Законите за високо образование блокирани– Јаневска бара Бадентер да не се користи како политичка алатка
2Законите за високо образование блокирани– Јаневска бара Бадентер да не се користи како политичка алатка
ФудбалМилитао би можел да се врати на фудбалските терени во мартОдбранбениот фудбалер на Реал Мадрид, Едер Милитао е блиску до враќање во тимот.Како што пренесе „Relevo“ Бразилецот ќе има време да закрепне навреме за четвртфиналето на Лигата на шампионите доколку мадридскиот клуб стигне до оваа фаза. Четвртфиналето во елитното фудбалско натпреварување ќе се одржи во средината на март. Во август 2023 година, во 1. коло од Ла Лига против Атлетик (2:0), Милитао ги скина вкрстените лигаменти на коленото. За тренерот на Реал Мадрид со евентуалното враќање на Милитао ќе биде големо олеснување пред завршниот дел од сезоната. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПолски автобус се преврте на автопат во Унгарија – најмалку 12 загинатиРасфрлани куфери, искршени стакла и целосно уништен автобус во канал покрај автопатот. Ваква слика рано изутринава ги пречека унгарските спасувачки екипи на автопатот М3 во источна Унгарија, каде во тешка сообраќајна несреќа бројот на загинаати се искачи на најмалку 12, а десетици патници се повредени. Несреќата се случила околу еден часот по полноќ, во близина на градот Мезекерестеш, источно од Будимпешта. Автобусот, кој се движел кон Ниреѓхаза, на прав дел од автопатот, од засега непознати причини, излетал од коловозот и се превртел во канал. Според полските медиуми во автобусот имало 59 лица – 57 патници и двајца возачи, претежно аџии кои се враќале од БиХ. Првичните сознанија на унгарската полиција укажуваат дека возачот најверојатно заспал зад воланот, по што е приведен. На местото на стравичната несреќа биле испратени 14 амбулантни возила, а спасувачките екипи интервенирале кај десетици патници. Поради положбата во која завршил автобусот, спасувачите морале да влегуваат во превртеното возило преку отворите за вентилација и предното ветробранско стакло за да стигнат до повредените и да ги извлечат на безбедно. – Први на местото на несреќата пристигнаа специјализираните спасувачки единици. Пожарникарите го обезбедија автобусот и местото на несреќата и го исклучија напојувањето на возилото. Веднаш потоа започна спасувањето на патниците преку отворите за вентилација и предното ветробранско стакло. Откако сите беа извлечени од автобусот, беше употребена и механизација за подигнување на возилото. Во интервенцијата учествуваа 32 спасувачи со 12 возила,- изјави – Давид Дојчак, Дирекција за заштита од катастрофи на Унгарија. Уште рано изутринава за трагедијата се огласи и државниот врв на Унгарија и Полска. Унгарскиот премиер Петер Маѓар изрази сочувство до семејствата на загинатите, на повредените им посака брзо закрепнување, а на спасувачките екипи им се заблагодари за брзата интервенција. Со порака на сочувство се огласи и полскиот претседател Карол Навроцки, кој соопшти дека со длабока болка ја примил веста за трагедијата и изрази сочувство до семејствата и најблиските на жртвите. Полскиот министер за надворешни работи Радослав Шикорски, пак, потврди дека конзуларните служби се во постојан контакт со унгарските власти и работат на координација и утврдување на сите информации за настраданите. Унгарската полиција продолжува да ги утврдува околностите под кои автобусот излетал од автопатот. Засега, можноста возачот да заспал зад воланот останува главен сомнеж за причината за трагедија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗаконите за високо образование блокирани– Јаневска бара Бадентер да не се користи како политичка алатка Политиката да ги тргне рацете од образованието – вели министерката за образование и наука Весна Јаневска.Политиката да ги тргне рацете од образованието – вели министерката за образование и наука Весна Јаневска откако законите за високо образование, научноистражувачка дејност и за квалитет во високото образование и науката, стигнаа до прво читање на собраниска расправа, но се блокирани од албанскиот опозициски блок без кои не може да се обезбеди бадентерово мнозинство. -Бадентерот е уставна одредба но не треба да се злоупотребува како што имало случаи во минатото и постојано тврдам дека политиката треба да ги тргне рацете од образованието. Да, точно сум кажала дека лично сметам дека во овие три закони кои се предадени во Собранието, нема нешто што би можело да пречи за да бидат изгласани и со Бадентер како што е редот,- - Весна Јаневска, министерка за образование и наука. Денеска од опозициската ДУИ реагираа на изјава на министерката во која зборувајќи за овие три закони, неодамна појасни дека се блокирани од како што рече, алатка за заштита на правата наречена Бадентер, но како што посочи, овие три закони се од мериторен карактер и не влегуваат во проблем во кој правата на малцинствата би биле загрозени. Од ДУИ побараа извинување од министерката и повлекување на изјавата дадена пред десет дена, бидејќи како што тврдат, таа бара селективна примена на Бадентерот. -Изјавата на министерката за образование Весна Јаневска претставува директен напад врз еден од столбовите на Охридскиот договор. Јаневска го нарекува Бадентер „алатка“. Бара тој да не се применува таму каде што таа и Владата сметаат дека „не треба“. Уставот не ѝ дава такво право. / Уште попонижувачки е тоа што, во контекст на блокадата од албанските пратеници, министерката зборува за Албанците како за „мала заедница“,- ДУИ. Јаневска ги негира обвинувањето на ДУИ дека ја нарекла албанската заедница во државава „мала„ и според неа, реакцијата е избрзана. Таа дополни дека очекува кон крајот на август да биде свикана собраниската седница на која ќе продолжи расправата за законите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаШест активни пожари – најкритично кај Македонски Брод, во Зелениково синоќа огнот стигнал до куќитеБурна ноќ за противпожарните сили кои и во текот на денешниот ден се борат со шест активни пожари низ земјава од кои најголемиот се наоѓа на територијата на општина Македонски Брод, каде на планински и непристапен терен, гори нискостеблеста шума. На неколку локации се активирани и ер тракторите а според неофицијални податоци, се работи за подметнати пожари. -На пожарот на територијата на Македонски Брод во атарот на селото Драгов Дол денеска ќе користиме специјална техника, односно непосредно до пожарот наместивме голем импровизиран базен од кој што хеликоптерот ќе полни вода. // Пожарот кој повеќе денови се одвива на територијата на Студеничани во атарот на селото Рамни Габер е се уште активен, тој не ја зголемува својата динамика но се движи по тешко и на делови тотално непристапен терен, поради тоа, во текот на денот најверојатно ќе делуваме со ер-тракторите,- - Стојанче Ангелов, директор на Дирекција за заштита и спасување. Ангелов очекува до крајот на денот пожарите на територијата на општина Македонски Брод и Крушево да бидат изгаснати, но како што вели, голема е опасноста во меѓувреме да се појават и други пожари. Панични ноќни часови доживеаа и жителите на селото Зелениково во близина на Скопје, каде пожарот веќе се доближил до нивните куќи. Жителите со навремена реакција успеале да направат делумна заштита на неколку места, прскајќи со вода и сечејќи критични грмушки и дрвја. Како што изјави Ангелов, се работи за намерно подметнат пожар а МВР трага по сторителот. -Интервениравме навремено со возило на општина Зелениково пристигнавме на лице место. Дополнително ги повикавме и доброволното противпожарно друштво Зелениково и со заеднички сили и нивна помош успеавме да го спречиме да не се рашири до најблиските куќи,- -Коста Маневски, градоначалник на општина Зелениково. Освен учеството на редовните противпожарни сили, ангажирани се и доброволните пожарникарски друштва, поради кои, како што потенцира Ангелов, пожарите бргу се ставаат под контрола. Сепак, тој од терен повторно апелираше на внимателност од страна на граѓаните за како што вели, да се спречи трагедија, која може да биде и од национални размери. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook