Маж починал на лет од Истанбул кон Сан Франциско- телото мистериозно исчезнало - Канал 5

Маж починал на лет од Истанбул кон Сан Франциско- телото мистериозно исчезнало

Авион на „Туркиш ерлајнс“ на пат кон Сан Франциско бил пренасочен претходно овој месец откако еден од патниците починал, потврдија претставник на локалната компанија и службеник на аеродромот. 

Маж починал на лет од Истанбул кон Сан Франциско- телото мистериозно исчезнало

„Туркиш ерлајнс“ одбиле да откријат какви било детали за починатиот патник, вклучително и неговата националност, пишува SFGATE.

Според услугата FlightAware, летот број 79 полетал од Истанбул на 13 јули. Додека бил над Гренланд, се случил инцидентот, како што објави блогот за авијација Aviation A2Z.

„Донесена е одлука да се продолжи кон Северна Америка, наместо да се пренасочи надвор од воздушниот простор на САД“, изјавија од „Авиејшн А2З“ за SFGATE. „По влегувањето во воздушниот простор над Соединетите Американски Држави, екипажот одлучил да слета на аеродромот во Чикаго О'Хара, голем меѓународен центар способен за справување со итни слетувања со соодветна медицинска поддршка и капацитети“, додадоа тие.

Ертугрул Ѓулсен, раководител на станицата на „Туркиш ерлајнс“ во Сан Франциско, потврди дека авионот бил пренасочен кон меѓународниот аеродром О'Хара во Чикаго токму поради смртта на патникот.

Мистерија во Чикаго

По слетувањето во Чикаго, телото на починатиот требало да биде под надлежност на Канцеларијата на медицинскиот испитувач на округот Кук. Сепак, портпаролката на канцеларијата, Наталија Деревјани, изјави дека „не биле информирани“ за случај што одговара на описот од овој лет и дека немаат евиденција за починатиот патник.

Менаџерот на станицата, Ѓулсен, не сакал да дава дополнителни коментари за трагичниот настан. Тој потврди само дека преостанатите патници биле префрлени на друг авион, кој подоцна пристигнал на нивната дестинација во Сан Франциско. Портпаролот на „Туркиш ерлајнс“ не одговорил на повеќекратните прашања испратени по е-пошта.

Сè уште не е јасно каде се посмртните останки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Стој за УСЈЕ“: Средбата со министерот за животна средина беше позитивна

Од иницијативата „Стоп за УСЈЕ“ попладнево беа на средба со министерот за животна средина Мухамет Хоџа.

„Стој за УСЈЕ“: Средбата со министерот за животна средина беше позитивна

Средбата како што оценија потоа, била позитивна во насока на изнаоѓање на некакво решение.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судењето за екс апелацискиот судија Ѓоко Ристов, вештакот тврди дека нема контаминација на доказите

Немало контаминација при утврдувањето на ДНК анализата на биолошките траги пронајдени на алуминиумските фолии во кои биле завиткани 350.000 евра во дупка во ѕид во семејниот дом на судијата Ристов

Продолжува судењето за екс апелацискиот судија Ѓоко Ристов, вештакот тврди дека нема контаминација на доказите

Немало контаминација при утврдувањето на ДНК анализата на биолошките траги пронајдени на алуминиумските фолии во кои биле завиткани 350.000 евра во дупка во ѕид во семејниот дом на поранешен апелациски судија Ѓоко Ристов и покажува совпаѓање со ДНК-профилот на обвинетиот.

Ова денеска пред судот го истакна вештакот од МВР, Ана Лалевска, оценувајќи дека анализата е изработена согласно сите пропишани процедури и дека резултатите се веродостојни. Со ова практично и падна одбраната на обвинетите кои тврдеа дека додека се прибирале материјалните докази на вештаците им била скината ракавицата и со тоа бил контаминиран доказот, односно ДНК на Ѓоко Рисотв.

-Добиваме брисеви подигнати од друго одделение, означени со баркодови и ги ставаме на ДНК анализата и на крајот исклучиво според ДНК профилот донесуваме стручно мислење. Заклучокот кој го добесовме е дека обезбедените траги го имаат профилот на Ѓоко Ристов- изјави Ана Лалевска, вешто лице за биолошки траги вработено во МВР.

Расправата ја одбележаа и тензии меѓу обвинителката Искра Хаџи-Василева и бранителот на Ристов, Звонко Давидовиќ, поради честите приговори, по што судот ги предупреди дека ќе бидат отстранети од судницата доколку продолжат со меѓусебните расправии.

Самото повикување на вештаците по наша оценка беше безпретметно бидејќи не добивме нови факти. Се што е нотирано во однос на овој доказ е нотирано во писмените извештаи кои овие вешти лица ги прават – изјави Хаџи-Василева.

Одбраната пак, уште еднаш го оспори начинот на прибирањето, чувањето и вештачењето на доказите посочувајќи дека дополнително е спорно што се анализирани парчиња од алуминиумска фолија, а не самите пари, што како што истакна одбраната можно е да имало контаминација од трето лице на доказите.

Вештакот може да каже дека не е компромитирано, ама во својот исказ кажа дека не знае каде е чувано. Сведоци сте. Не знае како е транспартирано и не знае начинот како е земен брисот, он работел само на брисот. Тоа покажува дека неговиот одговор и не е многу валиден – изјави адвокатот Давидовиќ.

Ѓоко Ристов е обвинет за перење пари и прикривање имот, откако при претрес во семејната куќа во Неготино биле пронајдени 350.000 евра скриени зад кујнски плочки.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОЈО: Син осомничен за убиство на татко во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

ОЈО: Син осомничен за убиство на татко во Скопје

Осомничениот 30 – годишник, на 12 јули, со умисла го лишил од живот својот татко. Откако во домот дошло до расправија и физички напад меѓу таткото и мајката на осомничениот, синот зел нож и во дворот го нападнал таткото, нанесувајќи му повеќе од 30 убоди во вратот и градниот кош. Таткото починал на лице место.

Во текот на истражната постапка, јавниот обвинител ќе преземе повеќе дејствија со цел прецизно утврдување на мотивите за настанот, а ќе биде извршено и психијатриско вештачење на осомничениот.

Со цел негово обезбедување во текот на кривичната постапката, јавниот обвинител предложи на осомничениот да му биде определена мерка притвор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер