Мицкоски: Лидерска средба е пресериозна тема за да се разговара преку медиуми - Канал 5

Мицкоски: Лидерска средба е пресериозна тема за да се разговара преку медиуми

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека предлогот на претседателот на СДСМ Венко Филипче за лидерска средба е пресериозна тема за да се разговара преку медиуми.

Мицкоски: Лидерска средба е пресериозна тема за да се разговара преку медиуми

- Лидерската средба е пресериозна тема за да се разговара преку медиуми. Од тоа што можев да разберам во јавноста е дека Филипче има некаков предлог, план. Тој може да го соопшти тој план преку прес-конференција, но, доколку цени дека и мене претходно треба да ме информира и запознае, јас сум секогаш тука. Сериозните теми бараат сериозен пристап, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во струмичко Ново Село каде вршеше увид во градежните активности на проектот за изградба на пешачка и рекреативна патека од Ново Село до Мокриево.

Тој рече дека е подготвен да го прими и да поразговараат на оваа тема.

Претседателот на СДСМ Венко Филипче на Донаторската вечер за помош на семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани најави дека идната недела во Собранието ќе ги повика на средба лидерите на најголемите политички партии на кои ќе им го презентира неговиот план - што тој смета дека е обврска да се направи за државата бидејќи, рече, „очигледно е дека конвенционалните начини на водење на политика, на политичка борба, не даваат доволно брзо резултати“.

Од владината коалиција Вреди сметаат дека претседателот на СДСМ Венко Филипче нема кредибилитет да повикува на лидерска средба.

-После најавите од СДСМ дека ќе бараат Анкетна комисија за Кочани, кое очигледно е во координација со нивните пулени ДУИ, кои наивно веруваат дека можат да се претстават како лажни жртви на политички прогон, господинот Венко Филипче потврди дека има намера да ја политизира колективната трагедија и со тоа нема кредибилитет да повикува на лидерска средба. Доволна им е координацијата со ДУИ, се наведува во коалицискиот став на Вреди испратен до медиумите.

Партијата ЗНАМ ќе се изјасни дали ќе учествува на лидерска средба откако ќе ја добие иницијативата што ја најави Филипче.

-Да ја добиеме иницијативата и да ја видиме, па ќе се изјасмиме, изјавија од партијата.

Од Демократската унија за интеграција (ДУИ) посочија дека прво мора да се формира парламентарна комисија со меѓународен надзор, а потоа да се размислува за други чекори.

-Затоа, ги повикуваме сите пратеници кои не сакаат една од најголемите трагедии во државата да заврши со најголемата правна фарса на селективна правда и заробување на државата, денеска да ја потпишат иницијативата на „Европскиот фронт“ за формирање на оваа комисија, посочуваат од ДУИ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Роботи со моторна пила помагаат во одржување на железничките пруги (ВИДЕО)

Јапонската железничка компанија JR East почна да користи хуманоидни роботи опремени со моторни пили за отстранување гранки од дрвја по железничките пруги, со цел подобрување на безбедноста и сигурноста на железничкиот сообраќај.

Роботи со моторна пила помагаат во одржување на железничките пруги (ВИДЕО)

Роботите беа користени во близина на станицата Нобејама во префектурата Нагано на линијата Коуми, каде што беше потребно да се отстранат гранките што растеа над шините и можеа да го попречат движењето на возовите, објавува јапонскиот портал SoraNews24.

Машините се монтирани на специјални возила што можат да се движат по железничките пруги, како и по патиштата. Роботот е опремен со држач на едната рака, со кој може да држи и поместува гранки, додека другата е опремена со моторна пила за нивно сечење.

JR East започна да ги воведува овие роботи во својата флота за одржување во март оваа година, додека JR West започна да користи слични системи во 2024 година.

Досега, работите за одржување на пругите главно се извршуваа ноќе, помеѓу последниот и првиот утрински воз, за ​​да се избегне прекин на патничкиот сообраќај.

Сепак, со зголемениот број вработени кои бараат работа во дневна смена, JR East ја разгледува можноста за почесто извршување на работата во текот на денот.

YouTube video

Компанијата предупредува дека таквата промена би можела да доведе до почести привремени прекини на сообраќајот на некои делници за време на редовното работно време на железницата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одложени се сите натпревари во Купот на кралот- Шпанија е завиена во црно

Шпанската фудбалска федерација (RFEF) ги одложи сите натпревари од Купот на кралот закажани за среда, 28 октомври, по сериозната железничка несреќа во Толедо, во која, според шпанските медиуми, загинаа најмалку 68 лица, а 80 се повредени.

Одложени се сите натпревари во Купот на кралот- Шпанија е завиена во црно

Трагедијата се случи кога два брзи возови се судрија помеѓу градовите Лос Хевенес и Урда, а несреќата ја потресе Шпанија.

Шпанската фудбалска федерација објави дека целиот распоред на куп натпреварите закажани за среда ќе биде одложен. Меѓу клубовите што требаше да излезат на теренот се Леванте, Алавес, Валенсија, Селта Виго и Бетис, тимови што се натпреваруваат во највисокото ниво на шпанскиот фудбал.

Сè уште не е познато кога ќе се играат одложените натпревари, додека сè уште нема официјална одлука за судбината на 14-те натпревари од Купот на кралот закажани за четврток.

Според оригиналниот распоред, Севиља, Атлетик Билбао и Хетафе исто така требаше да играат во ова натпреварување во четврток.

Одлуката за одложување на натпреварите беше донесена во сенка на трагедијата што одзеде голем број животи и остави бројни повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Казнет е возачот, кој со автомобил „се прошета“ по велосипедска патека во Скопје (ВИДЕО)

По објавено видео на социјалните мрежи, санкциониран возач кој управувал возило по велосипедска патека во Скопје.

Казнет е возачот, кој со автомобил „се прошета“ по велосипедска патека во Скопје (ВИДЕО)

По објавено видео на социјалната мрежа „ТикТок“, на кое се гледа како возач управува патничко моторно возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки по велосипедска патека покрај улицата „Бутелска“ во Скопје, во правец од кружниот тек кон крстосницата со булеварот „Босна и Херцеговина“, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, веднаш се преземени мерки за утврдување на идентитетот на возачот.

По преземените мерки, возачот е идентификуван како Н.К.(46) од Скопје, кој денеска (28.10.2026) е повикан на службен разговор и е соодветно санкциониран за сторениот сообраќаен прекршок, односно управување возило по несоодветна сообраќајна површина.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не ја загрозуваат безбедноста на останатите учесници во сообраќајот, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер