Мицкоски: Ќе бараме надзорна расправа за пропаѓањето на Еуростандард

Крајната цел на протестите е што побрзо оваа власт која ја води во амбис државата не нуди ништо, а не може да видиме ниту некоја предвидлива иднина. 

И во ваква ситуација немаме ни минута повеќе, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на телевизија Канал 5 во емисијата „Само интервју“.

Според него еден од легитимните начини да се протестира е улицата, вториот начин е парламентот.

„Таму во парламентот колку што може да видите, ВМРО-ДПМНЕ, а и другите опозициски партии едвај се борат за збор. Ќе имаме многу предлози, еве да најавам ексклузивно за вашата емисија ќе имаме надзорна расправа не само за струјата, туку и за Еуростандард банка, потоа за злоупотреба на европските фондови, како случаите со берберницата, за тренинг на магариња“, посочи Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се осврна и на фактот дека конкретно за струјата покачувањето ќе биде и поголемо.

„Власта не уверува дека имаме најниска цена во регионот. Тоа не е точно затоа што вие ако ја споредите во киловат час којашто ја плаќаат македонските граѓани визави просечната плата во државата сме во топ три држави во Европа“, истакна Мицкоски.

„ВМРО-ДПМНЕ има капацитет да понуди подобро општество отколку ова што денеска е реалност“, појасни Мицкоски.

Мицкоски посочи дека со СДСМ на власт пропаѓаат банки, се поскапува електрична струја, со тоа не се придонесува за подобар живот кој што го ветуваа.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Њујоршката полиција упадна во кампусот на Универзитетот Колумбија и упаси десетици лица

Синоќа полицијата во Њујорк со дозвола од Универзитетот колумбија упадна  во универзитетската зграда Хамилтон Хол заземена од активисти кои протестираат против војната на Израел во Газа.

Универзитетот е лоциран во центарот на Њујорк во близина на Менхетн. Полицијата упадна преку вториот кат од зградата со помош на поставена рампа и растури толпа од околу 200 активисти, по што пред влезот на универзитетот дојдоа неколку полициски автобуси да ги транспортираат лицата кои беа уапсени за време на упадот. Од извештаите се дознава дека се упасени десетици демонстранти, но и дека многумина од нив не се студенти. За време на упадот полицијата употребила шок-гранати. Претседателот на сад Џо Бајден синоќа изјави дека демонстрациите треба да бидат мирни, и порача дека насилното заземање на зградите не е мирен протест, и оти тоа е погрешно“.

ССМ организира протест по повод Меѓународниот ден на трудот - 1 мај

Меѓународниот  празник 1 мај  е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. 

Овој празник се одбележува на овој ден во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од први до четврти мај 1886 г. во Чикаго, организиран со цел воведување на осум-часовен работен ден. Синдикатите секоја година низ светот излегуваат на масовни протести со цел да ги потсетат властите за своите права. И кај нас Сојузот на синдикатите на Македонија од 11 часот организира протест по повод меѓународниот ден на трудот. Протестот го следи Сандра Спасовска.

Почна ли протестот , и какви пораки се очекува да испратат синдикатите?

„Гответе со Дракче“ - Слатко од јагоди

Во вторник (30.04.2024) во емисијата гостин ни беше Стојна Костовска.

Состојки за денешниот рецепт:

1 кг. јагоди

800 гр. шеќер

1 л. вода

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер