Герасимовски: Граѓаните одлучуваат за еколошките приоритети на Центар , анкета за почиста и поздрава животна средина
1Герасимовски: Граѓаните одлучуваат за еколошките приоритети на Центар , анкета за почиста и поздрава животна средина
Шоу бизМими Роџерс во нова драма - „Соништа во возот“Мими Роџерс - првата сопруга на Том Круз, се врати на големото платно и на малите екрани, во филмот „Соништа во возот“ (Train Dreams). По киноприкажувањето во одбрани киносали во Холивуд и ширум САД, остварувањето на режисерот-сценарист Клинт Бентли сега е достапно на стрим-платформата „Нетфликс“. Филмот е заснован на романот на Денис Џонсон. Драмата „Соништа во возот“, според ИМДБ, е трогателен портрет на Роберт Грејние - дрвосечач и железнички работник кој има живот полн со неочекувана длабочина и убавина во брзоразвивачката Америка од почетокот на 20 век. Просечната оценка на ИМДБ засега е 7,5 /10, од вкупно 29.000 гледачи кои го оцениле филмот. Мими Ен Роџерс беше во брак со шест години помладата ѕвезда од А-листата глумци - Томас „Том“ Круз од 1987. до 1990 година, откако се запознале преку заеднички пријатели на вечера. Таа порасна во семејство верници во сајентологијата, па и го запознала Том со таа вера, што ја поттикна неговата децениска посветеност на оваа религија. Двојката изгледаше заљубена во текот на целиот брак, но таа 1990., на снимањето на „Денови на грмотевиците“ (Days of Thunder), Круз ја запозна својата идна сопруга, Никол Кидман, со која почна бурна романса и истата година се венчаа. Се разведоа во 2001., по 11 години брак, по што Том ја запозна својата трета сопруга - Кејти Холмс, во 2005, а година подоцна се венчаа... Во една прилика, Роџерс изјави дека едвај чека да се оттргне од епитетот „сопругата на Том Круз“. - Го чекам мигот кога веќе нема да морам да го споменувам... Тоа име... Знаете, веќе не сте индивидуа. Без разлика што пишува во статијата, тоа е 'сопругата на Том Круз'!, рече таа. Мими Роџерс, родена како Мими Ен Спиклер, беше в брак со американскиот бизнисмен Џејмс Роџерс од 1976 до '80 година, но го задржа тоа презиме како уметничко и лично презиме. Таа потоа ја пронајде љубовта со продуцентот Крис Сијафа, кого го запозна на снимањето на „Четвртата приказна“ (Fourth Story) во 1990 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Граѓаните одлучуваат за еколошките приоритети на Центар , анкета за почиста и поздрава животна срединаОпштина Центар ги повикува граѓаните активно да се вклучат во изработката на новиот Локален Еколошки Акционен План (ЛЕАП 3) за периодот 2026–2032 година.Локалната самоуправа започна со подготовка на новиот стратешки плански документ од областа на животната средина, во кој ќе се идентификуваат актуелните еколошки предизвици и ќе се понудат решенија за нивно надминување. „Општина Центар спроведува анкета со која граѓаните можат да ги дадат своите мислења за еколошките проблеми и предлозите за подобрување на животната средина. Вашите одговори се важни за да ги утврдиме приоритетите и да ги насочиме идните активности кон подобри услови за живеење во Општина Центар“, порача градоначалникот Герасимовски. Анкетата е анонимна, а може да ја пополните на линк: Вклучи се во изработката на новиот Локален Еколошки Акционен План (ЛЕАП 3) за Општина Центар-Скопје | Општина ЦентарКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСредба на министерот Муцунски со министерот за Европа на Франција, Бенжамин ХададНа маргините на Самитот на лидерите на Берлинскиот процес, што се одржува во Црна Гора, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со министерот за Европа на Франција, Бенжамин Хадад.Во фокусот на разговорите беа билатералната соработка, европската перспектива на нашата земја и поддршката од Франција на нашиот европски пат. Министерот Муцунски ја истакна цврстата посветеност на Владата на реформските процеси и полноправното членство во Европската Унија, како и потребата од забрзување на процесот на европска интеграција. На средбата беа разменети мислења и за актуелните регионални случувања и за улогата на нашата земја како одговорен и конструктивен партнер во регионот и пошироко во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
СветТрамп најави крај на војната во Украина: „Поблиску сме од било кога “ Крајот на војната во Украина се приближува, „можеби поблиску од кога било досега“, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп.Одговарајќи на прашање од новинарите во Белата куќа за тоа како Русија го ослободила Американецот Стивен Хабард, Трамп изјави дека тоа е резултат на директни разговори со рускиот претседател Владимир Путин. „Побарав да го ослободат Стивен Хабард, и тој сега е на пат кон дома. Не дадов ништо за возврат“, рече Трамп. На прашањето дали е соодветно што специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, го нарече Путин „хуманитарец“, Трамп одговори дека тоа било кажано „во тој конкретен контекст“ и додаде дека тој лично „не би зазел страна“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook