3СДСМ: Како да има Мицкоски добри односи со студентите од Србија, кога Вучиќ им праќаше силеџии да им ги кршат главите
МакедонијаПартиите ја чекаат поканата на Филипче за да се кажат дали ќе учествуваат на средбаПартиите ја чекаат поканата на Филипче за да се кажат дали ќе учествуваат на средба, ДУИ условува.Парламентарните партии ќе ја чекаат официјалната покана од лидерот на СДСМ Венко Филипче па потоа ќе се изјаснат дали ќе учествуваат на средба, додека ДУИ условува со поддршка за формирање на Комисија со меѓународни набљудувачи за истрагата за пожарот во Кочани. Претседателот на СДСМ Венко Филипче на Донаторската вечер за помош на семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани најави дека идната недела во Собранието ќе ги повика на средба лидерите на најголемите политички партии на кои ќе им го презентира неговиот план - што тој смета дека е обврска да се направи за државата бидејќи, рече, „очигледно е дека конвенционалните начини на водење на политика, на политичка борба, не даваат доволно брзо резултати“. -Не се доволни само зборовите дека ни е потребно единство, дека ни е потребно некакво обединување. Тоа треба да го претвориме во вистински дела и вистински чекори зашто тоа е нешто што најмалку може да го направиме за 60-те семејства, 59 кои останаа без деца, другите што кои имаат стотина деца на лекување и, секако, целото општество кое гледаме сега како бара некакви промени. Младите излегуваат на улица и бараат промена, а младите се категорија граѓани кои не ги интересира ниту минатото, ниту сегашноста, туку ги интересира иднината. И ние треба добро да размислиме како политичари што треба да направиме, рече Филипче. Од Владата денеска посочија дека немаат добиено иницијатива од СДСМ, но дека тие и премиерот се отворени за секаков предлог и иницијатива за помош. -Не е пристигнато официјално барање до Владата, ниту пак има иницијатива од СДСМ. Забележани се само најави од медиуми. Вакви сериозни ситуации налагаат сериозен пристап. Владата и премиерот се отворени за секаков предлог и иницијатива која има за цел да помогне, велат од Владата. Од Левица, пак, наведуваат дека ќе го кажат својот став дали ќе учествуваат на ваква средба откако ќе го дознаат нејзиниот формат и планот. Ова не е време за калкулации, ниту за политички маневри и договори, посочуваат од Левица, туку за дејствија на сите нивоа на власта - за да се создаде безбедноста и осигура одговорноста. -Откако ќе дознаеме за форматот и планот за таа лидерска средба ќе дадеме и став за наше потенцијално присуство. Но, наместо политичарите да се среќаваат на средби, треба Собранието да работи транспарентно и одговорно кога тоа е најмногу потребно - за да се отворат прашањата за трагедијата во Кочани преку легитимни и ефективни демократски методи, и да се создаде политички амбиент за отворање на прашањата поврзани и со претходните немили настани за кои граѓаните бараат одговорност - како модуларната во Тетово, Дурмо турс и тн, посочуваат од Левица. Институциите, велат од партијата, мора да делуваат брзо, ефикасно и без компромис. Се изјасни и од владината коалиција Вреди. Тие сметаат дека претседателот на СДСМ Венко Филипче нема кредибилитет да повикува на лидерска средба. -После најавите од СДСМ дека ќе бараат Анкетна комисија за Кочани, кое очигледно е во координација со нивните пулени ДУИ, кои наивно веруваат дека можат да се претстават како лажни жртви на политички прогон, господинот Венко Филипче потврди дека има намера да ја политизира колективната трагедија и со тоа нема кредибилитет да повикува на лидерска средба. Доволна им е координацијата со ДУИ, се наведува во коалицискиот став на Вреди испратен до медиумите. Партијата ЗНАМ ќе се изјасни дали ќе учествува на лидерска средба откако ќе ја добие иницијативата што ја најави Филипче. -Да ја добиеме иницијативата и да ја видиме, па ќе се изјасмиме, изјавија од партијата. Од Демократската унија за интеграција (ДУИ) посочија дека прво мора да се формира парламентарна комисија со меѓународен надзор, а потоа да се размислува за други чекори. -Затоа, ги повикуваме сите пратеници кои не сакаат една од најголемите трагедии во државата да заврши со најголемата правна фарса на селективна правда и заробување на државата, денеска да ја потпишат иницијативата на „Европскиот фронт“ за формирање на оваа комисија, посочуваат од ДУИ.Тагови: Венко Филипче влада Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаРоботи со моторна пила помагаат во одржување на железничките пруги (ВИДЕО)Јапонската железничка компанија JR East почна да користи хуманоидни роботи опремени со моторни пили за отстранување гранки од дрвја по железничките пруги, со цел подобрување на безбедноста и сигурноста на железничкиот сообраќај.Роботите беа користени во близина на станицата Нобејама во префектурата Нагано на линијата Коуми, каде што беше потребно да се отстранат гранките што растеа над шините и можеа да го попречат движењето на возовите, објавува јапонскиот портал SoraNews24. Машините се монтирани на специјални возила што можат да се движат по железничките пруги, како и по патиштата. Роботот е опремен со држач на едната рака, со кој може да држи и поместува гранки, додека другата е опремена со моторна пила за нивно сечење. JR East започна да ги воведува овие роботи во својата флота за одржување во март оваа година, додека JR West започна да користи слични системи во 2024 година. Досега, работите за одржување на пругите главно се извршуваа ноќе, помеѓу последниот и првиот утрински воз, за да се избегне прекин на патничкиот сообраќај. Сепак, со зголемениот број вработени кои бараат работа во дневна смена, JR East ја разгледува можноста за почесто извршување на работата во текот на денот. Компанијата предупредува дека таквата промена би можела да доведе до почести привремени прекини на сообраќајот на некои делници за време на редовното работно време на железницата.Тагови: роботи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалОдложени се сите натпревари во Купот на кралот- Шпанија е завиена во црно Шпанската фудбалска федерација (RFEF) ги одложи сите натпревари од Купот на кралот закажани за среда, 28 октомври, по сериозната железничка несреќа во Толедо, во која, според шпанските медиуми, загинаа најмалку 68 лица, а 80 се повредени.Трагедијата се случи кога два брзи возови се судрија помеѓу градовите Лос Хевенес и Урда, а несреќата ја потресе Шпанија. Шпанската фудбалска федерација објави дека целиот распоред на куп натпреварите закажани за среда ќе биде одложен. Меѓу клубовите што требаше да излезат на теренот се Леванте, Алавес, Валенсија, Селта Виго и Бетис, тимови што се натпреваруваат во највисокото ниво на шпанскиот фудбал. Сè уште не е познато кога ќе се играат одложените натпревари, додека сè уште нема официјална одлука за судбината на 14-те натпревари од Купот на кралот закажани за четврток. Според оригиналниот распоред, Севиља, Атлетик Билбао и Хетафе исто така требаше да играат во ова натпреварување во четврток. Одлуката за одложување на натпреварите беше донесена во сенка на трагедијата што одзеде голем број животи и остави бројни повредени.Тагови: Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
Црна хроникаКазнет е возачот, кој со автомобил „се прошета“ по велосипедска патека во Скопје (ВИДЕО)По објавено видео на социјалните мрежи, санкциониран возач кој управувал возило по велосипедска патека во Скопје.По објавено видео на социјалната мрежа „ТикТок“, на кое се гледа како возач управува патничко моторно возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки по велосипедска патека покрај улицата „Бутелска“ во Скопје, во правец од кружниот тек кон крстосницата со булеварот „Босна и Херцеговина“, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, веднаш се преземени мерки за утврдување на идентитетот на возачот. По преземените мерки, возачот е идентификуван како Н.К.(46) од Скопје, кој денеска (28.10.2026) е повикан на службен разговор и е соодветно санкциониран за сторениот сообраќаен прекршок, односно управување возило по несоодветна сообраќајна површина. Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не ја загрозуваат безбедноста на останатите учесници во сообраќајот, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook