МакедонијаМинимален раст на морталитетот, во Македонија мажите во просек умираат 5 години порано од женитеСмртноста во Македонија во 2024 година е зголемена за минимални 0,1 проценти во однос на 2023 година. Ова го говорат официјалните бројки на Државниот Завод за Статистика. Минатата година починале 20.201 лице од кои 52,5 проценти се мажи, а останатите 47,5 проценти се жени, а според податоците, мажите умираат речиси 5 години порано од жените. Според податоците за 2024 година, 2.010 починати имало во јануари, а најмалку, односно 1.518 лица починале во месец април. Според експертот за демографија, Дончо Герасимовски, зголемувањето на смртноста одржува просек, односно промените се минимални и во граници на нормала, но опаѓањето на природниот прираст се должи претежно на миграционите движења во и надвор од државата. -Морталитетот со години наназад, да не речам еве 10 години држи еден просечен број на морталитет којшто го има со исклучок на она што беше во времето на КОВИД. Меѓутоа наталитетот во изминатиот период, и во изминатата година, и сега постојано се намалува, односно се помалку се раѓаат деца. Покрај она што го спомнуваме на надворешните миграции на иселување на нашето население надвор од нашата земја, имаме и внатрешни миграциони движења. Внатрешните миграциони движења се карактеристични, точно, за скопскиот регион,- - Дончо Герасимовски. Главната причина за смрт се болестите на циркулаторниот систем кои опфаќаат 36,7 проценти од починатите. На второ место причина за смрт се малигните болести кои предизвикале смрт кај речиси 20 проценти од вкупниот број починати лица. Најмал број од луѓето кои починале е поради болести на респираторниот систем, односно 4,1 процент од смртните случаи, а метаболичките, ендокрините и нутритивните заболувања предизвикале смрт кај 7,7 проценти од починатите. Минатата година се регистрирани дури 47 смртни случаи кај доенчиња, што претставува 0,2 проценти од починатите за 2024 година. -Најчестите причини се васкуларните заболувања. Тоа се срцеви заболувања, кардиолошките. Најголем процент којшто е околу 36-37 посто се кај нив, потоа на второ место се неоплазмите и тоа го чинат мнозинството на причините за смрт од овие болести,- - Дончо Герасимовски. Од 2010 до 2024 година најголема смртност според податоците од Заводот за Статистика има во 2021 година во која починале 28.516 лица, што е три илјади повеќе од 2020 година, но веќе во 2022 година бројката на починати се намалува за речиси шест илјади. Во однос на новородените деца, бројката постојано се намалува секоја година. Во 2020 година се родени 19.031 дете, што е за речиси три илјади повеќе од 2024 година. Тагови: ДЗС Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕпидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
ЗабаваВидео: Сабаленка ги шокираше навивачите со проѕирен фустан за УС ОпенСабаленка ги шокираше навивачите со проѕирен фустан за УС Опен-Погледнете што ќе носи популарната „тигрица“.Најдобрата светска тенисерка, Белорусинката Арина Сабаленка ја претстави својата облека за престојниот Грен слем УС Опен. Светскиот рекет број 1, Арина Сабаленка, ја претстави својата опрема за УС Опен. Откако неславно го заврши настапот на Вимблдон, таа ретко се појавуваше во јавноста, а сега одлучи да ги израдува навивачите со облеката што ќе ја носи на последниот Грен слем турнир во сезоната. Брендот „Најк“ и тенисерката од Белорусија овојпат направија чекор понапред. „Тигрицата“ ја брани титулата на УС Опен, откако победи во 2024, а потоа и во 2025 година. Ако се суди според најавите, ќе гледаме агресивна и енергична Сабаленка, каква што сме навикнати да ја гледаме. Облеката што ја претстави го навести токму тоа. Сабаленка се одлучи за портокалова боја – маичка и шорцеви, а претходно ќе носи и мрежест фустан. US Open outfit pic.twitter.com/pIOVmEpisS — 👑 Aryna Sabalenka 🐯 Daily (@SabalenkaDaily) July 30, 2026 Иако популарниот бренд досега не ѝ овозможувал на Сабаленка уникатни спортски комплети, овојпат тоа секако ќе се случи. Јасно е дека опремата што ќе ја носи Белорусинката е инспирирана од „Спајдермен“, а се очекува и други тенисерки кои го носат овој бренд да се појават во слични изданија. Црната мрежа што ја прекрива дводелната спортска опрема е директна асоцијација на филмот, чија премиера е закажана за јули 2026 година. Нема сомнеж дека изданието на Арина Сабаленка ќе предизвика бројни реакции, бидејќи коментарите постојано се менуваат – од позитивни до негативни – само неколку часа по објавувањето на видеото. Фановите не ја изоставија ниту Наоми Осака, од која очекуваат уште поспектакуларно издание, слично на оние од претходните три Грен слем турнири. Воедно, ова веројатно е последниот Грен слем на кој Сабаленка ќе носи стандардна облека од „Најк“ (Nike) како и останатите тенисерки, бидејќи уште во 2027 година би можеле да ја видиме во персонализирани комбинации.Тагови: Арина Сабаленка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканФото: Змија виси над волан на автомобил во БиХКорисниците на социјалните мрежи биле изненадени од видео од Сјеница кое неодамна кружи на интернет. Сопственикот на автомобилот снимил змија како виси од вратата на автомобилот. Таа висеше веднаш над воланот, обидувајќи се да се ослободи; како успеа да се заглави во вратата на автомобилот останува непознато. Оваа необична глетка ги забавуваше многу корисници. „Ја закачи како освежувач на воздух“, гласеше еден од коментарите. https://www.instagram.com/reel/DbjENoYxfSq/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loadingТагови: змија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕпидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
ТенисСаша Зверев: „Новак има 400 милиони во банка, мислиш ли дека го интересира тоа?“Еден од најдобрите свтески тенисери, Германецот, Саша Зверев застана во одбрана на најтрофејниот свтески тенисер, Новак Ѓоковиќ, кој беше нападнат поради одлуката да се откаже од турнирот „Мастерс“ во Монтреал на 40-годишна возраст.Мастерс турнирот во Монтреал повторно ги разочара навивачите бидејќи не успеа да ги привлече најголемите тениски ѕвезди. Ниту оваа сезона во Канада нема да ги видиме Новак Ѓоковиќ, Јаник Синер и Карлос Алкараз; тие одлучија да се повлечат од турнир кој, со оглед на случувањата таму со години наназад, можеби и не заслужува статус на турнир што носи 1.000 бодови. Постојат различни причини поради кои тенисерите се откажуваат, но најважна е календарот. Турнирот се одржува по Вимблдон, а пред Синсинати и Ју-Ес Опен, и трае две недели. Токму затоа најдобрите во светот нема да настапат, иако некои почнаа да ги критикуваат, тврдејќи дека се незадоволни поради парите. Поради тоа, Саша Зверев – овогодишниот победник на Ролан Гарос и моментално трет тенисер во светот – одлучи да застане во одбрана на своите колеги, а пред сè на Новак Ѓоковиќ: „Дали мислите дека бонусите му се важни на Новак? Верувам дека тој има – ако можам да проценам – повеќе од 400 милиони во банка, така што не верувам дека тоа му е важно. Уште помалку го интересира пласманот на светската АТП-листа...“, се насмеа Зверев. И додека челниците и организаторите на турнирите се обидуваат да најдат други виновници наместо да ја признаат грешката со форматот, Саша Зверев не може да поверува дека се размислува за одземање бодови од АТП-листата или за укинување на бонусите за тенисерите кои не сакаат да играат. „Дали сакате да паднеме на светската ранг-листа ако не играме? Искрено, ако форматот се врати на стариот, со времетраење од седум дена, би можеле да разговараме за тоа. Но, ако треба да бидеме на овие натпреварувања две и пол недели, а притоа сме среде сезоната на Грен слем турнирите, тогаш не можете да нè присилувате“, додаде одлучно Зверев.Тагови: Зверев Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook