Меланија Трамп лани само на облека потрошила над 250 000 долари

Првата дама на САД, Меланија Трамп потрошила лани повеќе од 250 000 долари само на облека, пренесува Elle.

Дека за време на мандатот на нејзиниот сопруг ќе се зборува многу за нејзиниот стил, веќе беше јасно на инаугурацијата каде се појави во впечатлива светло сина комбинација со потпис на Ралф Лорен, а најголем дел од облеката во нејзината гардероба ја потпишуваат најлуксузните модни брендови како Диор, Луј Витон и Марк Џејкобс.

Значи, не изненадува што се поставува прашањето во јавноста кој плаќа за целата нејзина облека и дали е облечена од даночните обврзници? Но, одговорот на тоа прашање беше пријатно изненадување за јавноста.

Всушност, Меланија плаќа за целата нејзина облека, според портпаролката на Белата куќа, Стефани Гришам, и ако се верува на уште информации што се појавија во јавноста, Меланија Трамп има неверојатни 38 милиони долари на нејзината банкарска сметка, пишува Elle.

притисни ентер