Милков: Амбасадорот останува во Софија, додека Македонија не почне да ги почитува обврските

Шефот на бугарската дипломатија Николај Милков вечерва изјави дека Бугарија ги замрзнува преговорите со ЕУ за евроинтеграција на Македонија.

„Македонија во овој случај, за да продолжи по својот европски пат, мора да ги почитува преземените обврски во рамките на европскиот предлог. Нема потреба Бугарија да прави ништо, туку да обезбеди почитување на обврските што Македонија ги презеде. Во самиот предлог нема рокови, тие може да не ги исполнат обврските со децении, што значи дека нема да почнат преговори.“ , вели Милков за бугарските медиуми .

Тој изјави и дека на неопределено го повлекува бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов од Скопје , поради , според Милков „вознемирувачката состојба во однос на правата на Бугарите таму и ескалацијата на злосторствата и настаните од омраза во последните месеци.“

Бугарија ќе го врати Ангелов во Скопје само кога ќе види вистински напредок во борбата на нашиот сосед против говорот на омраза и кога ќе бидат уапсени и извршителите на нападите врз бугарските клубови и Христијан Пендиков, изјави на министерот за надворешни работи Николај Милков за новинарите. . „Ова е знак на цврст став дека ова не може да продолжи“, објасни министерот , пренесуваат бугарските медиуми .

Почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип

Почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против грип, информираат од Министерство за здравство. 

Заинтерисираните граѓани може да се пријават преку веб страницата vakcinacija.mk. Со бесплатна вакцинација се опфатени следните ризични групи:

повозрасни лица над 65 години,

лица со хронични заболувања,

здравствени работници,

бремени жени,

деца до пет години,

лица сместени во старечки домови,

вработени во установи за социјална заштита на стари лица.

Според последниот извештај на Инситутот за јавно здраво до 6.10 пријавени се 25 случаи со грип. Министерството најави дека се набавени 70 илјади дози четири типна вакцина. Матичните доктори со апел да се вакцинираат граѓаните.

Во ординациите кај матичните лекари има и случаи со ковид 19 овој период најчесто се средношколци со температура, ниски леукоцити. Матичните велат дека најчесто болничко лекување им е потребно на на постарите и хроничните болни кои имаат ковид. Од министерството најавија дека се стигнати 11.520 дози вакцини. А вакцините може да се примаат во поликлиниката Бит пазар.

Министерството за здравство во соопштението објаснуваат дека вакцините за ковид се наменети за возрасни и адолесценти над 12 години.

Што ќе донесе посетата на Фон дер Лајен на Македонија?

За две недели претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен ќе допатува на неколкудневна турнеја низ земјите од Западен Балкан. 

Ќе ја посети и Македонија, но засега нема детали кога точно и со кој се ќе се сретне. Првичниот планиран датум е 24-октомври, кој беше најавен пред два дена од Министерството за правда по средбата на министрерот Игор Филков со шефот на делегацијата на ЕУ во земјава, Михаил Рокас.

Посетата на Фон Дер Лејен се случува непосредно по одлуката на Брисел за одвојување на Македонија од евроингегративниот пакет со Албанија, која на 15 октомври треба да ја одржи втората меѓувладина конференција, но и три дена вонредните избори во Бугарија, чиј епилог македонската влада ги следи со внимание.

Политичкиот аналитичар Благојче Атанасовски, освен заложбите дека местото на Македонија е во Европската Унија, не очекува дека нејзината посета може да го откочи интегративниот процес, условен со уставните измени.

-Очекувам дека ќе има една стандардна дипломатска реторика дека ЕУ не го заборава регионот на Западниот Балкан и дека му ветува европска иднина и членство на сите земји во Еу но тоа е многу воопштена порака. А од друга страна ние се судруваме со реалноста таа е многу сурова, едностанво сме исправени пред одлуиките на Францускиот предлог. // Не очекувам поместувања од тврдата позиција на официјална софија од друга страна што таму има само техничка влада не политичка но доколку се создаде полтичка влада не очекувам дкеа таа ќе ретерира и ќе дозволи Македонија да продолжи со преговорите доколку не ги вметне Бугарите во Уставот бидејќи гледаме унисони соопштенија. - Благојче Атанасовски – Политички аналитичар

Во меѓувреме, Владата подготвува план за откочување на евроинтегративниот процес на земјава. Министерот за евроинеграции Муртезани пред три дена потенцираше дека веќе се работи на изнаоѓање нови решенија, но дека нема да објавува било какви предлози, додека не бидат завршени изборите во Бугарија.

Тој не потврди дали уставните измени со одложено дејство се дел од предлозите, рече дека ЕУ не гледа со оптимизам на ваквите решенија, меѓутоа не ги отфрла целосно. И премиерот Христијан Мицкоски деновиве порача дека преку разни институционални канали ќе се обрати и ќе работи со Европската комисија и со партнерите за изнаоѓање решение кое ќе биде достоинствено и согласно националните интереси.

Давитковски: Потпишување изјави на нотар за чувство на етничка припадност е враќање назад

Универзитетскиот професор Борче Давидковски за Канал 5 вели не треба да се избрзува со ново законско решение, а  предлозите како потпишување изјави на нотар за етничка припадност ги гледа како враќање назад.

Не смета дека укинувањето на балансерот може и треба да биде причина за меѓуетничките тензии..

притисни ентер