Меган и Хари шокирани и тажни што никој не им верува дека за малку ќе загинале

Брачната двојка, актерката Меган Маркл и принцот Хари не очекувале дека никој нема да им поверува дека „бркотницата “ со папараците во Њујорк за малку ќе „завршела трагично“.

Според нив бркотницата од минатата недела со папараците во Њујорк траела скоро два часа и „речиси завршила фатално“

Двојката преку својот портпарол ја информираше јавноста дека папараците два часа ги бркале низ улиците на Њујорк и дека за малку сè ќе завршело катастрофално.

Полицијата тогаш се огласи и возењето го нарече „предизвикувачки“, но изјавија дека нема инциденти, додека градоначалникот на Њујорк рече дека сè ќе се испита и дека му е многу тешко да поверува дека некој се тркал низ пренатрупани улици, во градот цели два часа.

Хари и Меган се шокирани од одговорите и реакциите на нивното „страшно искуство со бркање со автомобил“, ексклузивно открива извор во новото издание на Us Weekly.

- Тие инсистираат дека нивната приказна за бркотницата со автомобил апсолутно не била претерување, а луѓето да го кажат спротивното е толку болно и несоодветно - се додава.

Трамп ја обвини реториката на Бајден и Харис за наводниот нов обид за атентат

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја обвини реториката на американскиот претседател Џозеф Бајден и потпретседателката, демократската претседателска кандидатка Камала Харис, за наводниот нов обид за негово убиство.

-Нивната реторика ги тера да пукаат во мене, кога јас сум тој што ќе ја спаси земјата, а тие се оние кои ја уништуваат земјата, изјави Трамп за Фокс њуз, пренесе агенцијата.

„Поради тој наратив на комунистичката левица, куршумите летаат и само ќе се влоши“, рече Трамп доцна синоќа на својата социјална мрежа „Вистина“.

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека го осудува политичкото насилство.

-Отсекогаш сум го осудувал политичкото насилство. Секогаш ќе го осудувам, рече Бајден.

Уапсениот осомничен во истрагата за наводниот обид за атентат на Доналд Трамп „воопшто не пукал“, соопштија вчера претставници на Тајната служба.

Осомничениот кој беше уапсен во неделата доби кривична пријава за недозволено држење на оружје и поседување оружје со избришан сериски број, пренесе Бета. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Боранија со пилешко

Во понеделик (16.09.2024) во емисијата гостин ни беше Андријана Јаневска

Состојки за денешниот рецепт:

300 гр. - 500 гр. боранија

1 парче стек

1 мала павлака за готвење

2 јајца

1 главица кромид

2 лажици црвен мелен пипер

масло за јадење

сол и зачини по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Пи Диди уапсен поради трговија со луѓе

Хип-хоп магнатот Шон „Диди“ Комбс е уапсен во Њујорк под „неодредени федерални обвиненија“, изјавија федералните власти, јави Би-Би-Си.

Апсењето на Менхетен уследи по рациите на два негови имоти во Лос Анџелес и Мајами во март. Лице блиско до обвинителството за „Њујорк тајмс“ изјави дека верува оти познатиот американски рапер е обвинет за рекетирање и трговија со луѓе во својство на сексуална експлоатација.

Адвокатот на Комбс, Марк Агнифило, рече дека се „разочарани“ од апсењето и дека неговиот клиент е „невин човек“. Музичарот се соочи со низа обвинувања, од сексуален напад до малтретирање, вклучувајќи ги и оние од неговата поранешна партнерка Касандра „Каси“ Вентура. Тој негираше се за што беше обвинет. /МИА

притисни ентер