Мирен собир на Србите во Косовска Митровица: Доволно ни е од теророт на Курти - Канал 5

Мирен собир на Србите во Косовска Митровица: Доволно ни е од теророт на Курти

Во Северна Митровица, една од четирите општини со мнозинско српско население на северот на Косово, започнаа собирите на кои претходно повикаа од Српска листа, водечката партија на косовските Срби која ја има поддршката од Белград. 

Мирен собир на Србите во Косовска Митровица: Доволно ни е од теророт на Курти

Собирите, како што порачаа од Српска листа, се одржуваат со цел да се покаже единство и едногласно да и порачаат на Европа дека Србија е нивна земја. Доаѓаат ден откако претставниците на Србите од северот на Косово одлучија да ги напуштат сите институции на Косово, Владата, Собранието, локалната самоуправа, судството и полицијата.

-Очигледно е дека Приштина никако не може да сфати дека со своето однесување досега, ги натера Србите, и дека она што се случи вчера – оставка во сите косовски институции, е реакција а не акција на српскиот народ. Но од друга страна и оставивме простор да се разговара во смисла да Приштина конечно после 9 и пол година да почне да го спроведува договорот од Брисел онака како што е потпишан и да формира Заедница на српските општини. – Игор Симиќ – Потпретседател на Српска листа

Освен почитување на договорите од Брисел побарано е Владата на Косово да ја повлече одлуката за пререгистрација на табличките со ознаки на градови во Косово издадени од Србија, кои се незаконски за Косово.

Според српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ истакна дека Србите треба да ги искористат сите легитимни методи за во како што рече политичката борба за своите права на Косово, но и порача – доста ни е од теророт на Курти.

-Значи време е да бидеме на јасно – тоа значи има ли Бриселски договор или не. Тоа е суштината. Ако го нема тогаш Србите имаат свој начин да ја водат борбата. И што е уште важно? Они мислат дека тоа што ние сме конструктивни тоа е наша слабост, тиме мислат дека со тоа што ние сме конструктивни сме ја прифатиле нивната реалност дека Косово е независна држава. Веќе кажав дека Косово нема шанси да биде верификувана од ОН како независна држава. – Ивица Дачиќ – Министер за надворешни работи на Р. Србија

Повлекувањето на српските претставници од косовските институции владата во Приштина го оцени како обид да се дестабилизира северот на земјата. Косовскиот премиер Албин Курти ги повика припадниците на српската заедница да не ги бојкотираат или напуштаат косовските институции, да не бидат, како што рече „жртва на политички манипулации и геополитички игри“.

Има општина со мнозинство население кои се Албанци, повеќето општини се такви, но и има општини кои се со мнозинство Срби. Но нема српски општини, нема такви. Општините им припаѓаат на граѓаните, нема општини по национална припадност.

Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борел, ги повика Србија и претставниците на Србите во Косово да ги почитуваат своите обврски од дијалогот и да се вратат во институциите во Приштина.

„Неодамнешните настани во односите меѓу Косово и Србија ги загрозуваат годините напорна работа и достигнувања постигнати во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина, со посредство на ЕУ, и ја комплицираат безбедносната ситуација во регионот и пошироко“, рече Борел во писмена изјава објавена на веб-страницата на Европската унија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рафиња, па Меси, а пред двајцата – Роналдо

 Бразилецот Рафиња и Барселона се недостижни за конкуренцијата во оваа рана фаза од сезоната.

Рафиња, па Меси, а пред двајцата – Роналдо

Каталoнците ја остварија својата седма победа во исто толку натпревари – и тоа седма убедлива и доминантна – во саботата навечер против Севиља (3:1).

Рафиња повторно беше централна фигура на натпреварот оваа сезона. Тој постигна нов хет-трик, втор по ред (му даде три гола и на Расинг во претходното коло) и ја продолжи својата неверојатна серија, потврдувајќи дека е во формата на својот живот. Со тоа, тој веќе го надмина рекордот на легендарниот Лионел Меси по бројот на голови во првите седум натпревари од сезоната.

Напаѓачот на Барса моментално има постигнато 12 гола во Ла Лига – еден повеќе од легендарниот Аргентинец – но сепак му недостасува уште еден гол за да го израмни рекордот на Кристијано Роналдо. Португалецот своевремено, во сезоната 2014/2015, постигна 13 гола на првите седум натпревари од сезоната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пет повредени во сообраќајка на магистралниот пат Охрид-Ресен

Министерсвото за внатрешни работи соопшти дека вчера во 17:30 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на охридското село Опеница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу две возила. 

Пет повредени во сообраќајка на магистралниот пат Охрид-Ресен

Министерсвото за внатрешни работи соопшти дека вчера во 17:30 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на охридското село Опеница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сузуки витара“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.Р.(67) од Велика Британија и патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Х.Б.(28) од битолското село Буково. Притоа, со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, се здобиле Д.С. и И.З., сопатници во возилото „опел“ додека кај М.Ј.Р (возач на возилото „сузуки витара)“ и А.С. и А.С., сопатнички во возилото „опел“, во Општата болница во Охрид, биле констатирани телесни повреди. По насоки на јавен обвинител, увид на местото на незгодата изврши екипа на СВР Охрид, стои во билтенот на МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба и не сакаат државата да се развива

Оние кои и ги направија најголемите предавства, кои го сменија името, потпишаа бланко документ за бугарските барања и ги распродаваа националните интереси, Венко Филипче и СДС, велат Македонија не е на продажба.

ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба и не сакаат државата да се развива

Која иронија од оние кои додека го менуваа името ги убедуваа граѓаните дека со тоа Македонија ќе стане членка на ЕУ и така ќе ја омажеле во богата фамилија, а сега се против секој развој државата, а добивме само слика од авион.

Тоа се луѓето како Филипче и Зоран Заев кои дебело профитираа од промената на името и распродажбата на националните интереси, па сега имаат за златни визи и милионски инвестиции во високо катница, станови во Дубаи, додека државата се пљачкаше, а граѓаните осиромашуваа.

Тоа се тие Филипче и Заев кои ветуваа бесплатно европско здравство, а граѓаните добија руинирано здравство, само со провизии за вакцини, проценти за модуларните болници, наместени тендери и набавки.

Тоа се истите луѓе, кои ликуваат неуспех и застој на Македонија, со фирми во Бугарија, јахти во Грција, акции во индиски авиокомпании.

Додека владата се бори за инвестиција плус која ќе донесе развој на економијата, високата технолошка индустрија, рударството, повеќе работни места, СДС и Филипче се против.

Тие не сакаат во Македонија да се градат рудници и дата центри, зошто тие признаваат само марихуана економија со лиценци за медицински канабис само за блиските до струмичкиот клан.

Двојните стандарди на Филипче и СДС на кои му смета Дејвид Гета, но нема ништо против на приватна журка со Заев во Дубаи да му пее Харис Џиновиќ, нема да им поминат.

Тоа граѓаните го гледаат и затоа засекогаш ќе останат вечна минорна опозиција, пред исчезнување.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер