Славески на прес конференција најави три нови мерки за располагање на средствата на клиентите на „Алта банка“
2Славески на прес конференција најави три нови мерки за располагање на средствата на клиентите на „Алта банка“
3Поразот на републиканците ги урна светските берзи поради стравувањата за инвестиции во вештачката интелигенција
БалканМицотакис: Не ја поддржуваме Бугарија во блокадата, тоа е непотребна компликација за ЕУНе. Не ја поддржуваме Бугарија. Сметаме дека е непотребна компликација, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.Јасна порака дека Грција не ја поддржува Бугарија во блокадата на европската перспектива на Македонија, испрати грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговото учество на „Атинскиот демократски форум", истакнувајќи дека тоа е „непотребна компликација", јави дописничката на МИА од Атина. За време на дискусијата со Стивен Ерлангер, уредникот на дописништвото од Европа на „Њујорк Тајмс", грчкиот премиер говореше за низа актуелни теми во Грција, меѓу кои и за интеграцијата на Македонија во Унијата. – Не. Не ја поддржуваме Бугарија. Сметаме дека е непотребна компликација, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на прашањето дали Грција е на страната на Бугарија во блокирањето на ЕУ-перспективата на Македонија. Грчкиот премиер се осврна на претстојниот Самит ЕУ- Западен Балкан во Словенија, истакнувајќи дека оттаму треба да се прати јасна порака дека Западниот Балкан припаѓа во Европа. – За неколку дена ќе сретнеме во Словенија. Треба на Западен Балкан да му понудиме јасна европска перспектива. Треба отворено да разговараме за проширувањето. Треба да пратиме сигнал дека за 10-15 години, колку и да е потребно, но дека Западен Балкан припаѓа во Европа, рече Мицотакис и додаде дека евентуалниот вакуум што би се создал „ќе го окупираат други играчи". Паралелно, уште еднаш го повтори неговиот став за Договорот од Преспа, дека не гласаше „за", бидејќи, како што објасни, постојат аспекти што не му се допаѓаат. Но, потсети и на ставот дека ако договорот се ратификува во Парламентот, тогаш ќе го почитува, бидејќи е меѓународна обврска за земјата./МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаДојави за бомби во ТВ станиците низ Европа: Часовникот отчукува„Часовникот отчукува“ закани за бомби беа испратени до телевизиски станици низ цела Европа, што доведе до евакуации и прекини на програмите.Предупредувањата беа испратени до ирскиот јавен радиодифузер РТЕ, британскиот Скај, бугарскиот приватен радиодифузер Нова ТВ и други, соопштија компаниите. Лажни аларми Не се пронајдени бомби на ниту една од засегнатите локации. Предупредувањата следат по серија лажни закани за бомби што ги прекинаа патничките летови од Србија и Финска до Шпанија и пошироко во последните денови, предизвикувајќи пренасочувања на летови, принудни слетувања и безбедносни проверки, иако досега не се пронајдени експлозиви. Предупредувањата доаѓаат и во време на растечка вознемиреност поради хакерските измами во последните недели, вклучително и кибер напади врз малопродажни синџири. „Сакаме светот да слушне за нас, затоа еден од нашите оперативци постави експлозивна направа во вашата зграда“, пишуваше во еден е-мејл испратен до Нова и РТЕ во петокот. „Ќе детонира за 45 минути. Часовникот отчукува.“ „Порака до Западот“ Засега не е познато кој стои зад лажните извештаи. Е-поштата испратена до РТЕ и Нови беше потпишана со името Михаил Андропов, со порака во која се наведува дека авторот е еден од водачите на групата одговорна за лажните аларми во авионите оваа недела. „Но, ова е само почеток. Она што се случи оваа недела е само мал дел од она што ја очекува Европа во блиска иднина“, се додава во пораката. Наводниот автор го дели презимето со Јуриј Андропов, поранешниот генерален секретар на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз. Насловот на е-поштата „ПОРАКА ДО ЗАПАДОТ“ алудира на насловот на биографијата на Андропов насловена како „Нов предизвик за Западот“. Не е јасно дали ова е знак за руска вмешаност или обид за префрлање на вината на Москва. Ирскиот премиер Михаил Мартин рече дека безбедносните агенции во Европа сè уште не утврдиле дали заканите за воздушниот сообраќај и медиумските организации доаѓаат од поединци или биле дел од координиран напад.Тагови: бомби Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСлавески на прес конференција најави три нови мерки за располагање на средствата на клиентите на „Алта банка“Зголемен неделен лимит и целосна исплата на идните приливи, најави гувернерот Славески на попладневната прес конференција поврзана со привремената администрација на банката од страна на Народната банка..Повеќе детали околу новите три олеснувања за располагање на средсствата за клиентите на банката повеќе од Маја Стојановска.. Маја кои се новите олеснувања што ги соопшти Славески? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
МакедонијаПосебен режим на сообраќај утре во Скопје поради тркаНа 07.11.2026 (сабота) со почеток во 17:00 часот, ќе се одржи спортско рекреативна ноќна трка на 5 км и 21 км во општина Центар .На 07.11.2026 (сабота) со почеток во 17:00 часот, ќе се одржи спортско рекреативна ноќна трка на 5 км и 21 км во општина Центар насловена како „Centar Night Run“, со траса на движење од ул.„Орце Николов“ (кај општина Центар), десно по ул.„Франклин Рузвелт“, десно по бул.„Илинден“ до крстосница со ул.„Наум Наумовски Борче“, назад по бул.„Илинден“, лево по ул.„Франклин Рузвелт“ се до крстосница со бул.„Партизански Одреди“, назад по ул.„Франклин Рузвелт“, десно по ул.„Орце Николов“, десно по бул.„Св.Климент Охридски“ (коловозна лента во насока север – југ) се до крстосница со бул.„Партизански Одреди“, назад во истата коловозна лента на бул.„Св.Климент Охридски“, се до крстосница со бул.„Илинден“, назад по истата коловозна лента на бул.„Св.Климент Охридски“, десно по ул.„Орце Николов“, десно по ул.„Наум Наумовски Борче“, лево по ул.„Михаил Цоков“, повторно лево по ул.„Михаил Цоков“ и десно по ул.„Орце Николов“ до целта. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook