Медиумска писменост – писменост на 21. век - Канал 5

Медиумска писменост – писменост на 21. век

Способноста за пристап, разбирање, анализа и критичка оцена на различните медиуми и медиумски содржини, како и создавање комуникациски содржини во различни контексти се основа на медиумската писменост. 

Медиумска писменост – писменост на 21. век

Таа е неопходна за непречено функционирање во сите сфери од општеството, особено во дигиталниот свет и „новата реалност“ на социјалните медиуми.

Доброупатените велат дека медиумската писменост треба да е застапена во сите нивоа на формалното образование, да ѝ се посвети особено внимание и да се понудат системски решенија со цел создавање на доброинформирани и медиумски писмени граѓани.

Таа е важна бидејќи придонесува кон развивање и примена на вештини за критичко размислување, осознавање како медиумските пораки влијаат врз општеството и ја вообличуваат нашата култура, препознавање на дезинформации и зачувување на правата на граѓаните.

Медиумската писменост важи за сите возрасни групи

Емилија Петреска Камењарова од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги вели дека медиумската писменост е многу важна за да можеме да функционираме во нашата, како што вели „веќе одамна медиумски посредувана реалност“. Според неа, мора да користиме повеќе извори на информации, секогаш да настојуваме да ги провериме, да внимаваме кој е изворот од кој што ги извлекуваме податоците и дали е наведен авторот.

– Освен што значи критичко развивање и критичката свест, медиумската писменост значи развивање на етика и почитување на вредностите што ќе ни овозможат да оцениме дали некоја содржина е вистинита или не, дали е потребно да се прошири, или, пак, ако ја прошириме можеме да нанесеме штета. Таа, исто така, претставува развивање на вештини за создавање на медиумски содржини кои што потоа граѓаните ќе ги стават на некој од медиумите што ни се на сите достапни. Постои цела низа на работи кои што се составен дел од нашиот живот и нужно е да бидеме медиумски писмени за да можеме да ги користиме на вистински начин, вели Камењарова за МИА.

Учениците од најмала возраст треба да се запознаат со медиумската писменост

Весна Никодиноска од Македонскиот институт за медиуми вели дека медиумската писменост станува основна вештина и алатка за современото време, особено за образованието на млади генерации. Според неа, неопходно е младите генерации да се запознаваат со медиумската писменост уште од најмали нозе затоа што медиумите се дел од нашата секојдневна реалност, а институциите ги посочува како клучен актер во целата приказна, затоа што, како што вели „без институционална поддршка не би можеле да ја вклучиме медиумската писменост во формалното образование“.

– Во моментов заедно со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образование работиме во насока на ревизија на наставните програми и вклучување на содржини од медиумската писменост во различни предмети и во различни одделенија. Сметаме дека со ова ќе им дадеме на младите уште една вештина, уште една алатка, како да можат полесно да се снаоѓаат во новата реалност во која што сите ние живееме, во дигиталниот свет, како да се заштитат себе си и како практично да ги заштитат оние кои што им се блиски и да можат да направат вистински одлуки во своите животи, без оглед дали станува збор за секојдневни одлуки како што е изборот на храна па сè до како ќе гласаат еден ден на избори, вели таа.

Новото време изискува поинакви вештини за справување со информацискиот хаос

Александра Теменугова од Институт за комуникациски студии информира дека преку проектот „Младите размислуваат“ што го финансира УСАИД во Северна Македонија и ИРЕКС програмата од Вашингтон, четири универзитети се првите пионери кои што добија можност да ги адаптираат постоечките наставни програми со вклучување на содржини од медиумската писменост. Тоа се Филолошкиот факултет во Скопје, ФОН Универзитетот, Педагошкиот факултет и Штуловиот универзитет. Преку истиот проект, медиумската писменост е веќе дел од одредени одделенија од основното образование.

– Сите овие универзитети и сите овие високо образовни институции ќе направат одредени промени и осовременување на наставните содржини за да можат идните студенти да учат за нешто што е неминовност во денешницата, вели Теменугова.

Неопходна е системска посветеност на медиумската писменост

Според Филип Стојановски од Фондација Метаморфозис, медиумската писменост е поширок контекст на сфаќање и унапредување на човековите права, бидејќи, како што вели „медиумската писменост е дел од правото на слобода на изразување, и правото на примање и давање информации“. Тој посочува дека секој од нас има огромна одговорност при користење на новите технологии, дали како креатор или пренесувач на медиумски содржини, но и како консумент и вели дека е неопходно постојано надградување на вештините на медиумска писменост во чија основа е критичкото мислење.

– Ако се сфати од таа страна, тогаш е јасно зошто оваа година, Деновите на медиумска писменост се посветени на различностите, бидејќи во многу медиумски ситуации имаме појава на дискриминација, говор на омраза и тоа мислам не само во оние што се традиционални или онлајн медиуми, професионални, туку и во ситуација кога граѓаните играат улога на медиуми, бидејќи со социјалните мрежи и со другите дигитални алатки самите граѓани стануваат директни учесници, производители и ширители на медиумски содржини, вели Стојановски.

Од АВМУ препорачуваат дека за да се оцени некоја медиумска содржина потребно е да се размисли од кои претпоставки се тргнува, односно што се претставува како факт? Дали поврзувањето на наводите е логично и постои ли друго логично објаснување? Кои зборови се користат и зошто токму тие? Дали користените извори се релевантни и кои други аргументи и извори може, односно треба да се земат предвид? На крај, какво е вашето искуство, знаење, вредности за тоа прашање и што мисли вашето семејство, пријатели и други луѓе?

Се вели дека ако писменоста порано значеше дека некој знае да чита и пишува, денес луѓето се сметаат за писмени доколку знаат да ги користат медиумите и умеат критички да ги читаат и разбираат медиумските содржини кои се објавуваат на телевизија, радио, весници, магазини, филм, музика, книги, билборди, интернет…

За таа цел, во периодот од 25 октомври до 1 ноември под мотото „Размислувај критички, состави ја целата приказна“ во нашата држава се одбележуваат Деновите на медиумската писменост преку кои се отворија повеќе аспекти на различностите во медиумите. Со овој мултимедијален продукт, Медиумската информативна агенција како дел од Мрежата за медиумска писменост, се приклучува кон Глобалната недела на медиумска и информациска писменост на УНЕСКО, чие што мото е „Негување доверба: Императив за медиумската и информациската писменост“./МИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крадци во Франција сокриле скапоцен дијамант во јаболко: Го пронашла гладна собарка

Редок розов дијамант ќе биде изложен во Франција за првпат откако бил украден пред речиси точно сто години – што е и последниот пат кога бил прикажан пред јавноста.

Крадци во Франција сокриле скапоцен дијамант во јаболко: Го пронашла гладна собарка

Кражба од пред еден век

Скапоцениот камен од девет карати, во форма на круша, познат како „Гранд Конде“, бил украден за време на ноќен упад во замокот Шантили во октомври 1926 година. Крадците го сокриле во издлабено јаболко.

Дијамантот – еден од ретките кралски скапоцености што ја преживеале Француската револуција – бил пронајден неколку недели подоцна, кога една гладна собарка во хотелот каде што престојувале крадците, каснала токму од тоа јаболко.

Нова изложба во музејот „Конде“

Дијамантот ќе биде изложен во музејот „Конде“ во замокот Шантили до 3 јануари. Директорот на музејот, Матје Делдик, истакнува дека иако приказната за јаболкото можеби звучи неверојатно, таа била опширно пренесена во тогашните весници.

Делдик одби да му открие на Си-Ен-Ен на која сума е осигуран дијамантот, но напомена дека биле спроведени опсежни научни истражувања за неговите карактеристики, со цел да се овозможи негова единствена идентификација. Изложбата ги вклучува резултатите од оваа анализа, како и претходно непознати архивски материјали што детално ја прикажуваат историјата на дијамантот и неговата кражба.

Ретки розови дијаманти

Природните розови дијаманти се исклучително ретки и често се продаваат за десетици милиони долари. Според податоците на аукциската куќа „Сотбис“, највисоката цена постигната за еден таков дијамант на аукција изнесувала 71,2 милиони долари, во 2017 година. Точното потекло на дијамантот „Гранд Конде“ сè уште е непознато.

Според информациите од замокот Шантили, тој за првпат се споменува во 1740 година, во пописот на имотот на Луј Анри де Бурбон, принцот од Конде.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јон Фрчкоски на „Кавга со Иван“

Утре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Јон Фрчкоски

Јон Фрчкоски на „Кавга со Иван“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот!

За неа, светскиот рекорд е не само признание за знаењето, храброста и истрајноста на спелеонуркачите, туку и реална можност за меѓународна афирмација на македонското културно наследство како исклучително.

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот!

Претседателката вчеравечер се сретна со учесниците во меѓународната експедиција „Врело 2026“ и членовите на Спелеонуркачкиот клуб „Врело“, кои ја информираа за текот на експедицијата и за историскиот успех со кој пештерата Врело во кањонот Матка, со истражена длабочина од 338 метри, стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек.

Таа им честиташе за извонредниот подвиг, истакнувајќи дека Врело е природен феномен што ги разгорува истражувачкиот дух и љубопитноста за откривање на тајните на природата.

За неа, светскиот рекорд е не само признание за знаењето, храброста и истрајноста на спелеонуркачите, туку и реална можност за меѓународна афирмација на македонското културно наследство како исклучително.

Спелеонуркачите ја запознаа претседателката со предизвиците со коишто се соочиле за време на нуркачкиот подвиг, необичните сознанија за подводниот свет на Врело, како кристално чистата вода и умерената температура од петнаесетина степени, новооткриените два канали и над 150 метри нови големи ходници.

Според учесниците во уникатниот подвиг, Врело е раскошен и мистериозен природен феномен со волшебна привлечност, една од досега најинтересните подводни пештери за нив.

Тие ѝ изразија благодарност за прифатеното генерално покровителство, истакнувајќи ја неговата важност за успешната реализација на експедицијата.

Претседателката им посака успех во идните подвизи и изрази убедување дека нивниот успех е инспиративен за многу други спелеонуркачи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер