Норвежаните дојдоа на Светското првенство со многу храна: Имаат готвачи за Халанд и другарите, спакувале 300 кг риба во авионот
2Норвежаните дојдоа на Светското првенство со многу храна: Имаат готвачи за Халанд и другарите, спакувале 300 кг риба во авионот
3Видео-фото: Светот ја чекаше нивната реакција, погледнете што направија фудбалерите на Иран за време на пеење на химната
ТенисМедведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во МајамиРусинот Андреј Медведев и Италијанецот Јаник Синер ја сочинуваат првата полуфинална двојка на тенискиот Мастерс во Мајами, САД.Ова е епилогот по првите два четвртфинални меча на кои Медведев го совлада чешкиот тенисер Николас Јари со 2:0, додека Синер беше поуспешен од Томас Махач (Чешка) исто така со 2:0. Другите двајца полуфиналисти ќе бидат познати по денешните мечеви: Александар Зверев (Германија) – Фабијан Марожан (Унгарија) Карлос Алкараз (Шпанија) – Григор Димитров (Бугарија).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваВидео: За 90 минути од тотален анонимус до планетарна ѕвезда! Голманот на фудбалската селекција на Зеленортските острови Возиња преку ноќ стана глобална сензација - Инстаграмот му експлодираше, бројките станаа нереални.Во моментот кога влезе на стадионот во Атланта, 40 голман Возиња имаше едвај повеќе од 40.000 следбеници на Инстаграм. Јосимар Диас не е име кое беше познато на пошироката публика. Тој беше попознат по името Возиња, што на португалски значи „баба“. Сепак, голманот на островите Капо Верде или Зеленортските острови преку ноќ од тотална анонимност стана планетарна ѕвезда. Со своите одбрани на дуелот против можеби првиот фаворит за светскиот трон Шпанија, овој 40-годишен голман ја создаде можеби најголемата сензација во историјата на Светското првенство, бидејќи му донесе бод на својот тим во дуелот со Шпанија, актуелниот шампион на Европа. Пред да зачекори на стадионот во Атланта, Возиња имаше едвај повеќе од 40.000 следбеници на Инстаграм. Натпреварот заврши, а бројот скокна на неверојатни два милиони следбеници. Но бројките не застануаа тука. Само пет часа по завршувањето на натпреварот, бројката надмина пет милиони! Ќе биде интересно да се види колку следбеници од целиот свет ќе добие овој симпатичен голман до крајот на Мундијалот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЏенифер Лопез ја воодушеви публиката на концертот на Дејвид Гета во ПаризСветската музичка ѕвезда Џенифер Лопез блесна на сцената како специјален гостин на концертот на еден од најдобрите светски ди џеји Дејвид Гета одржан викендов во Париз.Мегапопуларната Џеј Ло беше специјална гостинка на големиот концерт на францускиот диџеј и продуцент Дејвид Гета на стадионот „Стад де Франс“ во Париз, каде што имаше неверојатен настап пред околу 80.000 луѓе. Таа се појави на сцената за време на првиот настап од серијата „Ultimate Monolith Show“, што предизвика големо воодушевување кај публиката. Со Гета, таа ја изведе заедничката песна „Save Me Tonight“, која беше објавена претходно годинаВА и веќе стекна огромна популарност. По заедничкиот настап, таа го изведе и својот познат хит „On The Floor“, додека публиката пееше заедно со неа и го следеше секое нејзино движење. Целиот спектакл беше заокружен со ласерски ефекти, сценска продукција и огномет.Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПотпишана е декларација за намери за превенција на насилство кај младитеВо Скопје потпишана е декларација за намери за превенција на насилство кај младите .Во Скопје потпишана е декларација за намери за превенција на насилство кај младите во рамки на националната работна група за превенција на насилството кај младите, предводена од министерството за социјална политика, демографија и млади со поддршка на ОБСЕ денеска се одржува во Скопје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter