Мицкоски од Ресен најави предизборна програма за решавање на сите проблеми на граѓаните

„ВМРО – ДПМНЕ во периодот што следи ќе понуди комплетно нови политики, кои ќе значат решение за сите проблеми.“

Македонија економски тигар на Балканот, фер и честита политика за земјоделците, достоинствен образовен систем и пензионерски живот, враќање на рамниот данок, укинување на акцизата од три денари за дизелот, како и враќање на македонизмот во Македонија и секаде во светот се основните ПОСТУЛАТИ врз кои ќе биде заснована предизборната програма на ВМРО – ДПМНЕ, најави вечерва од Ресен лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

Пред присутните вети дека програмата ќе ја прави заедно со граѓаните, оти ќе ги слушне нивните барања, потреби и ќе се обврзе за нивно решавање.

– ВМРО – ДПМНЕ во периодот што следи ќе понуди комплетно нови политики, кои ќе значат решение за сите проблеми, за оние што ќе можеме да ги решиме. За она што неможеме да го решиме ќе кажеме честито, чесно и отворено: луѓе ние неможеме ова да го решиме поради тие и тие причини. За тоа што ќе ни треба повеќе време ќе кажеме за што ни треба повеќе за што помалку. Ќе мора да бидеме потрпеливи, ќе има решение и за тој проблем. Сакаме отворно често и честито да работиме, без да се затвараме во сали да ги слушнеме маките на граѓаните и да покажеме дека Македонија може поинаку, дека има сила за поинаку, има кадар и капацитет и дека Македонија, Македонскиот народ, но и останатите народи во земјава тоа го заслужуваат, рече Мицкоски.

Основните проблеми што ги мачат граѓаните ширум Македонија, според него, се сиромаштијата и беспарицата.

– Но, најмногу од се е тоа што граѓаните во нашата татковина ја загубија надежта за подобра иднина за перспектива. Убедени се во бесперспективноста и луѓето, а посебно младите одлучуваат да ги спакуваат куферите да ја напуштат Македонија и да ја градат својата иднина некаде далеку во Европа или во преку океанските земји. Секојдневно некој наш сосед, пријател не напушта и заминува поради нереализираните очекувања и неисполнети ветувања, додаде лидерот на опозицијата во обраќањето пред ресенчани во рамки на кампањата „Разговори за Обнова на Македонија – Проблеми, решенија и програма".

Говорејќи за новиот партиски концепт тој се осврна дека се подготвени да ги слупнат аргументите онаму каде што партијата погрешила во минатото и доколку е така да побараат прошка, а добрите потики да ги надградат и прошират, но и оти ќе понудат и нов концепт за функционирање на државата. Во своето обраќање не изостави да ја критикува политиката на власта и лидерот Зоран Заев, потсетувајќи на неговите ветувања за загарантиран откуп и повисоки цени за преспанското јаболко, што, забележа дека во пракса не е така и оти состојбата цената со откупот на јаболката од минатата реколта биле многу лоши. Мицкоски потсети и на случаите „Рекет 1" и „Рекет 2", а најави и нивно продолжување.

– Помина времето на арамиите и на октопод политичарите. Заврши времето на измамниците. Доаѓа времето на луѓето кои ќе бидат отчетни, ќе бидат меѓу народот и ќе поднесат вистинска одговорност за грешките што ќе ги направат, рече Мицкоски.

Упати порака и до останатите етнички заедници во земјава и побара поддрша на, како што рече претстојните предвремени парламентарни избори, нагласувајќи, дека ова е заедничка држава и сите заеднички треба да ја сакаме.

– Вие сте наши соседи, пријатели, браќа, сестри. Тука сме се родиле заедно ги споделиваме истите маки, претпоставувам тука заедно ќе ги завршиме нашите животи. Затоа подржете ги честитите политичари. Подржете го ВМРО – ДПМНЕ и сите оние кои нудат развој и родољубие поддржани на вистинска основа. Оставете ги овие што ве лажат и сами тргуваат со вашите гласови, додаде Мицкоски.

Убеден е дека на следните предвремени парламентарни избори победата на ВМРО – ДПМНЕ ќе биде голема, а со тоа ќе дојде обрската, но и резултатите, и оти тогаш ќе докажат дека можело поинаку и дека Македонија и македнскиот народ заслужуваат подобро. /МИА

Видео: Кристијано и Георгина уживаат на плажа

Еден од најдобрите фудбалери во последните две децении Кристијано Роналдо и неговата вереница Георгина Родригез ги воодушевија своите следбеници на социјалните мрежи со видео.

Кристијано и атрактивната Георгина уживаат во одморот, а поубавата половина на Роналдо ја искористи приликата да објави жешка снимка од плажа во која ги покажува своите бујни облини.

- Во рајот со тебе - напишала Георгина во описот на видеото.

Со Георгина и наследниците, Кристијано Роналдо се бања и одмара, а кога ќе дојде времето за вечера со неговата поубава половина, наздравува и пишува на социјалните мрежи:

- Среќа!

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која знае како да ја внесе Македонија во ЕУ

Нашата историска традиција, нашиот пркос, но и нашата одлучност за европската иднина на Македонија се најдобар доказ дека не се откажуваме.

На вечерашниот митинг кој се одржа во Гостивар, претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, на присутните им порача дека СДСМ е силна партија и ако некој мисли дека тукутака ќе се откажат, тогаш или не ги познава или ги потценува.

„Нашата историска традиција, нашиот пркос, но и нашата одлучност за европската иднина на Македонија се најдобар доказ дека не се откажуваме. И нема да се откажеме. СДСМ е наследник на сојузот на комунистите на Македонија. КПМ е формирана тука во соседство кај вас во Тетово, во 1943 година. Тогаш нашите претходници беа на вистинска страна на историјата и се бореа за слободна, независна држава.

Тогашниот претседател на ВМРО – Ванчо Михајлов беше на страната на фашистите и тој ја бојкотираше таа борба. Во 1993 година кога требаше да влеземе во ОН, благодарение на Киро Глигоров Македонија влезе во ОН, ВМРО – ДПМНЕ и тогаш го бојкотираше влезот во ОН. Подоцна кога требаше да станеме членка на НАТО, ВМРО – ДПМНЕ го бојхкотираше референдумот“, додава Ковачевски.

Со вас, вели тој, успеавме да го срушиме режимот на ВМРО-ДПМНЕ и да ја ослободиме државата од канџите на ВМРО-ДПМНЕ и 11-те години изолација. Оваа влада со поддршката на граѓаните ја внесе Македонија во НАТО, донесе тешки но правилни одлуки и после 30 години, успеа да ги отпочне преговорите со Европската Унија.

„СДСМ е единствената политичка сила знае како да го направи тоа.Затоа бидете сигурни дека заедно со граѓаните со гордо крената глава на 8 мај повторно ќе излеземе на избори и повторно ќе кажеме ДА, ние сме тие кои сме за прогресивна, напредна, европска Македонија“, рече Ковачевски.

Тој додаде дека во средата, во првиот круг на претседателските избори, граѓаните им испратиле силна порака и дека таа порака ја слушнале, ја прифатиле одговорноста и се свесни дека СДСМ мора да се промени за да ја врати довербата на граѓаните.

„Знаеме дека има и незадоволство кај граѓаните. Тоа не го криеме и го кажував во изминатите неколку месеци. Нас нѝ е совршено јасно дека партијата треба да се менува за да ја вратиме довербата на граѓаните. Како човек кој во животот и во кариерата се соочил со многу победи и со порази, добро знам дека првиот чекор кон промена е прифаќањето на сопствените грешки“, порача Ковачевски.

Изборите на 8-ми мај ќе бидат многу тешки за сите, појаснува Ковачевски и вели дека тие ја имале поддршката и кога било најтешко, потсетувајќи дека резултатот сѐ уште не е одлучен.

„Порешителни и пообединети од било кога, ќе продолжиме да се бориме и да ја оствариме нашата заложба – да ја видиме Македонија во ЕУ. Затоа, пред да го дадете својот глас на 8-ми мај, размислете добро кој го заслужува тоа, бидејќи тоа е најмоќниот демократски инструмент кој го имате на располагање. Ние ќе бидеме тука да ги претставуваме сите оние кои нема да се откажат од градење на просперитетно, демократско и европско општество во Македонија“, рече Ковачевски.

Ковачевски додава дека ниту тој, ниту СДСМ нема да се откажат од членството на Македонија во Европската Унија, затоа што со тоа се обезбедува подобар животен стандард, поефикасна борба против криминалот и корупцијата, подобро образование и здравство и држава достојна за сите граѓани.

Петровска до опозицијата: Ќе излезете од НАТО и ќе прекинете преговори со ЕУ?

Вечерва немам намера да ви држам говори полни со демагогии и лажни ветувања, а уште помалку со лажен патриотизам и национализам, рече носителската на изборната листа на СДСМ и коалицијата во Изборната единица шест, Славјанка Петровска.

„Во времињата кога лажниот патриотизам владееше, од Македонија над 70.000 граѓани земаа бугарски пасоши. Во тие времиња студентите беа тепани, а новинарите апсени. Вечерва ќе зборувам за иднината, а тој пат е тежок и макотрпен, но друг пат нема. Секој што ќе ви вети брз и пократок пат, знајте дека ве носи во бездна, ве враќа во минатото, а не кон иднината“ порача Петровска.

Таа се обрати до опозицијата да каже која и каква е алтернативата.

„Ќе излезете од НАТО? Ќе прекинете преговори со ЕУ? Ќе затворите граници со соседите? Ќе седите дома, додека децата ни бегаат преку граница, а вие ќе ја фатите старата песна, да изградите уште една бела палата, додека на народот му се заканувате со меѓуетничка војна? Ова е таа друга опција, почитувани. Нашата опција, пак, е јасно зацртана. Ние не бегаме од тешките прашања и не ги негираме грешките. И ние сме луѓе од крв и месо, и нас не болат неправдите кои доаѓаат однадвор, сите тешки одлуки - и за името и за односите со соседите. Сето тоа и нам ни тежи на душа... Но ние немаме право да Ве лажеме дека има успех без цена, за нашата Македонија да дојде таму кај што природно припаѓа, во цивилизирано, европско семејство“ порача Петровска.

Скопје, 27 април 2024

СДСМ

Фото: Парис Хилтон „како од мајка родена“

Богатата наследничка на ланецот хотели „Хилтон“ – Парис Хилтон неодамна се појави на насловната страница на магазинот „Flaunt“ во разголено издание.

Иако позираше во „костум – како од мајка родена“, оваа 43-годишна убавица носеше додатоци од големите модни куќи – „Версаче“ и „Сен Лоран“.

Провокативната Парис никогаш не била срамежлива да ги покаже деловите од своето тело, но сега според многумина сепак отишла малку предалеку.

притисни ентер