3Уставен го укина преименувањето на улици во Тетово: Антиалбанска одлука или политичка злоупотреба на јасен правен случај?
ТенисМедведев крши рекети во Франција и ја навредува публиката: Што е, мајмуни! (ВИДЕО)Данил Медведев, рускиот тенисер и до неодамна рекет број еден во светот, беше поразен во осминафиналето на турнирот во Мец од Швајцарецот Стен Вавринка со резултат 2:1 (6:4, 6:7. , 6:3).Сепак, повеќе од поразот, кој не е изненадување поради катастрофалната форма, шокантна беше реакцијата на Русот кој „полуде“ по исвиркувањето од публиката. Тој ја исмејуваше француската публика гестикулирајќи со рацете како да сака да им каже „Што е, мајмуни“. Medvedev proceeds to make fun of the French crowd - by calling them monkeys (?) - after they boo him for throwing his racket… If there’s one thing you don’t do towards a French crowd, it’s provoke them… pic.twitter.com/ZbrfchbbKF — Olly 🎾🇬🇧 (@Olly_Tennis_) September 22, 2022 Сето ова следеше по свирежот од трибините кога Русинот го скрши рекетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПочна амандманската расправа за законите за јавнообвинителска и за судска службаДенеска во Собранието продолжи амандманската расправа со поднесени 105 амандмани за судската и 27 за јавнообвинителска служба. По бројните критики од судските и јавнобвинителските службеници дека новите реформски предлог закони за нивната служба не ги исполнуваат основните барања особено во делот на растот на платите и регулирање на нивната работна положба, претседателката Гордана Сиљановска Давкова вели дека ги разбира нивните дилеми и порача да се разгледаат решенија во област на финансирањето. -Државниот јавен обвинител кој што посочи дека гледа излезни решенија во поглед на финансирањето и јас мислам дека треба да му веруваме. // Значи, останувам дека во право се сите во судството и во останатите правосудни институции, дека без финансиски средства не може да се има и независно судство и ефикасно и ефективно судство. - Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на Македонија Денеска во Собранието продолжи амандманската расправа со поднесени 105 амандмани за судската и 27 за јавнообвинителска служба. Од опозицијата побараа посериозно разгледување на амандманите и предупредија дека има опасност овие два реформски закони да не ги задоволуваат европските стандарди по што би биле повторно вратени на доработка. Министерот за правда – Игор Филков пак со кратки образложенија одби поголем дел од амандманите. -Ние предлагаме да се укине правото министерот за правда да носи одредени правилници како што се предвидува сега , за унапредување, за вработување, односно тие правилници да бидат изготвувани од Судскиот совет затоа што сметаме дека и те како е опасно вакви правилници во Судската власт да зависат од дискреционото право на претставник од извршната власт. Дополнително, она што е спорно дека повторно се воспоставува директна зависност и од министерството за финансии, така да ние можеме да имаме опасни преседани каде министерството ќе одлучува за вработување и издвојување на средства за судската власт. - Јована Мојсовска, пратеничка од Левица -Добивте практично шлаканица од претставниците на синдикатите и судските службеници – многу јасно ви кажаа дека овој закон не е добар, не е е реформски и нема да доведе до зголемување на правата на судските службеници.// Не е доволно само да ни кажете дека сте против, потребно е да ни кажете како вие овој реформски закон го усогласувате со барањата на европската унија, мораме да добиеме повеќе информации, не само сила, не само ваше негирање - не се прифаќа и тоа да е единствениот аргумент. - Соња Мираковска, пратеничка од НСДП -Амандманот не се прифаќа.- Игор Филков, Министер за правда По добиените критики на минатата јавна расправа, од ресорното министерство посочија дека токму поради рокот од реформската агенда кој истекува месецов, побрзале со предлог законите. Инаку, преку овие два реформски закони, Брисел налага да се регулираат платите на судиите, обвинителите, како и на судската и обвинителската служба. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Кавадарци наскоро добива Био ПазарГрадоначалникот Митко Јанчев заедно со претседателот на Совет на Општина Кавадарци д-р Стојанчо Рамов, и служби од Локалната самоуправа, беа на увид во градежните активности на Био Пазарот.Изградбата на овој Био Пазар ќе обезбеди современ, уреден и сертифициран простор каде локалните земјоделци, органски производители и мали семејни бизниси ќе можат директно да ги продаваат своите производи, без посредници – по фер цени, со зголемена доверба од потрошувачите. Инвестиција на Општина Кавадарци во вредност од 26.500.000 ден плус ДДВ. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар12:55Регулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59
Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
МакедонијаУставен го укина преименувањето на улици во Тетово: Антиалбанска одлука или политичка злоупотреба на јасен правен случај?Наместо да го штитат албанскиот интерес, судиите Албанци во уставниот суд се занимаваат со дневна политика, реагира Општина Тетово по одлуката со која беше укинато премиенувањето на улиците во 2007 година. Оттаму велат дека албанските судии во Уставен не требало да дозволат отворање на постапката во време кога општината го финализира процесот на официјално преименување на улиците во градот бидејќи за претходното никогаш немало владина одлука. -Одлуката за преименување на улиците во Тетово никогаш не стана правосилна, бидејќи четирите влади во кои учествуваше ДУИ по 2007 година не ја усвоија како владина одлука. Поради тоа, овие имиња никогаш не беа евидентирани ниту во Катастарот, ниту во Централниот регистар.- Општина Тетово Во 2007 година десетина улици но и плоштадот добија нови имиња кога општината ја водеше ДУИ. Меѓу нив се: Плоштадот „Маршал Тито” преименуван во „Илирија“. Улицата „Маршал Тито“ преименувана во „Илирија“. Улицата „ЈНА“ преименувана во „Дервиш Цара“. Улицата „29 Ноември“ преименувана во „Мехмет Паша Дерала“. Улицата „Ленин“ преименувана во „Сами Фрашери“. Новите имиња беа испишани на табли а се користеле и во документи на општината, претпријатија и други фирми иако тогашната Влада предводена од ВМРО ДПМНЕ и ДПА не дала согласност. Локалните институции и по доаѓањето на Билал Касами од Вреди продолжиле да ги користат старите имиња. Но по иницијативата на општинската организација на Сојузот на борци, Уставен суд во март поведе постапка а пред неколку дена ја укина одлуката бидејќи е спротивна на Уставот и Законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти. Значи дека општина Тетово ги преименувала улиците и плоштадот без претходна согласност од Влада. Во рамки на претходната постапка во четири наврати беше побарано од Општина Тетово да се достави целокупната документација, а притоа согласноста од Владата не беше доставена. Уставниот суд во три наврати се обрати и до Владата со барање за достава на бараната согласност, но истата не беше доставена, наведе Уставен кога изрази сомнеж дека овој законски услов е исполнет. Во меѓувреме Општина Тетово формираше работна група која работи на преименување на улиците во градот и процесот како што информираат е во финална фаза. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter