ТенисМастерсот во Рим би можел да стане петти Грен слемИталијанската тениска федерација има намера да го направи Мастерсот во Рим петти Грен слем турнир, објави весникот „La Stampa“.Тамошната тениска федерација веќе упатила понуда до организаторите на мастерсот во Мадрид, кој се одржува една недела пред турнирот во Рим, да го откупат натпреварувањето за 550 милиони долари. Така, Италијанците ќе го продолжат турнирот во главниот град на земјата на две недели. Забележано е дека на федерацијата ќе и треба одобрение и од комисија составена од организатори на четирите актуелни Грен слем турнири. Четирите најголеми турнири во текот на една сезона се Австралија Опен (Мелбурн), Вимблдон (Лондон), Ролан Гарос (Париз) и УС Опен (Њујорк).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиШпанецот Раул Фернандез до првата пол-позиција во кариерата! Мотоциклистот на „Тракхаус“, Раул Фернандез, ја освои првата пол-позиција во својата MotoGP кариера, откако беше најбрз на квалификациите за Големата награда на Индонезија на патеката „Мандалика“.Шпанецот постигна време од 1:28,852 минути, а првиот стартен ред го комплетираа Марко Бецеки на „Априлија“ и Фабио ди Џанантонио. Бецеки заостануваше само 0,109 секунди зад најбрзиот, додека Ди Џанантонио си подари убав роденденски подарок со освојувањето на третото место. Марк Маркез го зазеде четвртото место, додека лидерот во шампионатот, Хорхе Мартин, ќе стартува од петтата позиција. FIRST #MotoGP POLE POSITION 👏 FANTASTIC @25raulfernandez 😎 #IndonesianGP 🇮🇩 https://t.co/xrczx7JHrd — MotoGP™🏁 (@MotoGP) October 10, 2026 Фермин Алдегер, победникот на минатогодишната трка во Индонезија, ќе стартува од шестото место. Првиот дел од квалификациите беше одбележан со бројни падови, но Аи Огура и Алдегер успеаја да се пласираат во финалната рунда. Посебно внимание привлече Топрак Разгатлиоглу, кој успеа да постигне конкурентен резултат помалку од еден час откако го измести десното рамо. Првите девет возачи ги делеше разлика од само половина секунда, што најавува голема борба на патеката Мандалика. Спринт-трката за Големата награда на Индонезија започнува во 15:00 часот по локално време, а Фернандес ќе се обиде својата прва пол-позиција во најсилната класа да ја претвори во победа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20
МакедонијаЦаринска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии Царински службеници на граничен премин Богородица запленија седум млади змии, од кои четири питони и еден гуштер, откако истите во соработка со полициски службеници беа откриени при контрола на возило управувано од косовски државјанин. Со намера да нелегално да ги внесе во државава, сторителот, змиите претходно спакувани во кутии и марами ги скрил под седиштето. Главно станува збор за заштитени видови, два питони од видот „Carpet Spilota“, еден питон од видот „Short tailed“, еден питон од видот „Brandly Carpet“, една змија „Chinese Ring rat“, како и од „Raticulated Super Dwarf“. Воедно меѓу запленетите змии е и отровна змија „Baron sneake“. Влекачите ќе бидат предадени на надлежните институции, а против сторителот од страна на Царинска управа е поведена соодветна постапка. Потенцираме дека заштитените видови се строго регулирани со задолжителни дозволи согласно Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови на дива флора и фауна и секој внес без овие дозволи се смета за недозволен внес.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотДраматични сцени по земјотрес во Панама: Згради се нишаат, оштетени цркви и хотели...Силниот земјотрес што во синоќа ја погоди Панама предизвика голема материјална штета, а на социјалните мрежи се шират драматични снимки од оштетени и урнати згради.Особена загриженост предизвикуваат сцените од градот Пенономе, оддалечен повеќе од сто километри од епицентарот, каде што се оштетени цркви, хотели и други објекти. Земјотресот беше почувствуван и во соседните држави, додека надлежните служби продолжуваат да ги проценуваат последиците. Според првичните податоци од Институтот за геонауки при Универзитетот во Панама, земјотресот имал магнитуда од 7, а жариштето било на длабочина од десет километри, на околу 39 километри западно од Тоноси. Nos solidarizamos con nuestros hermanos panameños tras el fuerte sismo registrado hoy, cuya magnitud reportada fue de 7,7 y que habría ocasionado afectaciones en algunas estructuras. Desde Colombia enviamos nuestro más sincero mensaje de apoyo y solidaridad al pueblo panameño, especialmente a las familias afectadas. Esperamos que las autoridades y los organismos de emergencia puedan atender oportunamente la situación y proteger la vida de las comunidades. ¡Toda nuestra solidaridad con Panamá en este difícil momento! — Samir Abisambra (@samirabisambra) October 9, 2026 Сепак, подоцнежните анализи на меѓународните сеизмолошки институции укажаа на посилно тресење на тлото. Американскиот геолошки институт (USGS), во еден од своите прелиминарни извештаи, ја процени магнитудата на 7,7 и предупреди на можноста од човечки жртви и голема материјална штета. Бројни видеа што набрзо се појавија на интернет сведочат за силината на земјотресот. Жителите опишуваат како зградите силно се нишале, предмети паѓале од мебелот, а многумина во страв истрчале надвор од своите домови. Според информациите објавени од CNN, потврдена е автентичноста на снимките од Пенономе на кои се гледаат тешко оштетени згради. El surfer Panameño Gabriel Hernández posteo este video desde Azuero https://t.co/Jkf8uQvm1i — Francisco Jose (@MrPakirri) October 9, 2026 Меѓу нив е и црква чија камбанарија делумно се урнала, додека оштетен е и дел од надворешната фасада на друга зграда.Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20