Меган Маркл со новата објава на Инстаграм за постигнат голем успех

Британскиот уредник на Вог,  Едвард Енинулиф во вчера објави дека септемврискиот број, во кој Меган Маркл беше гостин уредник, е најбрзо продадениот број во историјата на британското издание на Вог.

За да прослави, војвотката сподели на Инстаграм видео во кое таа и Едвард зборуваат за ова значајно прашање.

На снимката, многу расположената и насмеана војвотка во еден момент му дава шешир со светки на Едвард. Енинулф инсистира на тоа дека Меган е родена уредничка, пренесува магазинот Hallo.

Earlier today @edward_enninful, the Editor in Chief of @britishvogue shared: “#ForcesForChange, guest edited by The Duchess of Sussex @SussexRoyal, was our fastest-selling issue in the history of #BritishVogue ( sold out in 10 days) and the biggest-selling issue of the past decade. I can't wait to see what 2020 has in store...” • To celebrate, we wanted to share this never before seen video behind the scenes with Edward and The Duchess of Sussex on the creation of this special issue. Please note, this was filmed last August in London. Congratulations to all of those who took part in the 2019 September issue, and huge thanks to those who supported and helped make this a success! Video credit: Directed by @kloss_films Copyright @sussexroyal

A post shared by The Duke and Duchess of Sussex (@sussexroyal) on

„Никогаш не сум видел нешто слично. Бевте вклучени во целиот процес, од почеток до крај“, истакна Едвард.

Тој додаде дека бил многу возбуден кога одел во палатата Кенсингтон за да се сретне со Меган.Војвотката рече дека им го оставила модниот елемент на професионалците.

„Единствената работа што ги прашав е: Дали сте запознаени со кралскиот моден стил и кодексот на облекување? ' и „Може ли да претставите во овој број облека што е направена од одржливи материјали?“ Се останато им го оставив на експертите “, коментира Меган.

Пахор подготвува предлог за дијалог меѓу Белград и Приштина

Поранешниот претседател на Словенија, Борут Пахор, денеска соопшти дека подготвува нацрт за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Поранешниот претседател на Словенија, Борут Пахор, денеска соопшти дека подготвува нацрт за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина, кој, како што наведе, сака прво да го координира со високиот комесар на ЕУ за надворешни работи и безбедност. Политика, Жосеп Борел.

„Поранешниот претседател Пахор подготвува нацрт и рамка за продолжување на дијалогот, но тој сака прво да го усогласи со високиот претставник за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел и земјите-членки на ЕУ, особено со земјите од Квинта“, објави на профилот на X.

Пахор нема да одговара на новинарски прашања и барања за интервјуа што ги добива во пресрет на улогата на кандидат за специјален претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина и други регионални прашања.

Шкријељ: Со заедништво и јасна визија да ја придвижиме државата кон она што сите го заслужуваме

Со заедништво и јасна визија да ја придвижиме државата кон она што сите го заслужуваме, европска иднина.

Санела Шкријељ, кандидат за пратеник во ИЕ2

Пратеничката на СДСМ Санела Шкријељ по повод 27 април, годишнината од крвавиот четврток во Собранието, во својата изјава пред Собранието изјави:

Собранието е претставнички дом на граѓаните и место каде треба да се натпреваруваме со идеите за подобар квалитет на животот на сите граѓани, а не со насилство. Можеме да имаме различни ставови по секое едно прашање и да ги спротивставуваме своите аргументи за тоа, но никогаш повеќе не смееме да дозволиме пратениците, собраниските служби, новинарите и медиуските работници на најбрутален и насилнички начин да бидат нападнати и да им биде загрозен животот токму тука, во она што треба да биде храмот на демократијата.

Како пратеници, треба да покажеме дека државата ја сакаме со ум, а не со насилство. Да се спротивставиме на политиките на делби и ширење омраза, да не дозволиме повторно газење врз слободата, врз демократијата, пресметување со неистомисленици, напади врз новинари. Со заедништво и јасна визија да ја придвижиме државата кон она што сите го заслужуваме, европска иднина!

Нема откажување од иднината!

СДСМ

Левица со антикорупциска платформа ќе се бори против неказнивоста на функционерите

Денес, носителот на листа од Левица - Јована Мојсоска ја презентираше предизборната програма меѓу жителите во Ресен.

Левица, како партија на нова генерација политичари без криминален багаж, на овие избори настапува со своја антикорупциска Платформа, како единствен механизам против корупцијата која го разјадува македонското општество.

Народот доволно беше сведок како политичките елити три децении се амнестираат, како што беше случајот со последните измени на Кривичниот Законик, каде беа амнестирани над 80 функционери од поранешната и актуелната власт!

Антикорупциската платформа на Левица се темели на неколку клучни точки:

- Итно носење на Закон за потекло на имот на сите носители на јавни функции, од осамостојувањето до денес (1991–2024) – како lex specialis;

- Незастарување на кривичните дела поврзани со т.н. економски криминалитет и корупција извршени од страна на јавните функционери;

- Трикратно зголемување на рокот на застареност во Кривичниот законик за делата сторени од носителите на јавни функции, поврзани со т.н. службенички криминалитет.

-Проширена конфискација (кривична или граѓанска) на нелегално стекнатиот имот на досегашните владејачки структури и олигарси – не само од нив лично, туку и од нивни блиски роднини, пријатели/партнери или трети лица.

- Разрешување на судија по сила на закон на кој му застареле три предмета во кариерата и поради кои Република Македонија ќе изгуби спор пред Судот во Стразбур со цел ставање крај на партизацијата на судството.

На криминалното и анти-македонско владеење на СДС и ДУИ ќе им пресуди народот на 8 Мај, а потоа мора да има ригорозна одговорност за економскиот, социјален и национален пустош кој го оставија во нивното катастрофално владеење!

Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица

притисни ентер