Мбапе го повтори рекордот на Паје во Лига 1 - Канал 5

Мбапе го повтори рекордот на Паје во Лига 1

Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе постигна два гола синоќа на натпреварот од 32. коло на францускиот шампионат против Анже (2:1).

Мбапе го повтори рекордот на Паје во Лига 1

Сега на сметката на 24-годишниот Французин се 214 голови плус асистенции во Лига 1 (157 гола и 57 асистенции). Мбапе го повторил рекордот на турнирот кој го држеше играчот на Марсеј, Димитри Паје.

Во оваа статистика земени се предвид само натпреварите почнувајќи од сезоната 2006/07 кога почнаа да се бројат овие податоци. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Убиен е руски генерал, кој наредил напад на детската болница во Киев- му пукале во лице

Во регионот Саратов во Русија, утрово беше извршен обид за атентат врз воен офицер кој командувал со ракетен напад врз Детската болница Охматдит во Киев во јули 2024 година. 

Убиен е руски генерал, кој наредил напад на детската болница во Киев- му пукале во лице

Според достапните информации, офицерот е во критична состојба, пишува украинска Правда.

Детали за нападот врз генералот

Каналот „Шпио досие Телеграм“ објави дека генерал-мајор Николај Варпаховиќ, командант на 22-та тешка бомбашка дивизија на руските воздухопловни сили, бил застрелан околу седум часот наутро. Истиот извор наведува дека Варпаховиќ е во критична состојба. Според информациите од каналот „Маш“, напаѓачот се упатил кон куќата во селото Пробужденије со мотоцикл со кацига на главата и отворил оган. Едниот куршум го погодил Варпаховиќ во торзото, а другиот во лицето.

Неговиот возач исто така бил ранет, кој успеал да избега, да се скрие, а потоа да повика брза помош. Лекарите ги отстраниле куршумите на Варпаховиќ и го подготвуваат за транспорт со специјален лет до Москва. Рускиот медиум „Астра“ пишува дека селото Пробуждение е наведено како една од адресите на Варпаховиќ.

Истрага и обвиненија

Напаѓачот сè уште не е уапсен. Регионалниот истражен комитет на Русија покрена кривична постапка за обид за убиство на воен службеник, што го потврди и државната агенција ТАСС.

Безбедносната служба на Украина (ССУ) на 31 август објави дека го сомничи Варпаховиќ, заедно со уште еден руски офицер, во отсуство за вмешаност во ракетните напади врз новинарите на „Ројтерс“ во регионот Донецк и Детската болница „Охматдит“.

Украинската истрага утврди дека Варпаховиќ ја издал борбената наредба за нападот врз болницата на 8 јули 2024 година. Војниците под негова команда извршиле целен удар со крстосувачка ракета Х-101, која била лансирана од руски стратешки бомбардер Ту-95МС.

Последици од нападот врз болницата

Во времето на нападот врз Охматдит, во болницата имало повеќе од 600 пациенти. Две лица беа убиени, вклучувајќи и еден лекар, а десетици луѓе беа повредени. Ракетата целосно ја уништи зградата за токсикологија и оштети уште четири згради каде што беа извршени операции и каде што беа лекувани тешко болни деца.

Овој обид за атентат доаѓа кратко откако автомобилот на руски војник експлодираше во Санкт Петербург на 27 август. Неговото име е во базата на податоци „Мировник“, а неговата единица беше обвинета за напади врз украински цивили.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Двајца кавадарчани предизвикале пожари- добија кривични пријави

Кривични пријави против две лица од Кавадарци за „предизвикување општа опасност“ и за „загрозување на животната средина и природата со отпад“ .

Двајца кавадарчани предизвикале пожари- добија кривични пријави

ОВР Кавадарци, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против С.С.(31) од Кавадарци поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. На 20.08.2026 на депонија во Кавадарци, пријавениот запалил душек кој бил опколен со сува трева и отпаден материјал и на тој начин го сторил делото.

Исто така, ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против В.С.(58) од Кавадарци поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“ по член 230 од Кривичниот законик.

Имено, В.С., кој бил вработен како чувар на депонијата Мелци, на 25.08.2026 го напуштил своето работно место, со што извршил пропуст при вршење надзор и во тој период настанал пожар на депонијата од поголеми размери, сооптши МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсени се четворица италијански и еден македонски ловџија- одземено им е оружје и нелегално уловен дивеч

Лишени од слобода четири италијански и еден македонски државјанин, при претрес во објектот во кој престојувале во Велес биле пронајдени и одземени ловечко оружје, муниција и уловен дивеч без дозвола.

Уапсени се четворица италијански и еден македонски ловџија- одземено им е оружје и нелегално уловен дивеч

На 02.09.2026 во 11:20 часот на автопатот Велес – Градско, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес го лишија од слобода Л.Б.(60) од Италија, со привремен престој во Велес. При преглед на патничко возило „ауди“ со албански национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 207 ловечки патрони за кои не поседувал соодветна документација. Известен бил јавен обвинител и инспектор за странци и по документирање на настанот против Л.Б. ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик. Подоцна, во 18:50 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода и Т.Р.(58), З.Д.(72) и А.А.(74), сите од Италија и М.И.(62) од Скопје. При претрес во објектот во кој престојувале италијанските државјани во Велес, извршен со наредба од Основен суд Велес, каде бил затекнат и М.И., кој бил домар, биле пронајдени и одземени ловечко оружје, ловечки патрони, поголема количина улов, пари, документација и други предмети.

Известен бил претставник од ловечко друштво „Руен“ од Велес, при што било констатирано дека одземениот улов потекнува од кривично дело „Незаконит лов“, казниво по член 228 од Кривичниот законик. Л.Б., Т.Р. и М.И. биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер