Министерот Нуредини учествува на високиот сегмент на 25-тата Конференција за климатски промени

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини учествуваше на високиот сегмент во рамките на 25–та Конференција на земјите на Рамковната конвенција на ОН за климатски промени, која се одржува во Мадрид, Шпанија.

На конференцијата, која се одржа вчера и денеска, беа разгледани теми кои имаат импликации за климатските амбиции пред и по 2020 година.

– Техничките аспекти, особено од воведувањето на нови пазарни механизми во рамки на Договорот од Париз, се разгледуваа во текот на првата недела, а во моментов се одвива високиот сегмент, каде министрите одговорни за креирање на климатските политики разговараат за ублажување, обезбедена поддршка и активности на Маракешкото партнерство за глобално климатско дејствување, соопштуваат од МЖСПП.

Министерот Нуредини на своето обраќање ја истакнал потребата од интегриран, отворен и транспарентен пристап базиран на знаење и ја изнесе подготвеноста на државата за засилување на амбицијата за национален придонес кон ублажувањето на климатските промени до крајот на 2020 година. Дополнително, министерот ја поставил паралелата помеѓу висока амбиција и можност за нискојаглероден раст и развој, зелени работни места и праведна транзиција кон чиста енергија.

– Конференцијата за климатски промени во 2019 година се одржува во време на повици кон земјите да ги засилат сопствените и колективните амбиции на нивните придонеси за намалување на климатските промени. Чилеанското претседателство ја именува конференцијата како „Време за акција", а многумина ја гледаат оваа конференција како пресврт во климатските амбиции кон Парискиот договор.Во оваа насока, треба да се забележи дека Република Македонија се приклучи и кон Алијансата за климатска амбиција (Climate Ambition Alliance), најавувајќи зголемен национален придонес до 2020 година, се посочува во соопштението на МЖСПП.

На маргините на конференцијата, министерот Нуредини остварил и билатерална средба со грчкиот министер за животна средина и енергија, Костис Хатцидакис, со кого разговарале за можните начини на продлабочување на соработката за клучните прашања од областа на животна средина од значење на двете страни.

– Како главни точки за кои е потребна понатамошен заеднички ангажман беа издвоени управувањето со речниот слив на реката Вардар, како и менаџментот на Дојранското и Преспанското Езеро, како и прашања врзани со заедничката енергетска и климатска политика. Министрите се согласија да се заложат за воспоставување на заедничка експертска работна група која ќе ги разработи подетално активностите со кои ќе се унапреди соработката и менаџирањето со предметните водни ресурси, истакнал Нуредини.

Исто така, Нуредини остварил средба со министерот за животна средина и просторно планирање на Република Словенија Симон Заиц, со кого разговарале за соработка во областа на управувањето со отпадот и заштитата на природата.

Министеррот за животна средина се сретнал и со новоназначениот генерален директор на Меѓународна агенција за атомска енергија – ИАЕА Рафаел Гроси, генералниот директор на УНИДО Ли Јпнг, како и со амбадорот Кире Илоски, директор на Економска комусија за Европа на Обединетите Нации – УНЕЦЕ. Тие дискутирале, како што посочуваат, за начините за зајакнување на соработката со нашата држава. Меѓу другото зборуваа и за проектните активности кои во моментот се спроведуваат во Македонија, а особено за оние поврзани со отстранувањето на линданот во Охис и за енергетската ефикасност на индустријата.

Покрај во официјалниот сегмент, министерот за животна средина Нуредини учествувал и во дел од настаните во придружната програма, меѓу кои и настанот на високо ниво на „Action for Climate Empowerment" (ACE), состанокот во рамките на коалицијата на министри за финансии за лансирање на акцискиот план Сантијаго за 2020 (во функција на иницијативата на МЖСПП за пристапување кон партнерството за национални придонеси), лансирањето на извештајот на Обединетото кралство на темата „Забрзување на нискојагледорната транзиција", како и настанот во организација на ЕУ и УНЕСКО, а посветен на ефектите на климатските промени врз природното и културното наследство. /МИА

Бојмацалиев: Нашите бранители -херои од 2001 никогаш нема да бидат заборавени

Нашата татковина е создадена и опстојува благодарение на храброста, непокорот и пожртвуваноста на нашите бранители-херои, порача  дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.

Нашата татковина е создадена и опстојува благодарение на храброста, непокорот и пожртвуваноста на нашите бранители-херои, порача дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев на настанот во Битола организиран од ,,Здружението на членовите на фамилиите на загинатите припадници на вооружените сили на Македонија -Херои на Македонија 2001-2015“ по повод чествување во сеќавање на загинатите бранители во настаните ,,Вејце “ и ,,Шипковица“ во 2001 година.

За мирот и спокојот што денеска го имаме, додаде, ним им должиме и им се поклонуваме. Тие се великаните кои ја променија историјата и оставија светол пример за идните генерации.

-Нивните имиња остануваат вечно врежани во колективната меморијата на македонскиот народ. Нивниот ведар дух, посветеност и професионалност нивните херојски дела оставија траен белег врз нашите животи, за што денеска и секогаш со гордост и пиетет зборуваме и се сеќаваме. Како син на воено лице во пензија, кое во 2001 учествуваше на овие настани, сега како претставник на Министерството за внатрешни работи дозволете ми да им оддадам уште една признание и да им кажам на фамилиите дека никогаш нема да бидат заборавени, а Македонија ќе биде вечна, потенцираше Бојмацалиев.

Објавено видео на кое двајца израелски заложници во Газа бараат од Нетанјаху да ги ослободи

Објавено видео на кое двајца израелски заложници во Газа бараат од Нетанјаху да најде начин да ги ослободи.

Бригадите Ал-Касам, вооруженото крило на Хамас, објавија видео на кое се гледаат двајца заложници заробени на 7 октомври, кои бараат од израелската влада предводена од Бенјамин Нетанјаху да најде начин да ги ослободи.

Видеото содржи разговор со Кит Сегал (64) и Омри Миран (47), кои зборуваат за тешките услови што ги доживеале при израелското бомбардирање во Појасот Газа, пренесува Анадолија.

Објавена и изјавата на израелскиот премиер Нетанјаху, кој рече: Само континуираниот воен притисок ќе доведе до ослободување на сите заложници.

Цитирана е и изјавата на министерот за одбрана Јоав Галант, кој изјави: Колку повеќе се зголемува воениот притисок, толку се поголеми шансите да дојдеме до вашите најблиски.

Бригадите Ал-Касам во видеото велат дека воениот притисок што го изврши Израел доведе до смрт на десетици заложници во Газа, а останатите ги лиши од прославата на еврејската Пасха со нивните семејства. „Вашите нацистички водачи не се грижат за судбината на вашите заробени синови и нивните чувства. Сфатете го ова пред да биде предоцна“, се заканија припадниците на Хамас, организација која е прогласена за терористичка во ЕУ и во САД.

Приведени двајца крадци од Србија за седум кривични дела

Приведени двајца крадци од Србија поради извршени шест тешки кражби и украдени велосипеди на подрачјето на општина Аеродром.

- Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Љ.Г.(21) и А.К.(42), двајцата од Р. Србија. Тие се сомничат дека во изминатиот период извршиле шест кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „кражба“ на велосипеди на подрачјето на општина Аеродром, информираат од МВР.

Двете лица се лишени од слобода, а украдените велосипеди се пронајдени кај пријавените и вратени на сопствениците.

притисни ентер