Mечка упаднала во пекара и изела 60 колачи

Црна мечка упаднала во пекара во американската сојузна држава Конектикат и се земала палета со 60 колачи.

Работниците на пекарата се исплашиле и побегнале од просторијата во која влегла мечката, пренесува Гардијан.

Животното го нападнало првиот човек кој и се нашол патот, а потоа од пекарата до блискиот паркинг влечел контејнер со 60 колачи.

Работниците во пекара во малиот град Авон, Конектикат, ставале колачиња во комбе за испорака кога се појавила мечката.

Во Конектикат живеат меѓу 1.000 и 1.200 црни мечки, според евиденцијата на официјалната агенција за заштита на животната средина.

Мечка крадец побегнала пред да пристигнат полицијата и службениците од Одделот за енергија и заштита на животната средина во Конектикат.

АХВ: Трипуновски повторно лажно шири паника, млекото со афлатоксин се враќа во Србија

Мостри се земаат на граничните премини, односно пратките не се пуштаат во промет до добивање на задоволителен резултат од тестирањата.

Неосновано ширење паника и доведување на граѓаните во заблуда е последната објавена вест на претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски, дека на рафтовите во продавниците се пласирани над 20 тони трајно млеко од Србија со афлатоксин М1 над максимално дозволените концентрации, реагира Агенцијата за храна и ветеринарство.

АХВ апелира, граѓаните да бидат спокојни зашто „канцерогено” млеко со афлатоксин по потекло од Србија, како што тврди Трипуновски, на полиците во маркетите нема. Денес, со согласност на извозникот, од граница, тоа се враќа во Република Србија согласно законски дефинираните процедури.

-За да нема идни шпекулации и замајувања на јавноста, дека граѓаните во земјава пијат небезбедно млеко со афлатоксин, одговорно тврдиме дека со цел спречување на ризикот по јавното здравје, поради утврдено зголемено присуство на афлатоксин М1, на сила е Решението за безбедносни мерки при увоз на млеко, производи од млеко и храна за исхрана на животни од 1 декември минатата година кое го донесе Агенцијата за храна и ветеринарство. Со него се врши задолжително лабораториско тестирање на присуство на афлатоксин М1 на секоја пратка со млеко и производи од млеко која се увезува во земјава, а е по потекло од Република Србија или од Босна и Херцеговина. Мостри се земаат на граничните премини, односно пратките не се пуштаат во промет до добивање на задоволителен резултат од тестирањата. Оттаму, небулозно е денешното тврдење дека небезбедно млеко по потекло од соседна Србија завршило на рафтовите во продавниците. „Веста“ на Трипуновски за афлатоксинот во сурово млеко по потекло од една од поголемите млекарници е стара неколку месеци, иако и со неа денес се обиде да манипулира. Ова млеко, во согласност со операторот, уште во април годинава нештетно е уништено и не стасано во прометот, наведува АХВ во реакцијата.

Брнабиќ: Продолжува теророт на Курти врз Србите на Косово

Теророт на Албин Курти врз Србите на Косово и Метохија, очекувано продолжува, согласно сето она што го кажуваме и она што со месеци го зборува претседателот на Србија, Александар Вучиќ, терор и малтретирање на Србите на Косово и Метохија.

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, денеска изјави дека продолжува „теророт што го спроведува косовскиот премиер Албин Курти врз Србите на Косово и Метохија“, нешто што и таа и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, до сега предупредувале, јави дописникот на МИА од Белград.

Брнабиќ на новинарско прашање за настаните на северот на Косово рече дека косовската полиција од утрово врши претреси во српските општини на северот од Косово, дека влегле во КБЦ „Косовска Митровица“.

-Теророт на Албин Курти врз Србите на Косово и Метохија, очекувано продолжува, согласно сето она што го кажуваме и она што со месеци го зборува претседателот на Србија, Александар Вучиќ, терор и малтретирање на Србите на Косово и Метохија, изјави Брнабиќ.

Таа посочи дека единствена цел и желба на Курти е да ги протера сите Срби од Косово.

-Ја следиме ситуацијата, разговараме и со КФОР, со меѓународната заедница, од утрово претседателот Вучиќ има средби на оваа тема, се слушнав и со директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, теророт продолжува, заклучи Брнабиќ.

На новинарско прашање дали има информации за тоа кои се вооружените лица во Бањска и каква е улогата на Милан Радојичиќ во тоа, Брнабиќ одговори дека медиумите кои и го поставиле тоа прашање го пренесуваат секој „збор на (министерот за внатрешни работи на Косово Џељаљ) Свечља како да е вистина“.

-Свечља вели дека некој се лекува во ВМА, а вие трчате да видите дали навистина е на ВМА. Верувам дека сите ги имате сите информации, па прашајте ја Приштина, рече Брнабиќ.

Премиерката на Србија во врска со предвремените избори изјави дека должината на нејзиниот мандат не ја одредува претседателот на Србија, Александар Вучиќ, туку дека Владата излегла во пресрет на опозицијата која побарала распишување парламентарни и избори во градот Белград.

Таа потсети дека уште во јуни понудила оставка и додаде дека верува и се надева дека изборите ќе се одржат во декември.

Од понеделник отпочнуваат градежните на наплатната станица Глумово

Јавното претпријатие за државни патишта денеска информира дека од понеделник ќе отпочнат градежните и инсталатерски работи на наплатната станица Глумово. 

Градежните работи и реконструкцијата, предвидено е да звршат во рок од шест месеци.

При извршувањето на градежните работи, како што е најавено, наплатната станица Глумово ќе биде во делумна функција и сообраќајот ќе се одвива со времен режим одобрен од МВР и од Министерството за транспорт и врски. Од ЈП за државни патишта апелираат на одговорно учество во сообраќајот и на почитување на времениот режим.

Инаку, потсетуваат од Државни патишта, реконструкцијата се инвестира преку заем од ЕБОР во вредност од 948.261,21 EUR. Изведувач на работите е конзорциумот Аселсан Жикол, а надзор е Институтот за патишта, Дооел Велес. Кон крајот на месец октомври ќе отпочне реконструкцијата и на наплатна станица Желино.

притисни ентер