Манасиевски: Стравот на Венко Заев и СДС е дека гласовите од дијаспората нема да одат на нивното конто
1Манасиевски: Стравот на Венко Заев и СДС е дека гласовите од дијаспората нема да одат на нивното конто
3Видео: Наредена итна евакуација и воведени посебни мерки за 12.000 луѓе! Пожари во популарни европски одморалишта
Веб ТВМеџити е оптимист дека ќе има скорешно решение за полагање правосуден испит и на Албански јазикВладата изготвува решение за полагање на правосуден испит и на Албански јазик.. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Стравот на Венко Заев и СДС е дека гласовите од дијаспората нема да одат на нивното контоСтравот на Венко Заев и СДС е дека гласовите од дијаспората нема да одат на нивното конто, затоа што тие луѓе си заминаа од државата токму поради нивното катастрофалното раководење.Катастрофалното раководење на Венко Заев и СДС со државните институции, сојузништвото со криминалот и корупцијата, како и понижувањата на национално ниво, натера голем број на наши сограѓани да ја напуштат повремено или пак трајно нашата држава. Венко Заев и СДС, не само што ги избркаа граѓаните од државата, сега не сакаат ниту да им го олеснат начинот на гласање на изборен циклус во Македонија, затоа што знаат дека нема да ја добијат нивната поддршка односно поддршката од страна на македонската дијаспора и поради тоа, жестоко го блокираат Изборниот законик со над 10 илјади амандмани. Тоа е вистинската причина за блокада на Изборниот законик. Страв од уште поголем пораз на следните избори. Јасно се гледа дека Венко Заев нема никаква визија во својата политика, освен да и наштети на државата и нејзините граѓани на било каков можен начин. Изборниот законик го поздравува и Амбасадорот на ЕУ во Македонија, господинот Михалис Рокас, кој додаде дека Македонија ја исполнува обврската која ја има преземено во делот на испорачување на Реформската агенда и јасно бара консензус на сите политички партии за овој Закон, само Венко Заев се противи и смета дека доколку создава блокада на реформските закони дека така ќе добие политички поен повеќе. Граѓаните ја прочитаа намерата на Венко Заев и СДС и затоа на следниот изборен циклус ќе ги доведат на маргините. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаИлјадници на протест против АфД во ЕрфуртИлјадници граѓани кои се против крајно десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD/АфД) денеска излегоа на улиците на Ерфурт, блокирајќи ги патиштата што водат до местото на одржување на нејзината годишна конвенција. Демонстранти од синдикати, организации на граѓанското општество и левичарски партии се собраа на улиците на источногерманскиот град. Од безбедносни причини, голем број полицајци од целата земја пристигнаа во Ерфурт пред и за време на дводневната конференција на АфД. Демонстрантите ги блокираа автопатите и улиците што водат до конгресниот центар каде што се одржува конференцијата. Според полициските проценки, околу 15.000 луѓе се придружија на протестите. „Сакаме јасно да ставиме до знаење дека едноставно нема да го толерираме фактот дека фашизмот е во пораст во Германија“, рече Георг Бекер, портпарол на анти-АфД организацијата Widersetzen („Отпор“). Конвенцијата, на која се очекува повторно да ги изберат копретседателите Алис Вајдел и Тино Хрупале, се одржува пред изборите во источните покраини Саксонија и Мекленбург-Западна Померанија во септември. Алтернативата се надева дека гласањето ќе го отвори патот за нејзин успех на национално ниво. Следните парламентарни избори во Германија не се закажани до март 2029 година најдоцна. АфД, основана пред повеќе од една деценија, моментално има јасна предност пред владејачките христијански демократи на канцеларот Фридрих Мерц, со 29 проценти наспроти 22 проценти на ЦДУ. Партијата, исто така, постигна силен напредок на регионалните избори во западна Германија претходно оваа година. Алтернативата користи мешавина од националистичка реторика, повикува на построги имиграциски политики и пораки насочени кон гласачите фрустрирани од претходните влади и годините економска стагнација, објавува Reuters. Противниците на партијата АфД ја обвинуваат за расистички политики и ставови некомпатибилни со германските демократски вредности, тврдејќи дека нејзиното владеење би го загрозило уставниот поредок на земјата. Другите најголеми политички партии ја отфрлија секоја можност за соработка со АфД.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСончево со мала до умерена облачност09:00Мицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00Пожар во близина на Пробиштип, густ чад на патот Штип- Пробиштип го отежнува сообраќајот12:34Презентација на воена опрема вредна над 40 милиони евра во касарната „Илинден“08:57Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно08:30
КошаркаМакедонија со изменет состав во Луксембург, Сестина подготвен за дебиСелекторот на македонската кошаркарска репрезентација Берокал направи три промени во ростерот за последниот натпревар од првата фаза на претквалификациите.Сениорската репрезентација на Македонија веќе е во Луксембург, каде попладнево ќе го одржи и првиот тренинг во пресрет на утрешниот натпревар против домашната селекција, последен во првата фаза од претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2029. По убедливата победа над Ирска (77:56), со која го обезбедивме првото место во групата „А“ и пласман во следната рунда од квалификацискиот циклус, селекторот Жозеп Марија Берокал направи три промени во составот. На позицијата натурализиран кошаркар, на местото на Ди-Џеј Стјуард, во ростерот за гостувањето во Луксембург е Нејт Сестина. По успешно одработениот најголем дел од подготовките со националниот тим, Сестина е подготвен за својот прв официјален настап во македонскиот дрес. Во комбинација за настап нема да бидат Андреј Јакимовски и Марко Луканоски. Јакимовски, со согласност на стручниот штаб, доби дозвола да го напушти националниот тим поради претходно преземени приватни обврски поврзани со неговата преселба во Италија. Од друга страна, Марко Луканоски ќе им се приклучи на подготовките на репрезентацијата „Под 20“ години, која ги привршува подготовките за настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Братислава. Проценката на стручниот штаб е дека неговото присуство ќе биде од особено значење за младинската селекција во пресрет на континенталниот шампионат. Македонија ќе го одигра последниот натпревар од првата фаза од претквалификациите со десет кошаркари во ростерот, со желба да ја забележи и шестата победа во циклусот и со максимален ефект да го заокружи успешниот настап во групата „А“.Тагови: Кошаркарската репрезентација на Македонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook