Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за дуелите со Молдавија и Црна Гора

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за контролните натпревари против Молдавија (22. март, 15:30 часот) и против Црна Гора во турска Анталија (25. март, 18:00 часот). 

- Натпреварите против Молдавија и Црна Гора ни се многу важни во подготовките за следните квалификации, со посебен акцент на зајакнување на добрата атмосфера и заедништво. Треба да бидеме подготвени и полни со мотив, иако се работи за пријателски натпревари. На тренинзите и натпреварите треба да влеземе сериозно, одговорно и цврсто. Тоа ќе го барам од сите во тимот. Фокусот ќе биде на тактичките замисли и како треба да изгледаме во Лигата на нации, а тоа значи игра во која ќе бидеме рационални, паметни, агресивни, компактни и фокусирани, изјави Милевски.

На списокот на селекторот за двата меча се наоѓаат следните 28 фудбалери:

ГОЛМАНИ:

Столе ДИМИТРИЕВСКИ - Рајо Ваљекано, Шпанија, Дамјан ШИШКОВСКИ - Арарат, Ерменија, Игор АЛЕКСОВСКИ - Работнички, Дејан ИЛИЕВ - Сараево, БиХ

ОДБРАНА:

Висар МУСЛИУ - Падерборн, Германија, Тодор ТОДОРОВСКИ - Политехника Јаши, Романија, Никола СЕРАФИМОВ - Фехервар, Унгарија, Јован МАНЕВ - Адана Демирспор, Турција, Езѓан АЛИОСКИ - Ал Ахли, Саудиска Арабија, Бојан ДИМОВСКИ - Акрон Тољати, Русија, Ахмед ИЉАЗОВСКИ - Хвидовре, Данска, Стефан АШКОВСКИ - Алашкерт, Ерменија, Ѓоко ЗАЈКОВ - Крајова, Романија , Дарко ВЕЛКОВСКИ - Динамо Букурешт, Романија;

СРЕДЕН РЕД:

Енис БАРДИ - Трабзонспор, Турција, Јани АТАНАСОВ - Краковија, Полска, Агон ЕЛЕЗИ - Бохум, Германија, Давид БАБУНСКИ - Мезекевешд, Унгарија, Тихомир КОСТАДИНОВ - Пјаст Гливице, Полска, Давор ЗДРАВКОВСКИ - Медервел, Шкотска, Елиф ЕЛМАС - Лајпциг, Германија;

НАПАД:

Бојан МИОВСКИ - Абердин, Шкотска, Милан РИСТОВСКИ - Бохемианс 1905, Чешка , Дарко ЧУРЛИНОВ - Шалке 04, Германија , Александар ТРАЈКОВСКИ - Хајдук, Хрватска, Димитар МИТРОВСКИ - Вараждин, Хрватска, Ердон ДАЦИ - Беверен, Белгија, Лирим ЌАМИЛИ - Хвидовре, Данска.

Собирот на репрезентацијата на Македонија е закажан во Анталија на 18. март. Натпреварите се играат на стадионот „Мардан“.

Анкета: Повеќето граѓани веќе одлучиле како ќе гласаат

Дел од граѓаните велат дека веќе имаат одлучено за кого ќе го дадат гласот на осми мај.

Оние што ги анкетиравме, сметаат дека кампањата нема да влијае на нивната одлука.

Хоспитализиран таткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан!!

Срѓан,таткото на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ итно е примен во болница! 

Таткото на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска е примен во Ургентниот центар! Информацијата ја пренесе Курир, а според Информер, таткото на првиот светски рекет го повредил рамото и затоа бил хоспитализиран!

Според информациите, повредата на Срѓан Ѓоковиќ настанала откако паднал додека ги хранел птиците. Во таа прилика тој паднал од столот и ги повредил рамото .

Во раните попладневни часови е примен на одделението за ортопедија и се чувствува добро.

- Точно е дека Срѓан Ѓоковиќ е примен во болница. Моментално е на ортопедско поради повреда на рамото. Во моментов се следи состојбата и се вршат сите потребни испитувања - вели извор на Информер запознаен со целиот случај.

Никој од семејството Ѓоковиќ се уште не се изјаснил за овој настан.

Во Драчево на Цветници осветен 63 метарски крст

Токму на Цветници, на само една недела пред најголемиот верски празник Велигден, Кисела Вода и Скопје добија уште едно гигантско верско обележје, се освети 63 метри високиот крст во Драчево, во „Паркот на Бранителите“. 

Симболот на кој бил распнат Исус Христос, денеска е симбол на љубовта, мирот и благосостојбата, порача Г.г Стефан кој го водеше осветувањето на овој нов православен објект во главниот град.

На денот кога Исус Христос за последен пат влегов во Еурасалим, на една недела до неговото воскресение, овој крст претставува најголема молитва кон Бога, кажа Тодор Петров од светскиот македонски конгрес и инвеститор, додека пак градоначалникот на Кисела Вода – Орце Ѓеорѓиевски порача дека погледот кон небото во Драчево повеќе нема да биде ист.

За драчевчани овој симбол претставува еден убав ден за православието, обединувањето, љубовта и благосостојбата, како еден предевсник за Велигден кој е се поблиску.

63 метарскиот крст е 12ти најголем во светот и втор во Македонија, по милениумскиот на планината Водно.. Има распон од 34 метри, конструкцијата му е челична и се темели врз 12 шипови, плус 4 кои одат 16 метри во длабочина поради статика, а излеани се и 720 тони бетон од кои најмногу се под земја.

притисни ентер