Бојмацалиев: Нашите бранители -херои од 2001 никогаш нема да бидат заборавени

Нашата татковина е создадена и опстојува благодарение на храброста, непокорот и пожртвуваноста на нашите бранители-херои, порача  дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.

Нашата татковина е создадена и опстојува благодарение на храброста, непокорот и пожртвуваноста на нашите бранители-херои, порача дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев на настанот во Битола организиран од ,,Здружението на членовите на фамилиите на загинатите припадници на вооружените сили на Македонија -Херои на Македонија 2001-2015“ по повод чествување во сеќавање на загинатите бранители во настаните ,,Вејце “ и ,,Шипковица“ во 2001 година.

За мирот и спокојот што денеска го имаме, додаде, ним им должиме и им се поклонуваме. Тие се великаните кои ја променија историјата и оставија светол пример за идните генерации.

-Нивните имиња остануваат вечно врежани во колективната меморијата на македонскиот народ. Нивниот ведар дух, посветеност и професионалност нивните херојски дела оставија траен белег врз нашите животи, за што денеска и секогаш со гордост и пиетет зборуваме и се сеќаваме. Како син на воено лице во пензија, кое во 2001 учествуваше на овие настани, сега како претставник на Министерството за внатрешни работи дозволете ми да им оддадам уште една признание и да им кажам на фамилиите дека никогаш нема да бидат заборавени, а Македонија ќе биде вечна, потенцираше Бојмацалиев.

На германските разузнавачки служби дозволено им е да ја надгледуваат АфД поради екстремизам

 На германската Канцеларија за заштита на уставниот поредок и понатаму и е дозволено да ја води партијата Алтернатива за Германија (АфД) како организација осомничена за екстремистички активности, одлучи Вишиот управен суд во Мунстер.

Според убедувањето на судскиот совет, постојат доволно докази дека партијата постапува против достоинството на одредени групи граѓани и против принципите на демократијата, се наведува во образложението на пресудата.

Во образложението се истакнува и дека „добар дел од АфД“ се залага на граѓаните со мигрантско потекло да им даде законски понизок статус.

Вишиот управен суд објасни и дека класифицирањето на АфД како можна екстремистичка организација не значи истовремено дека таа е навистина екстремистичка организација.

Со денешната пресуда се отфрли тужбата на АфД, која се жалеше за ставањето на партијата на листата на осомничени организации за екстремистички и противуставни цели.

Чикаго ќе организира трка во Формула 1 во 2026 година

Трка во Формула 1 за Големата награда на Чикаго треба да се појави во натпреварувачкиот календар од 2026 година. Според „Fastest Pitstop“, веќе е договорено Чикаго да биде домаќин на едно Гран при.

Конфигурацијата на патеката допрва треба да биде одобрена, но во моментов со сигурност се знае дека сцената ќе биде ноќе.

Во календарот на шампионатот, Големата награда на Чикаго ќе се одржи пред етапата во Канада.

Се очекува во наредните недели да следи официјалното објавување на трката за ГН на Чикаго и договорот со Формула 1.

„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети

Американската компанија „Епл“ ги претстави новите модели на „Ајпад про“, а познавачите сметаат дека се работи за можеби највпечатливите подобрувања досега. Речиси сѐ околуу нив е ново и подобро од порано, велат стручњаците.

Новиот таблет се напојува со „М-4“ процесор што е 1,5 пати побрз од „М-2“, и до четирипатипати подобри перформанси. Делотворноста е надополнета со вештачка интелигенција. Покрај тоа, ова е и најтенкиот производ на „Епл“ воопшто - 11-инчниот модел е 5,3 мм, а 13-инчниот модел е 5,1 мм. тенок. Алуминиумската обвивка на таблетот, којашто е достапна во сребрена и „вселенско“-црна боја, е направена од 100 отсто рециклирани материјали.

Говорејќи за екраните, „Мини-ЛЕД“ и „ИПС ЛЕД“ се веќе минато и се заменети со „ОЛЕД“ технологија. Тоа ја приспособува брзината на слики меѓу 10 и 120 херци, со резолуција од 2.420 x 1.668 пиксели за 11-инчниот модел или 2.752 x 2.064 пиксели за моделот голем 13 инчи.

„Епл“ ја претстави и „Пенцил про“ верзијата со новиот сензор чувствителен на стискање, што може да се користи за брзо менување на поставките.

Новите модели на се достапни на интернет-продажба во 29 земји. Во продавниците на „Епл“ пристигнуваат на 15 мај. Во зависност од спецификациите и големината, „Ајпад про“ чини од 1.200 до 2.760 евра, конкретно во Германија.

По желба, на заштитното стакло може да се додаде нано-текстура за да се намали отсјајот и светлоста. Овој додаток чини 130 евра и е достапен само за моделите со меморија од 1 и 2 терабајти.

притисни ентер