Мицевски: Денеска е ден за протести и будење на Македонија.

Денес не е ден кога треба да се зборува за други теми во Собранието на Република Македонија.

Денеска е ден за протести и будење на Македонија.

Македонија не задолжила сите и македонци и турци и албанци, бошњаци , срби, роми и сите останати граѓани на нашата земја.

Вчера беше понижувачки ден за македонскиот народ, македонската држава и македонските национални интереси.

Вчера беше ден кога целата македонска јавност беше сведок на најсервилното интервју во изминативе триесет години од било кој политичар.

Никој досега на ваков начин не ја клекнал на колена Македонија и македонскиот народ.

Вчера Зоран Заев ја понижи Македонија. Вчера Зоран Заев наместо македонските интереси ги застапуваше бугарските интереси и со полно право нашиот народ е бесен и се чувствува понижен.

Денес е ден кога приоритет треба да бидат македонскиот народ и Република Македонија кои што како никогаш досега се загрозени од овој човек кој што е спремен на се, на штета на националните интереси.

Денеска треба да се повикаат во Собранието Зоран Заев, Никола Димитров и Бујар Османи, ако треба и на затворена седница, да се поразговара за македонските црвени линии и да бидеме информирани како пратеници што е тоа што преговара и што се е спремен Зоран Заев да продаде од македонската држава.

Дополнително, како Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ повикуваме денеска, македонскиот народ да се обедини на над партиски протест со почеток од 18:00 часот од СЦ Борис Трајковски кој ќе заврши пред Владата, заради пандемијата со КОВИД 19 , замолуваме на почитување на мерките и протоколите за заштита.

Никола Мицевски, координатор на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија

Сандерс: Не е антисемитски да се каже дека владата на Нетанјаху уби 34.000 Палестинци

Американскиот сенатор Берни Сандерс денеска му порача на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека „не е антисемитски да се каже дека екстремистичката влада“ на Нетанјаху убила повеќе од 34.000 Палестинци.

Американскиот сенатор Берни Сандерс денеска му порача на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека „не е антисемитски да се каже дека екстремистичката влада“ на Нетанјаху убила повеќе од 34.000 Палестинци и повредила повеќе од 77.000 за нешто повеќе од шест месеци.

„Господине Нетанјаху, антисемитизмот е гнасна и одвратна форма на фанатизам што на милиони луѓе им нанесе невидена штета. Но, ве молиме, не ја навредувајте интелигенцијата на американскиот народ обидувајќи се да ни го одвлечете вниманието од неморалните и незаконски политики на вашата екстремистичка и расистичка влада“, напиша Сандерс на својот профил на мрежата X.

Почнува втората фаза од парламентарните избори во Индија

Денеска во Индија почна втората фаза од гласањето на најголемите избори во светот.

Денеска во Индија почна втората фаза од гласањето на најголемите избори во светот, додека актуелниот премиер Нарендра Моди и неговите ривали се фокусираат на горливите прашања како што се верската дискриминација, позитивната дискриминација на обесправените групи и даноците. Речиси една милијарда луѓе имаат право да гласаат на парламентарните избори во Индија.

Индиските 5-неделни парламентарни избори денеска влегоа во нивната втора фаза со гласање во 4 држави во североисточниот дел на земјата. Безбедносните мерки се на зголемено ниво заради спречување на обидите на вооружени сепаратисти или племенски групи да го нарушат гласањето.

Владејачката Индиска конгресна партија и партијата на Хинду националистот Баратија Џаната предводат коалиции од помали и регионални партии.

Изборите ќе се одржат во 10 фази и треба да завршат до 12 мај. Пребројувањето на гласачките ливчиња ќе трае до 16 мај, кога се очекуваат и првите резултати.

Во петте недели право на глас имаат околу 815 милиони луѓе.

Саудиски „Арамко“ нов глобален партнер на ФИФА

Саудискиот нафтен гигант „Арамко“ ќе биде главен глобален партнер на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) заклучно со крајот на 2027 година, соопшти ФИФА.

притисни ентер