Американски Држави.

Носачот на авиони „Шарл де Гол“ го напушта регионот на Блискиот Исток

Носачот на авиони „Шарл де Гол“ го напушта регионот на Блискиот Исток, каде што беше распореден поради војната меѓу Иран и Соединетите Американски Држави, и се враќа во својата матична база во Тулон, соопшти денеска францускиот претседател Емануел Макрон.

Како што наведе во објава на мрежата „Икс“ (X), носачот на авиони се враќа поради „поволниот развој на настаните“, односно договорот меѓу Иран и САД за прекин на непријателствата. Макрон додаде дека француските капацитети за деминирање и нивната придружба остануваат распоредени и подготвени за интервенција заедно со партнерите.

„Шарл де Гол“ моментално се наоѓа во Средоземното Море, соопштија од Елисејската палата, пренесе „Фигаро“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер