Лидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе
НАТО и Германија демонстрираат сила на истокот на Европа- големата воена вежба ќе трае до декември (ВИДЕО)
1Лидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе
2НАТО и Германија демонстрираат сила на истокот на Европа- големата воена вежба ќе трае до декември (ВИДЕО)
Тркало отпадна од автомобил и со цела сила удри во момче, страшниот момент е снимен од надзорна камера (ВИДЕО)
1Тркало отпадна од автомобил и со цела сила удри во момче, страшниот момент е снимен од надзорна камера (ВИДЕО)
МакедонијаМицкоски: Владата е активен партнер на стопанството, создаваме предвидлива деловна климаВладата е активен партнер на стопанството, создаваме предвидлива деловна клима, ефикасни институции, модерна инфраструктура и квалитетно образование..Во продолжение целото обраќање на премиерот Христијан Мицкоски. „Почитуван амбасадоре Рокас, Почитувана постојана координаторке на Обединетите Нации, Почитуван заменик министер Димитровски, Почитуван претседателе Азески, Почитувани претставници на дипломатскиот кор, деловната заедница, академската јавност, меѓународните организации, Ми претставува посебна чест и задоволство денеска да се обратам пред вас. Денешниот форум е многу повеќе од уште една конференција посветена на економијата. Тој е можност да разговараме за тоа како ја гледаме иднината на нашата држава и каква економија сакаме да изградиме во годините што доаѓаат. Во последните години зборот „одржливост“ стана еден од најчесто употребуваните поими во светската економија. Но, зад тој збор не стои само нова регулатива, нов стандард или нов административен процес. Зад него стои една суштинска промена во начинот на кој функционира светот. Денес успешни не се само компаниите кои произведуваат квалитетен производ. Успешни се оние кои знаат како одговорно да управуваат со ресурсите, како да инвестираат во своите луѓе, како да создаваат доверба кај инвеститорите, партнерите и потрошувачите. Токму затоа, кога зборуваме за национална визија за одржлив развој, не зборуваме само за екологија. Не зборуваме само за зелени политики. Не зборуваме само за усогласување со европските стандарди. Зборуваме за модел на економски развој кој создава сигурност. За држава која е отпорна на кризи. За институции кои создаваат доверба. За стопанство кое е способно да се натпреварува на најразвиените пазари. За економија која создава можности за младите да останат овде, да основаат компании, да инвестираат и да ја градат својата иднина дома. Денес светот е значително поразличен од оној што го познававме пред само неколку години. Војните, енергетската криза, нарушените синџири на снабдување, инфлациските притисоци и новите геополитички поделби покажаа дека економската стабилност повеќе не може да се зема здраво за готово. Во такви услови, одржливоста престанува да биде избор. Таа станува предуслов за конкурентност. Компаниите што навремено ќе се прилагодат ќе имаат пристап до нови пазари, до нов капитал и до нови инвеститори. Оние што ќе инвестираат во енергетска ефикасност, дигитализација, иновации и знаење ќе бидат компаниите што ќе го водат економскиот развој во следната деценија. Токму затоа, Владата ја гледа својата улога како активен партнер на стопанството. Наша обврска е да создадеме предвидлива деловна клима, ефикасни институции, модерна инфраструктура, квалитетно образование и регулаторна рамка што нема да ги кочи инвестициите, туку ќе ги поттикнува. И кога зборуваме за резултати, не зборуваме за бројки сами по себе. Зад секој економски показател стојат илјадници човечки приказни. Стои нечија нова работа. Стои новоотворена фабрика. Стои повисока плата. Стои семејство кое полесно ги покрива месечните трошоци. Стои млад човек кој одлучил својата иднина да ја гради овде. Затоа е важно да ги погледнеме фактите. Често пати велат, не се споредувајте со минатото, но ние мора да се споредуваме со минатото затоа што ако не се споредуваме со минатото тогаш, не знаеме каде одиме, дали сме подобри од тоа минато или сме полоши, па така бројките и статистиката се некогаш немилосрдни, а јас како инженер често пати се повикувам на бројки и сакам да разговарам за бројки. Ако погледнеме наназад, ќе видиме дека во периодот од 2017 до 2023 година просечниот економски раст изнесуваше околу 1,8 проценти на реалниот БДП и нешто под 6% на номиналниот БДП. Денес имаме сосема поинаква динамика. Во 2024 година економијата порасна за 3 проценти, во 2025 година за 3,5 проценти, што е отприлика двојно, и номиналниот во последните неколку квартали расне со динамика од над 8%. Тоа не е случајност. Тоа е резултат на враќањето на довербата, на стабилизирањето на јавните финансии, на активната поддршка за инвестициите и на заедничката работа со приватниот сектор. Исто така ако ги споредиме бројките и во инфлацијата, споредиме две кризи коишто ни се случија најголема би рекол енергетска криза во светот и онаа криза кога започна војната во украина во 2022 година тогаш исто така споредбата е немилосрдна, ако тогаш просечната инфлација беше двоцифрена односно беше нешто на 14% сега зборуваме за просечна инфлација од 4,5% којашто очекувам до крајот на годината да биде под 4%. Но, најважниот економски показател не е само растот на БДП. Најважниот показател е дали луѓето живеат подобро. Во 2024 година номиналниот раст на платите изнесуваше 12,6 проценти, во 2025 година 9,6 проценти, а и оваа година очекуваме раст од над 8 проценти, притоа немаше политички интервенирање на пазарот на трудот, односно да се наметнуваат вредности на минималната плата коишто дополнително можеби би го оптовариле стопанството, нешто што беше случај во минатото. Уште поважно е што по долг период повторно имаме реален раст на примањата. По падот на реалните плати во 2022 година од 2,9 проценти, во 2024 година тие пораснаа за 8,8 проценти, а во 2025 година за дополнителни 5,3 проценти. Тоа значи дека економскиот раст не останува само статистика. Тој постепено се претвора во подобар животен стандард за граѓаните. Во изминатиот период сервисиравме 4,4 милијарди евра јавен долг, а до крајот на оваа година доспеваат уште 983 милиони евра обврски кои исто така ќе бидат навремено исполнети. Тоа испраќа силна порака до финансиските пазари, до инвеститорите и до меѓународните институции дека државата е сигурен и кредибилен партнер. Но, ова не го кажувам за да создадам чувство на задоволство од постигнатото. Напротив. Ова треба да биде основа од која ќе продолжиме понатаму. Нашата цел не е само повисок раст. Нашата цел е поквалитетен раст. Во таа насока, одржливоста не ја гледаме како административска обврска што доаѓа однадвор. Ја гледаме како развојна можност. Затоа ќе продолжиме да ги поддржуваме компаниите во нивната зелена и дигитална трансформација. Ќе работиме на подобар пристап до финансии, на намалување на административните процедури, на подобрување на инфраструктурата, на поголема поврзаност со европските пазари и на создавање кадар кој ќе може да одговори на потребите на современата индустрија. Сакам да ја изразам мојата благодарност до Европската Унија, Обединетите Нации и сите наши меѓународни партнери кои продолжуваат да ја поддржуваат модернизацијата на институциите и економскиот развој на државата. Но, исто така, сакам искрено да им се заблагодарам и на македонските компании, на претприемачите, работниците и менаџерите кои секој ден покажуваат дека знаењето, упорноста и чесната работа се најсилната развојна стратегија, вие сте нашите херои бидејќи денеска да се обезбеди редовна плата, да се обезбеди работно место повеќе, да се обезбеди квалитетно работно место повеќе претставува вистински патриотизам и визија како треба и каде треба да се развива македонската економија. Нашата визија е јасна. Да изградиме држава во која успехот нема да зависи од привилегии, туку од знаење. Држава во која институциите ќе бидат сервис на стопанството. Држава која ќе биде препознаена по иновациите, по квалитетот на своите производи, по чесното работење и по конкурентната економија. Држава која ќе биде доволно силна да ги издржи кризите и доволно мудра да ги препознае можностите што тие ги носат. Убеден сум дека имаме знаење, имаме капацитет, имаме стопанство кое сака да расте и имаме луѓе кои заслужуваат подобра иднина. Да продолжиме да ја градиме таа иднина заедно. Ви благодарам.“- истакнал во своето обраќање премиерот Мицкоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотТркало отпадна од автомобил и со цела сила удри во момче, страшниот момент е снимен од надзорна камера (ВИДЕО)Едноставна прошетка се претвори во драматичен инцидент за 19-годишник од Сантијаго, главниот град на Чиле.Младиот човек безгрижно одел по тротоарот кога, од никаде, пред него се појавило тркало од автомобил и со голема брзина излетало од правец на улицата. Тој поминал со полесни повреди Снимка од надзорна камера го забележала драматичниот момент во кој момчето било соборено на земја од силата на ударот, по што загрижените сограѓани му се приближиле. И покрај сè, 19-годишникот преживеал и бил пренесен во клиниката Санта Марија, каде што добил прва помош за повреди на челото, лицето и градите. Надлежните органи го идентификувале возилото од кое се откинало тркалото, како и возачот, а започната е истрага за да се утврдат околностите на бизарниот инцидент. ⚠️ CCTV footage captures the moment a rogue wheel came flying, seemingly out of nowhere, before striking a 19-year-old pedestrian in Santiago, Chile. https://t.co/SRBU6fODCV — TMZ (@TMZ) November 5, 2026 Тркалото удрило и во два автомобила Според изјавата на возачот, автомобилот бил паркиран во гаражата непосредно пред несреќата. Додека возел, едно од тркалата одеднаш се откинало, објавува Иефимерида. Прво удри во два автомобила, потоа се одби и со голема брзина летна на широкиот тротоар на авенијата Лос Леонес. Во следниот момент, силно го удри 19-годишникот одзади, соборувајќи го на земја.Тагови: момче тркало Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаАпокалиптични снимки од Нов Зеланд: Десетици китови умираат на плажа (ВИДЕО)Десетици китови-пилоти се пронајдени насукани на плажа на Северниот остров на Нов Зеланд, а спасувачите се обидуваат да ги вратат малкуте преживеани во морето, соопшти Одделот за заштита на природата.Најмалку 20 китови-пилоти се насукани по должината на брегот на Нгави, во близина на ’ртот Палисер, најјужната точка на Северниот остров, според „The Straits Times“. Одделот соопшти дека соработува со локалното племе Маори и Проектот Џона, организација специјализирана за спасување на насукани китови. Досега, две животни се успешно вратени во морето. Според локалните жители, дури 50 китови се насукале на брегот преку ноќ, објави Радио Нов Зеланд. Повеќето од животните им подлегнале на повредите, додека волонтерите се обидуваат да ги одржат преживеаните китови во живот и да спречат нивно дехидрирање користејќи кофи со вода и крпи. „Ужасно е. Оние што се уште се живи едвај дишат“, изјави жителот на Нгави, Роб Барг, за Радио Нов Зеланд. در پی بهگلنشستن گروهی از نهنگهای پایلوت (Pilot Whales) در سواحل منطقه ویراراپا، در نزدیکی دماغه پالیزر در جزیره شمالی نیوزیلند، گروهی از داوطلبان و نیروهای امداد حیاتوحش برای نجات این پستانداران دریایی وارد عمل شدند. بر اساس تصاویر منتشرشده از سوی خبرگزاری فرانسه (AFP)، داوطلبان برای بازگرداندن دستکم ۱۴ نهنگ به آبهای عمیقتر تلاش کردهاند. با این حال، گزارشهای منتشرشده از ابعاد گستردهتر این حادثه و تلفات سنگین آن حکایت دارند. وزارت حفاظت محیطزیست نیوزیلند اعلام کرده است که دو گروه از نهنگها در محدوده ساحلی نگاوی گرفتار شدهاند. بر اساس گزارش اولیه این وزارتخانه، در گروه نخست تنها چهار نهنگ زنده باقی مانده بودند و امدادگران در حال آمادهسازی برای تلاش مجدد جهت بازگرداندن آنها به دریا، همزمان با بالا آمدن آب بودند. گروه دوم نیز در نقطهای دیگر از ساحل تحت ارزیابی قرار داشت. شبکه «وان نیوز» نیوزیلند در گزارشی بهروزشده اعلام کرد که گمان میرود دستکم ۳۰ نهنگ در جریان این حادثه جان باخته باشند. در همین حال، برخی ساکنان محلی تعداد نهنگهای گرفتار را حدود ۵۰ رأس برآورد کردهاند. نهنگهای پایلوت حیواناتی اجتماعی هستند و اعضای یک گروه پیوندهای محکمی با یکدیگر دارند، به همین دلیل، هنگامی که یک نهنگ به سمت آبهای کمعمق حرکت میکند، سایر اعضای گروه نیز ممکن است از آن پیروی کنند و در نتیجه تعداد زیادی از آنها همزمان گرفتار شوند. — independentpersian (@indypersian) November 5, 2026 Проектот Џона објави на Фејсбук на 5 ноември дека четири од китовите се уште се живи и дека спасувачите ќе се обидат да ги вратат во морето при плима. Насукувањето на китови е релативно честа појава во Нов Зеланд и соседна Австралија, поради големиот број китови-пилоти кои ги населуваат длабоките води околу двете островски земји. Причината за феноменот е сè уште непозната.Тагови: китови Нов Зеланд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЛидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе Кенискиот суд денеска го осуди водачот на сектата Пол Мекензи на 200 години затвор за убиство на 190 деца кои биле изгладнети до смрт и закопани во шумата по негова наредба. Тие се меѓу околу 500 лица осомничени дека се поврзани со едно од најлошите масовни ритуални злосторства во модерната историја. Казната се состои од 100 години затвор за убиствата од глад и уште 100 години за директните убиства, изјави судијката Дијана Кавеџа читајќи ја пресудата, објави Ројтерс. Обвинителството изјави дека Мекензи, кој водел апокалиптична христијанска црква во шума во близина на брегот на Индискиот Океан во источна Кенија, им рекол на своите следбеници да се изгладнат себеси и своите деца до смрт за да стигнат до рајот пред крајот на светот. Неговите соучесници им се заканувале и ги тепале жртвите за да ги принудат да ги следат неговите наредби. Изгладнетите тела биле пронајдени расфрлани во плитки гробови и фрлени во тоалети. Некои жртви биле закопани живи. Макензи, облечен во сива поло маица и црни панталони, се насмевна додека влегуваше во шатор поставен пред судот каде што се одржуваше рочиштето. Тој ги негираше обвиненијата за убиство, велејќи дека не ги принудил жртвите да гладуваат. Судот ја отфрли неговата одбрана. Татко загубил шест деца Случајот ја шокираше Кенија во април 2023 година, кога полицијата почна да открива тела во шумата Шакахола, во близина на крајбрежниот град Малинди. Иако судењето ги опфаќа само случаите на 190 деца и една возрасна жртва, Националната комисија за човекови права на Кенија вели дека вкупно 448 тела се пронајдени во шумата. Макензи е обвинет и за наредба за убиства на 52 лица пронајдени на друга локација, во село оддалечено 30 километри, со што бројот на потенцијални жртви се зголеми на 500. Во тој случај, тој се изјасни за невин. Размерот на убиствата е споредлив со апокалиптичниот култен злостор во кој загинаа повеќе од 700 луѓе во Уганда во 2000 година, како и масакрот во Џонстаун во Гвајана во 1978 година, кога американски водач на секта им наредил на повеќе од 900 луѓе да пијат отров. Стивен Мвити, 48, татко на шесте деца на Мекензи кои биле жртви и сопруг на еден од неговите осудени соучесници, рече дека неговата сопруга ги однела децата во Шакахоле, каде што умреле од глад. Дури и ако возрасните се согласат да постат, „што е со децата?“, праша Мвити за Ројтерс пред пресудата. „Ги изгубив моите деца и нема да можам да ги вратам, без разлика што ќе се случи со Мекензи и неговите соучесници“, рече Мвити. „Очекувам да биде осуден на смрт или доживотен затвор, за да не излезе никогаш и да предизвика повеќе смртни случаи.“ Ден Мекензи, еден од синовите на Пол, рече дека неговиот татко не го поштедил своето семејство. „Не завршив во Шакахола затоа што повеќе не верував дека ќе одиме во рајот. Затоа ја напуштив црквата и почнав да си го правам своето“, изјави тој за Ројтерс. „Исто така, изгубив пријатели, како и помлад брат. Ова е правда за луѓето што ги изгубивме таму во Шакахола.“ Важен чекор, но потребна е поголема одговорност Макензи е на радарот на властите од 2017 година, кога полицијата изврши рација во неговите простории. Властите ја затворија неговата црква во Малинди во 2019 година, по што тој се пресели во блиската шума Шакахола. Откритијата доведоа до повици за построги контроли врз религиозните групи Кенискиот претседател Вилијам Руто назначи работна група во мај 2023 година за да ја разгледа законската и регулаторната рамка. Одделни предлози поддржани од владата и Сенатот беа објавени во 2024 година, но сè уште не се усвоени. Оџиро Одиамбо, раководител на единицата за брза реакција во Комисијата за човекови права на Кенија, рече дека пресудата е важен чекор, но дека одговорноста мора да се прошири, бидејќи локалните администратори, полицијата, разузнавачките службеници и верските водачи се сметаат за одговорни за тоа што не постапиле по повторените предупредувања. „Сите овие луѓе ги изневериле граѓаните“, рече тој. Руто во 2023 година изјави дека како претседател ја преземал одговорноста за неуспехот на владата да спречи умирање на луѓе.Тагови: затвор секта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter