Мицкоски оптимист дека извештајот за Македонија ќе биде изгласан во АФЕТ - Канал 5

Мицкоски оптимист дека извештајот за Македонија ќе биде изгласан во АФЕТ

Не пет дена пред закажаната седницата на АФЕТ премиерот Мицкоски очекува поддршка за Извештјот за напредокот на Македонија, но вели дека продолжуваат жестоките притисоци од буарските европратеници тој да не биде изгалсан.

Мицкоски оптимист дека извештајот за Македонија ќе биде изгласан во АФЕТ

Потенцира дека голем број членови во Комисијата за надворешни работи во ЕП го поддржуваат Извештајот и дека тој ја открил вистинската стратегија на официјална Софија за негирање на македонскиот идентитет и јазик.

„Деновиве добивам информации за повторни жестоки политички притисоци од страна на бугарските европратеници и бугарската влада дека ако биде изгласан тој Извештај внимавајте тоа можело да ги радикализира проруските струи против проевропската сегашна бугарска влада. За нас е доболна сатисфакција тоа што конечно на површина излезе вистинската причина и вистинската стратегија којашто доаѓаа од нашиот источен сосед. А тоа е создавање на сегашна македонска нација со сегашен македонски идентитет која што го говори својот мајчин сегашен македонски јазик, а почива на бугарски корени“– Христијан Мицкоски, претседател на влада.

Откако Мицкоски пред два дена побара повлекување на амандманите за Извештајот, а со тоа и потврда на пораките кои деновиве пристигнуваат од официјална Софија дека Бугарија не поставувала нови услови надвор од договорот за добрососедство, буарскиот европратеник Кристиан Вигенин која доаѓа од Бугарската социјалистичка партија (БСП) порачува дека тие немало да го сторат тоа. Во изјава за БТА вели дека сите 17 бугарски европратеници ќе настапат едногалсно во Европскиот парламент.

. Нема да ги повлечеме, нашата работа по ова прашање продолжува. Без разлика на интерпретациите што ги прави Мицкоски и без разлика какви зборови се обидува да внесе во Извштајот и колку и да се обидува да ја манипулира Комисијата на ЕП, факт е дека неговата земја прифати и се обврза, а таа обврска не е кон Бугарија туку кон ЕУ и без да ги изполни преземените обврски Република Македонија нема да се помести ниту чекор кон членство во ЕУ“-- Кристиан Вигенин, европратеник од Бугарската социјалистичка партија.

Комисијата за надворешни работи на ЕП ќе го разгледува Предлог- извештајот на известувачот Томас Вајц во среда на 24 јуни, откако гласањето за негово усвојуавње пред две недели беше одложено поради интенизивни политички дебати. Седницата во АФЕТ се поклопува и со НАТО Самитот во Хаг за каде првиот човек на Европскиот совет Антонио Кошта иницираше средба Скопје -Софија но досега нема одговор од бугарска страна дали ќе присуствуваат на средбата. Иако првично се најавуваше Радев, во Хаг ќе отпаува премеирот на Бугарија Жељасков.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сергеј Трифуновиќ и неговата сопруга приведени по инцидент во продавница?

Актерот Сергеј Трифуновиќ и неговата сопруга Исидора Мијановиќ наводно се нашле во центарот на инцидент во познат белградски трговски центар, што ја принудило полицијата да интервенира. 

Сергеј Трифуновиќ и неговата сопруга приведени по инцидент во продавница?

Драмата се одвивала во популарна продавница кога во Исидора се посомневало обезбедувањето, кое потоа сакало да ја претресе, пишува Телеграф.

Нејзиниот сопруг Сергеј, јавуваат српските медиуми, реагирал бурно на ова и не им дозволил да ги претресат нејзините работи, што ескалирало во вербален конфликт. Обезбедувањето потоа повикало полициска патрола која го однела парот во полициската станица.

Таа се огласи откако ја напуштила полициската станица

Исидора подоцна сама ја напуштила полициската станица, додека Сергеј, како што се испоставило, си заминал порано. Таа накратко им се обратила на собраните новинари пред станицата.

„Само дојдов да ги земам документите“, рекла кратко, одбивајќи да биде снимена, пренесува Телеграф.

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кина отвора мегацентар за вештачка интелигенција. Ќе троши два гигавати (ВИДЕО)

Кина отвори индустриски парк за вештачка интелигенција во северниот регион Внатрешна Монголија, за кој инвеститорот тврди дека е најголем во светот.

Кина отвора мегацентар за вештачка интелигенција. Ќе троши два гигавати (ВИДЕО)

Комплексот „Envision Galaxy Campus“, сместен во градот Уланкаб, започна со работа во четврток. Компанијата за зелена технологија „Envision Group“ вели дека е најголемиот поединечен центар за податоци со вештачка интелигенција во светот во однос на капацитетот за обработка на токени, објави „Global Times“.

Капацитет и технички спецификации

Новиот комплекс е исто така најголемиот индустриски парк за вештачка интелигенција во Кина, со планиран капацитет од два гигавати. Зафаќа површина од 120.000 квадратни метри и е дизајниран да ја поддржи компјутерската моќ до еден милион единици за графичка обработка (GPU) кои можат да работат истовремено.

Зелена енергија и глобална иницијатива

Компанијата вели дека повеќе од 80 проценти од електричната енергија потребна за работа на центарот доаѓа директно од обновливи извори. Проектот е водечки развоен напор како дел од иницијативата „Mission Gobi“. Со оваа иницијатива, „Envision“ планира да изгради пет гигавати капацитет за зелено пресметување со вештачка интелигенција во пустински и сушни региони низ целиот свет до 2030 година. Планот комбинира големи центри за податоци со обновливи извори на енергија и системи за складирање.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Само 99 примероци и 1.015 КС: Новото „Lamborghini“ оддава почит на „Miura“ (ФОТО)

„Lamborghini“ ги комбинира минатото и иднината: V12 хибрид инспириран од една од најголемите икони.

Само 99 примероци и 1.015 КС: Новото „Lamborghini“ оддава почит на „Miura“ (ФОТО)

„Lamborghini“ ја претстави специјалната серија „Revuelto Miura 60° Homage“, која ја одбележува 60-годишнината од лансирањето на легендарниот модел „Miura“.

Премиерата ќе се одржи за време на настанот „Monterey Car Week“, а производството ќе биде ограничено на само 99 примероци.

Специјалното издание е развиено од одделот „Ad Personam“, одговорен за персонализација на возилата.

На клиентите ќе им бидат понудени девет бои на каросеријата инспирирани од оригиналната „Miura“, со контрастни детали во златна или сива боја, ексклузивни тркала и значки „Miura 60“ на праговите.

Внатрешноста има седишта со мотиви инспирирани од оригиналната „Miura“, дополнителен кожен тапацир, вез „Miura 60“ и плочка што потврдува дека е еден од само 99 произведени автомобили.

Нема промени под хаубата. „Revuelto Miura 60° Homage“ е напојуван од познатиот „plug-in“ хибриден систем кој комбинира атмосферски 6,5-литарски V12, три електрични мотори и осумстепен менувач со двојна спојка.

Вкупната моќност е 1.015 КС (747 kW), што му овозможува на овој хипер автомобил да забрза од 0 до 100 км/ч за само 2,5 секунди, додека максималната брзина надминува 350 км/ч.

Компанијата вели дека специјалната серија претставува комбинација од богатата историја на брендот и модерните опции за персонализација по кои е познат „Lamborghini“ денес.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер