3Лишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит
3Над 66.000 пријавени за вакцинација против сезонски грип, Клековски уверува дека вакцини ќе има за сите
МакедонијаМицкоски: Тоа е пресериозна тема за да се разговара преку медиуми, подготвен сум да се сретнемеДоколку претседателот на СДСМ Филипче има конкретен предлог и план што треба да се направи по тргедијата во Кочани стојам на располагање и подготвен сум да се сретнеме и да поразговараме на оваа тема. Ова го изјави премиерот Мцкоски по најавата на Филипче дека ќе иницира лидерска средба во Собранието. Вели темата е пресериозна за да се коуницира преку медиумите. „Тој може да го соопшти тој план и преку прес конференција, но доколку цени дека мене треба претходно да ме информира и запознае јас сум секогаш тука на располагање. Сериозните теми бараат сериозен пристап, така што еве оставам на нив доколку тие ценат дека навистина имаат таков план со кој сакаат мене да ме запознаат, јас сум подготвен во термин којшто тие мислат или тој мисли дека треба да бидам запознаен да го примам и да поразговараме на оваа тема“,– Христијан Мицкоски, претседател на Влада. Барањето на опозицијата за анкетна комисија за истрагата во Кочани за премиерот е прифатливо, но под услов со неа да бидат опфатени и случаите од минатото како пожарот во Модуларната во Тетово и несреќата кај Ласакрци. Во однос на незадоволството на опозицијата од начинот на кој се води исрагата за пожарот во Кочани, Мицкоски вели дека е водена од обвинители кои самите тие ги избрале. „Истите обвинители беа миленици на истите тие СДСМ и ДУИ кои што сега велат дека не се задоволни од истрагата што овие ја прават. Јас би ги прашал дали беа задоволни од истрагата за Модуларната болница, за Ласкарци, за Беса Транс, за трговцскиот центар Соравија во центарот на Скопје и уште многу други истраги кои беа изминатиот период беа пзонато во јавноста. Апсолутно не бегам од никаква анкетна комисија, претпоставувам ниту ПГ на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да бега, но би сакал да ја прошириме и со сите овие останати судски случаи коишто завршија на начин на кој што завршија. Така што подготвени сме да дебатираме со секој оној кој што цени дека може да помогне или да додаде вредност во процесите“,– Христијан Мицкоски, претседател на Влада. Мицкоски додаде и дека паузирањето на процесот на разрешување на државниот обвинител Коцевски не е трајно и дека им е оставен простор на обвинителите да ја завршат истрагата за Кочани и секој оној кој има и најмало учество во трагедијата да одговора. Инаку, барањето за одржување лидерска средба претседателот на СДСМ го упати од хуманитарното отворено студио на Канал 5 за донирање средства за настраданите во Кочани. Од СДСМ најавија дека сите детали околу лидерската Филпче ќе ги објави идната недела. Предлогот на Филипче пак за заеднички натпартиски кандидат за градоначалник на Кочани на престстојните локални избори, Мицкоски го оцени како политиканство и смета дека е рано да се зборува за избори по само две недели од несреќата. Тагови: Венко Филипче Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
Шоу бизФото: Ѕвезда од „Чувари на плажата“ (Baywatch) на 56-годишна возраст, заработува на „Onlyfans“Таа глумеше во хит-серијата „Чувари на плажата“ (Baywatch), а еве како денеска изгледа познатата актерка Ерика Еленијак која во август оваа година се приклучи на платформа наменета за возрасни.Американската серија „Чувари на плажата“ се прикажуваше 10 години – од 1989 до 1999 година. Таа се емитуваше во 148 земји и влезе во Гинисовата книга на рекорди како најгледана телевизиска програма. Сите се сеќаваат на воведната шпица, но и на убавите актерки во црвени костими за капење. Меѓу нив е и актерката Ерика Еленијак, која денес има 56 години и не заработува од глума. Русокосата Ерика имала само 20 години кога започнало снимањето. Во тоа време, актерката била многу популарна, а во 1989 година дури била прогласена за „жена на месецот“ во списанието „Плејбој“. Зад себе има два брака, кои завршиле со развод. Таа се мажела двапати – во 1998 и 2005 година, а во 2006 година добила ќерка. Од пред неколку месеци, таа е активна на платформата „Онлифанс“ (OnlyFans), а „TMZ“ пишува дека за три месеци заработила 300.000 долари. Извори блиски до поранешната актерка откриваат дека „бизнисот цвета“ и дека таа заработува по 10.000 долари неделно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКим издаде наредба: „Команданти, кажете им на војниците да се подготват...“Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ги повика командантите на чети да ја интензивираат обуката и да ја подобрат борбената готовност, дефинирајќи го ова како нивна „примарна револуционерна задача“, објавија денеска државните медиуми.„Примарната револуционерна задача на командантите на чети е да ги завршат борбените подготовки на своите единици, така што тие ќе бидат целосно подготвени за водење војна. Начинот да се постигне ова е преку радикално подобрување на ригорозната и интензивна обука“, пренесе севернокорејската државна новинска агенција „KCNA“, цитирајќи го него. Понатаму се наведува дека тој ги дал овие изјави во вторникот, за време на фотографирање со учесниците на Третиот состанок на командантите на чети на Корејската народна армија. Според извештаите, Ким Џонг Ун нагласил дека тие мора да ја докажат својата лојалност и лидерски способности преку успешно трансформирање на своите единици во „сили во кои еден војник вреди колку стотина други – сили што се одликуваат со цврста револуционерна вера, патриотски дух, неспоредлива херојска храброст и борбена ефикасност“. Тој додал дека иднината на изградбата на моќна армија изгледа „исклучително ветувачка, благодарение на нив“. Ким претседаваше со состанокот, одржан на 22 и 23 октомври во Пјонгјанг, при што им наложи на командантите „да изградат најмоќна армија и да ја забрзаат воената револуција во корејски стил преку обука на најсилните чети“. Тој, исто така, им даде насоки „доследно да ја чуваат и развиваат суштината на армијата како армија на Партијата – армија дефинирана преку својата идеологија и основни вредности“.Тагови: Ким Џонг Ун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамГермански министер со критики кон „Audi“: „Се обложуваат на мртов коњ“„Audi“ планира да изгради фабрика во САД, но реакцијата во Германија е сè освен позитивна.Германскиот министер за животна средина, Карстен Шнајдер, остро го критикуваше „Audi“ поради плановите во САД, како и поради појавувањето на извршниот директор на компанијата покрај Доналд Трамп. „Додека светот се движи кон технички супериорна електромобилност, „Audi“ се обложува на фосилни горива. Со други зборови, се обложуваат на мртов коњ“, изјави Шнајдер за весникот „Kölner Stadt-Anzeiger“, пренесува агенцијата „DPA“. „Освен крајно непријатните околности што ја придружуваа оваа најава, мора да се постави прашањето за оправданоста на ваквата одлука“, додаде тој. За време на викендот, извршниот директор на „Audi“, Гернот Долнер, се појави на бина заедно со Трамп на еден предизборен настан, каде што ја најави изградбата на фабрика на „Audi“ во Џорџија. „Audi“ има намера во САД да произведува „SUV“ модели, вклучувајќи го и новиот, екстра голем модел „Q9“, дизајниран специјално за американскиот пазар. Оттогаш, Долнер се соочува со остри критики во татковината, а некои дури и бараат негова оставка. Внатрешните правила на „Audi“ забрануваат учество во изборни кампањи. Во САД, на 3 ноември, треба да се одржат избори за Конгресот. Повеќето германски граѓани критички гледаат на појавувањето на Долнер покрај Трамп. Во анкетата спроведена од институтот „YouGov“, 39 отсто од испитаниците го оценија најавувањето на фабриката од страна на Долнер на еден предизборен настан како „крајно несоодветно“. Уште 18 отсто го окарактеризираа потегот како „главно несоодветен“. За разлика од нив, седум отсто од испитаниците сметаат дека потегот на Долнер бил „целосно соодветен“, додека 11 отсто го опишаа како „главно соодветен“. „Audi“ се наоѓа под огромен притисок поради долгорочниот пад на продажбата и приходите. Компанијата веќе укина одредени работни места, а сега е принудена да планира дополнителни намалувања. За разлика од своите домашни ривали „BMW“ и „Mercedes“, „Audi“ нема сопствени производни капацитети во САД, поради што е уште повеќе погоден од царините што ги воведува Трамп.Тагови: Audi Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter