Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
1Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
МакедонијаМицкоски: Македонија во првите пет земји во Европа во растот на БДП според ЕуростатМакедонија во првите пет земји во Европа во растот на БДП според Еуростат - раст на индустриското производство и зголемен број работни места.Целта на денешната прес-конференција се најновите резултати објавени од Државниот завод за статистика, кои се однесуваат на растот на Бруто-домашниот производ. Овие бројки покажуваат дека растот на БДП повторно е меѓу првите пет во Европа, како процент од бруто домашниот производ, што претставува исклучителен резултат. Пред да се осврнам повеќе на бројките, сакам да нагласам дека сум целосно свесен за сложеноста на работите од реалниот живот и тешките околности со кои се соочуваат граѓаните, но со кои и ние како влада се соочуваме. Ги разбирам проблемите, скапиот живот и секојдневните притисоци. Можеби некој има дилема за развојот што го креираме, а ќе има и такви кои на ова ќе гледаат како со потсмев, но сакам да нагласам дека нашата цел е да одиме чекор по чекор напред и грчевито да продолжиме да се бориме за подобар живот. Затоа што јас и сите ние мораме да веруваме дека можеме подобро и дека секој ден, секој час работиме Македонија да забрзува напред. Во продолжение би сакал, да претставам пред вас три важни статистички параметри коишто во изминатиот период ДЗС ги објави; Денеска ДЗС ги објави овие бројки за : 1. Вредноста на растот на БДП според Еуростат, значи ова не вели Владата, не Христијан, не партиите туку Еуростат. Според Еуростат дадени се државите според остварениот раст на БДП, бројка како процент од БДП и ќе забалежите дека ние сме на 5тото место споредено со државите за кои што растот од страна на Еуростат е објавен, но веднаш позади Малта, Полска, Србија се наоѓаме ние практично. Ако се анализираат табелите коишто ги објавува Еуростат ќе дојдеме до заклучок дека седмиот квартал по ред повторно откако се консолидирани институциите остваруваме како Влада рaст на БДП којшто се наоѓа најпрво во првата половина на Европа, а потоа и во првите пет земји во Европа според Еуростат. Повтoрно ќе кажам ова не е показател којшто го објавува Владата туку ова е параметар кој што го објавува Еуростат. 2. Вториот параметар за којшто исто така сакам да зборувам денес е индустриското производство. Овде се сезонски неприлагодени и овде сезонски прилагодени резултати. Ова се индексите на индустриското производтсво. Знам дека ова ќе биде лоша вест за оние коишто не сакаат оваа држава да успее, а со тоа не сакаат и граѓаните да успеат, но ќе морам да ги разочарам , а е добра вест за огромно мнозинство македонски граѓани кога ќе прочитаат дека во Април месец оваа година индустриското производтсво порасна за цели 7,6% споредено со Април месец минатата година. И со тоа во првите четири месеци од годината, во првата третина од 2026та година како ретко која држава во Европа имаме индустриско производство коешто ни е во позитива, мала, 0,2 %, но не е во негатива во услови кога ја имаме најголемата, епски, енергетска криза во светот која што според сите познавачи од оваа област е поголема и од енергетските кризи во 70тите години од минатиот век и онаа енергетска криза од 2022 година кога започна војната во Украина. 3. И третиот параметар којшто исто така е добро да се знае во делот на економијата, повторно ќе биде разочарување за сите оние коишто не сакаат државата да успее, коишто на дневна основа се трудат да испратат што е можно повеќе конструкции и лаги, а тоа е бројот на нови креирани работни места, односно на нововработени. Бројката на вработени е зголемена во првите 21 месец од работењето на оваа Влада; зашто велиме во првите 21 месец ? Затоа што стапката на вработени на крајот од Март 26та година е 707. 385, додека пак кога беше избрана Владата во Јуни 2024тата а тоа е крајот на вториот квартал, бројот на вработени беше 691.736 или отприлика цели 17.000 односно ако добро пресметаме 16 илјади нови креирани нови работни места. Јас знам дека овие информации и овие бројки коишто се само три на денешната прес- конференција, за некои од другите параметри ќе зборува и министерката за финансии, ќе бидат лоша вест за оние коишто се молат оваа држава да не успее, но добра вест за огромно мнозинство граѓани бидејќи Македонија забрзува и Македонија се движи напред. Почитувани претставници на медиумите, почитувана македонска јавност, Целта на денешната прес- конференција беше да објасниме практично што е она што го работиме и какви се бројките. Затоа што Македонија забрзува и државата мора да оди напред. Покажуваме дека со скромни ресурси можеме да направиме многу. Остануваме посветени на решавање на проблемите, враќање на долговите и решавање на нафтената криза, која е увезена. Обезбедуваме инвестиции и отвораме нови работни места. Ние мораме да обезбедиме напредок и да ги оставиме изговорите, нема очајување. Во време кога регионот и светот се соочуваат со сериозни економски, безбедносни и политички предизвици, кога многу држави се борат со последиците од глобалните кризи, инфлациските притисоци, нарушените пазари и геополитичката неизвесност, покажуваме дека може да оди напред. И покрај сложеното опкружување, државата бележи раст, се движи во позитивна насока и покажува дека со одговорни политики, дисциплина и јасен план може да се создава стабилност, да се поттикнува развој и да се отвора простор за подобар живот на граѓаните. Тоа е особено важно затоа што успехот во вакви услови не пред се резултатот на она коешто претставува наследена состојба, туку пред се резултатот на посветена работа, јасни приоритети и решителност државата да не биде заложник на кризите, туку истите да ги решава и да ги надминува. Да не заборавиме дека ова е Влада која останува посветена и на борбата против корупцијата и дека разликата се чувствува во фактот што правдата и правилата мора да важат за секого. Очекувам во периодот што следи темпото и резултатите од работата да бидат уште посилни. Економскиот раст и зголемувањето на БДП не се само бројки- тие се доказ за нашата работа, инвестиции и заедничка посветеност кон подобра иднина. Нашата цел е силна, стабилна и конкурентна економија што ќе создава нови работни места, повисоки плати и подобар животен стандард за сите. Ќе продолжиме со политики што поттикнуваат развој, иновации и економски напредок. Заедно, чекор по чекор, ја градиме иднината на нашата држава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
СветНапнати избори во Бразил- Лула и Болсонаро си разменуваа навреди на завршната дебата Бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро и претседателот Луиз Инасио Лула да Силва вчера, за време на последното претседателско соочување пред вториот круг од изборите, се судрија околу трошоците за живот и разменија лични напади, пишува Ројтерс.Во неизвесна трка, двајцата кандидати се обидоа да ги освојат неодлучните гласачи. Болсонаро, син на поранешниот претседател Жаир Болсонаро, беше пред Лула во првиот круг од изборите претходно овој месец, но анкетите на јавното мислење покажуваат дека двајцата кандидати се изедначени оваа недела. За време на соочувањето што траеше повеќе од два часа на Globo TV, најгледаниот канал во Бразил, Болсонаро и Лула ги повторија своите предлози за кампањата со акцент на теми како што се трошоците за живот, социјалната помош и безбедноста, обвинувајќи се меѓусебно за корупција. Обвинувања и навреди Лула, кој се кандидира за четврти мандат откако повторно ја освои претседателската функција во 2022 година, ја бранеше одлуката на неговата влада да ја зголеми минималната плата над стапката на инфлација. Тој истакна дека неговата администрација им помогнала на милиони Бразилци да избегаат од глад. Претседателот рече дека помладиот Болсонаро е „како студент што учи за приемни испити на универзитет - може да се сети на работи, но не може да ги научи“. Тој исто така додаде дека „во оградената населба каде што живее Болсонаро, луѓето не гладуваат“. Болсонаро возврати тврдејќи дека цените на храната за Бразилците се зголемиле за време на администрацијата на Лула и ја критикуваше даночната реформа одобрена од сегашната влада, предвидувајќи дека новите правила ќе го зголемат даночниот товар врз потрошувачите. „Лула дури и не се сеќава кога последен пат отишол на шопинг, бидејќи сега живее во луксузен дворец“. Во првите неколку блока од дискусијата, двајцата кандидати главно останаа во рамките на дадените теми и ги ублажија личните напади што ја карактеризираа нивната единствена претходна конфронтација во оваа кампања. Жешка дебата Во еден момент, Болсонаро му се извини на Лула откако изјави дека претседателот им дава на Бразилците со едната рака, а „зема со девет прсти“. Имено, Лула го изгуби малиот прст од левата рака во несреќа додека работеше како стругар во фабрика. „Нема да дозволам некој богат човек со исклучително сомнителна политичка практика да ме нарече „девет прсти““, рече сегашниот претседател, барајќи повлекување на таа изјава. „Лула, ако те навредив нарекувајќи те „девет прсти“, искрено се извинувам, искрено се извинувам“, рече Болсонаро. Но, тој веднаш додаде: „Дали ќе им се извинуваш на Бразилците кои страдаат поради несигурност... и кои се во долгови?“ Дебатата се вжешти во последните минути од дебатата, кога на кандидатите им беше дозволено да се соочат еден со друг без ограничувања од модераторот, обидувајќи се да се поврзат со измамата поврзана со банката Банко Мастер. Лула го притисна Болсонаро за наводните врски со затворениот банкар на банката, Даниел Воркар, додека Болсонаро го праша Лула за обвинувањата поврзани со неговиот син и измамата со пензискиот фонд. Оваа дебата беше еден од последните настани во кампањата откако бразилскиот изборен закон им забранува на кандидатите да емитуваат реклами на радио и телевизија почнувајќи од саботата.Тагови: Болсонаро Бразил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветАмериканскиот министер за одбрана: Кина се инфилтрира во умовите на нашите студенти Министерството за одбрана на САД ги прогласи културните центри финансирани од Кина на универзитетските кампуси, познати како Институти Конфучие, за закана за националната безбедност на САД, изјави министерот за одбрана Пит Хегсет.Вашингтон долго време ги обвинува Институтите Конфучие дека служат како алатки за кинеската пропаганда и презеде чекори за ограничување на нивните активности. Хегсет: Нивната цел е да крадат интелектуална сопственост и да инфилтрираат студенти Во видео објавено на социјалните мрежи, Хегсет тврди дека Институтите Конфучие на американските универзитети работеле тајно и дека Пентагон ги вклучил на списокот на институции што ја загрозуваат националната безбедност на САД. „Се испостави дека на 30 универзитети се појавиле 80 нови пропагандни ќелии, користејќи различни имиња и статути, но со иста цел: да крадат интелектуална сопственост и да се инфилтрираат во умовите на американските студенти“, рече Хегсет. Во текот на изминатите два месеци, Министерството за одбрана „систематски ги разби секоја од овие организации“, додаде тој. Кинеската амбасада во Вашингтон не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар.Тагови: Кина студенти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканГрчки гигант за брза храна проневерил 150 милиони евра- во измамата учествувале над 120 лицаГрчката Дирекција за борба против организиран криминал разби голема мрежа за даночна евазија во познатиот синџир за брза храна „Пица Фан“. Во голема операција спроведена во Атина и Солун, уапсени се 23 лица - вклучувајќи го сопственикот и раководителите на компанијата - додека кривичните обвиненија опфаќаат вкупно повеќе од 120 лица,објави Зугла. Снигата работела од најмалку 2016 година. Измамата се базирала на манипулирање со централен систем за нарачки: на вработените им се нудела опција за „посластица“ за одредени нарачки преку посебен алгоритам. Парите би се собирале од клиентот, но никогаш не би се издавала фискална сметка. Во исто време, системот чувал тајна, паралелни сметководствени евиденции за да се евидентира реалниот промет и „црните“ пари. Заработката им била предавана во готово на водачите на групата на месечни состаноци во трговски центар. За да се покрие трагата на парите, водачите префрлиле 99,99% од сопственоста на домашната компанија на офшор компанија во странство. При претресот на деловни и приватни простории, запленети се над 1.280.000 евра во готово (од кои околу 1,17 милиони евра се пронајдени во таен сеф во вилата на сопственикот на компанијата), 92 луксузни часовници (Rolex, Patek Philippe, Audemars Piguet) и скап дијамантски накит, шест луксузни автомобили и три мотоцикли, како и 52 компјутери, хард дискови и обемна електронска опрема. Штетата предизвикана на грчкиот буџет се проценува на повеќе од 35 милиони евра неплатен ДДВ и данок на добивка, додека скриената даночна основа надминува 150 милиони евра. Покрената е постапка за замрзнување на сите средства на сите осомничени и поврзани компании.Тагови: брза храна Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter