Хакери ги објавија податоците на над 40.000 вработени во Министерството за внатрешна безбедност на САД
2Хакери ги објавија податоците на над 40.000 вработени во Министерството за внатрешна безбедност на САД
ЖивотМартинки за среќа, традицијата продолжува секој март Мартинки за среќа традиционално ќе се подаруваат и денеска, како и секој 1 март во Тиквешијата.Најмладите од градинката „Рада Поцева" во Кавадарци заедно со воспитувачките, изминативе неколку дена изработија мартинки и денеска ќе ги делат на случајните минувачи во центарот на градот. Директорката Цанка Добринова појасни за МИА дека тие што ќе имаат среќа да добијат од вешто испреплетениот црвен и бел конец, ќе остават по некој денар во рамки на можностите, а собраните пари ќе се искористат за нов дидактички материјал во градинката. Мартинки носат и млади и стари во Тиквешко, но најмладите особено им се радуваат. Доказ за тоа се токму децата од градинка. За нив, секој прв мартовски ден е како празник. Обичајот да не стане суеверие, порачува Црквата Многу други граѓани, исто така, потврдија дека ја почитуваат традицијата. Традицијата е на првиот ден од март најстарата жена во семејството да врзува на рацете на децата засукан бел и црвен конец за здравје и против уроци. Мартинките се носат до појавата на првото процветано дрво или на првиот виден штрк, а во Македонија и до здогледување на првата ластовица. Потоа се ставаат под камен и се гази одозгора. Ако после еден месец под каменот има мравки, се верува дека годината ќе биде бериќетна, се дел од верувањата. Како и да е, традицијата продолжува, потврдуваат и други тиквешани со кои разговаравме, со првиот ден од март како и секоја година, многу од нив добија мартинки на своите раце или ревери. Тие веруваат дека носењето на мартинките до 22 март ќе им донесе среќа и здравје во животот. -Така е, токму поради верувањето дека овој своевиден ритуал носи радост, адетот за носење мартинки се пренесува со герерации. Така било, така е и така ќе биде секој март во годината. Веќе сме стари, а мартинки ни врзуваа на раката или на реверот уште од кога знаеме за себе, од најмали нозе, ни рекоа кавадарчанки кои изработуваат мартинки за своите најблиски, но и за роднини и пријатели. Тие велат дека мартинките се изработуваат од бел и црвен конец, кои се сукаат на посебен начин, не е тоа само обично испреплетување на двата конца. Може да бидат од волница, но и од свилен или памучен конец. Зависи од фантазијата на мајсторот што ги изработува, тие можат да бидат за врзување на рака, како топчиња или коцкички, па и мини куклички или машнички за на ревер. Црвената боја значи крв, живот и љубов, а белата чистота, среќа, објаснија кавадарчанки. Ни кажаа дека ги носат за зравје и среќа, а учениците плус и за успех во училиште, младите за среќа во љубовта и нивните сакани да се лепат за нив како што се речиси залепени белиот и црвениот конец, а возрасните за резултати во работата и животот. -Мартинките се носат до 22-ри март. После тоа се вадат. Различни луѓе потоа различно постапуваат со нив, иако сите натамошни ритуали, исто така, се поврзани со желбата за среќа. Едни ги закачуваат на родовити дрва што цутат за напредок, други ги ставаат под камења за плодност, кажаа тие. Мартинки денеска се изработуваат и во Основното општинско училиште „Страшо Пинџур". Наставничката Стефка Саздовска рече дека штом учениците забележат преселна птица, ги закачуваат мартинките на дрво за среќа. Од МПЦ ОА за МИА изјавија дека сево ова претставува народен традиционален обичај на кој не треба да му се пристапува суеверно и не со верување дека има магиско дејство. -Убаво е да се почитува традицијата бидејќи убаво изгледа мартинка на раката, но не треба духовно да се расипуваме и да веруваме дека неколку конци ќе имаат било какво влијание на нашите животи, ниту пак да стравуваме дека ќе има фатални последици, доколку не се почитува некое утврдено правило, велат од црквата. Значењето на празникот Ксантика Секој 1 март, во чест на мистериозната Баба Марта и доаѓањето на пролетта, се плетат уникатните мартинки, едни од омилените модни додатоци на младите, ни рече Томе Крстевски, етнолог во кавадаречкиот музеј. Имено, повтори и тој, мартинките се бразлетни направени од црвена и бела волница, исплетена на различни начини. -Старите Македонци имале високо ниво на духовност, имале свои верувања и култови, но еден од најразвиените им бил култот кон Ксантика. Ниеден народ нема празник стар 3.000 години, што се задржал до ден денешен. Македонскиот народ има празник кој е наречен „Ксантика" се слави на почетокот на пролетта од 1 до 31 март. Зборот „Ксантика" означува светлина, виделина т.е. божица на цвеќињата, на љубовта и убавината. Според едно предание во Ксантија бил заљубен македонскиот бог Македон, таа му била прва и чиста љубов. Но откако злите сили ја претвориле Ксантија во цвет, Македон секоја пролет ја барал својата љубов на сите ливади и полиња, покрај сите бистри потоци и реки, во сите градини во својата земја Македонија. Потрагата на Македон по Ксантија била секоја година која траела 30 дена, а за тоа време Македонците го прославувале празникот (простувајќи и посакувајќи исполнување на желбите). Во чест на оваа необична и несреќна љубов на Македон и божицата Ксантија, Македонците првиот месец на пролетта го нарекле Ксант, а пролетниот празник Ксантика. Ксантика е инаку една од најсветлите обележја на старо-македонските народни обичаи, што со својата магична моќ ги обединува душите на целиот народ во борбата за подобар живот, раскажа Крстевски. За жал, рече, денеска овој празник скоро и да не се прославува. -Македонските војници, Ксантика ја славеле облечени во свечена македонска облека, пееле и играле македонски песни и ора, со што се истакнувала уметноста на нашиот народ. Денеска, делови од овој празник може да пронајдеме во празнувањето на Прочка, Младенци, Благовец, Лазарица, Цветници и неколку други празници што се прославуваат во текот на пролетта. Целиот овој обичај доаѓа од празникот Ксантика на кој нашиот народ верувал дека се случува „прочистување на душата" простување на гревовите, но и доминација на разбудената пролетна светлост над зимската темнина. Затоа мартинките освен како бразлетни се прикачуваат и на облеката, во домот, се носат како привезоци од 1 март, па се до расцветувањето на првото дрво како предвесник на пролетта, а потоа се верува дека треба да се закачат на дрвото со желби за добро здравје. Мартинките се направени од две бои, белата боја ја симболизира чесноста и невиноста, а црвената, светлината и љубовта во животот, нагласи етнологот./МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваПијани гости им го „украдоа“ првиот танц на младенците во Сплит- снимката е урнебесна (ВИДЕО)Додека младенците беа на подиумот за танцување изведувајќи го својот прв танц, вниманието на гостите требаше да биде насочено исклучиво кон нив. Сепак, видео од свадба во Сплит покажа дека непланираните настани понекогаш можат да ја украдат претставата дури и од главните ѕвезди на вечерта, пишува „Слободна Далмација“. Имено, додека младенците уживаа во романтичен момент, во позадина се одвиваше сосема поинаква сцена. Двајца гости беа толку зафатени со атмосферата што во еден момент завршија на подот, каде што почнаа да се тркалаат и да се смеат, што предизвика воодушевување кај некои од присутните. Видеото го објави на социјалните мрежи Lex Band, со хумористичен натпис: „Како да го засените првиот танц“. Видеото брзо го привлече вниманието на корисниците, а многумина не можеа да не се насмеат кога видоа што се случува зад младенците. Коментарите беа полни со шеги за гостите, а некои забележаа дека тие станале главни ѕвезди на вечерта. Други истакнаа дека најзабавните моменти на свадбите често се оние што не биле планирани. Некои корисници признаа дека морале да го гледаат видеото неколку пати за да забележат што се случува во позадина. Додека младенците се обидуваа да ја зачуваат романтиката и елеганцијата на нивниот прв танц, двајца гости успеаја да го украдат целото нивно внимание, барем за кратко време.Тагови: младенците гости Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаУпаднале на фарма, пукале во сопственикот и се изживувале- му ги исекле ушите и се обиделе нешто одвратно (ВИДЕО)Јужноафриканец бил измачуван за време на грабеж на неговата фарма, при што му биле отсечени ушите.50-годишниот сточар Донован Маркс вчера бил сам дома откако неговата сопруга Луиз заминала на работа кога двајца мажи нападнале еден од неговите работници во шталата, објавува „Дејли меил“.. Фармерот бил врзан, а потоа насилно внесен во главната куќа на фармата, каде што Маркс бил застрелан и избоден во ногата. Додека лежел во локва крв, напаѓачите го исмејувале, потоа го држеле долу и му ги отсекле ушите, кои потоа ги исекле на мали парчиња. Неговиот сосед објавил на социјалните мрежи дека работникот успеал да се ослободи и да побара помош. Пристигнувањето на едно лице кое му дошло на помош ги спречило напаѓачите да му ги отсечат и гениталиите. Разбојниците не успеале да украдат вредни предмети од фармата во близина на Почефструм, туку избегале со автомобилот и приколката на Маркс. White farmer has his ears hacked off during horrific torture in South African farm robbery: 'The motive clearly isn't just to steal' https://t.co/n6HU2iNxmj — Daily Mail (@DailyMail) October 29, 2026 Повредениот човек бил итно префрлен во болницата Медиклиника Почефструм, каде што лекарите му пружиле помош. Според достапните информации, Маркс се бори за живот, а болницата објави дека неговата состојба е „критична, но стабилна“. Питер Стајн, зет на повредениот сточар, рече дека Маркс бил застрелан во рамото и избоден во ногата. „Не знаеме зошто бил мачен. Не можел да разговара со нас, а она што се случило уште еднаш покажува колку се брутални нападите врз фармите во Јужна Африка. Ваквите напади излегуваат од контрола“, рече Стајн. Тој додаде дека мотивот за нападот очигледно не бил само кражба. „Напаѓачите го врзале работникот на фармата, а потоа го мачеле Донован. Сепак, работникот успеал да се ослободи и да повика помош, која брзо пристигнала. Колку што знаеме, работникот не бил повреден“, рече Стајн. Полицијата пристигнала на местото на настанот кратко време по нападот, заедно со екипа на брза помош. Пратеникот на Демократската алијанса и претседател на парламентарниот комитет што ја надгледува работата на Јужноафриканската полициска служба, Иан Камерон, го осуди нападот. „Не секој напад на фарма вклучува тортура, но за намерната суровост што се случува во некои случаи мора отворено да се зборува. Двете жртви заслужуваат соодветна поддршка“, рече Камерон. This morning Donovan Marx was viciously attacked on his farm. Severely beaten. Ears cut off. This is the brutal reality facing our farmers. Stop waiting for someone else to protect you. Join your local safety structures now. Visit https://t.co/h54X5i83SK Look after yourself. Look after your family. @afriforum — Jacques Broodryk (@JacquesBroodryk) October 28, 2026 Тој рече дека лично присуствувал на истрагите на местото на нападите каде што жртвите биле подложени на тешка тортура. „Луѓето биле истурани со врела вода, некои дури и во грлото. Жртвите биле горени со пегли за облека, а на некои им биле дупчени дупки во рацете и нозете. Во некои случаи, луѓето биле држени во заробеништво со часови и мачени“, рече тој. Камерон рече дека планирањето за итни интервенции мора да го земе предвид времето што напаѓачите го поминуваат со жртвите, нивото на насилство и изолацијата на фармите. „Погрешно е да се потценуваат нападите на фармите споредувајќи ги со други насилни злосторства. Ниту еден политички лидер не треба да го одобрува или поддржува насилството врз земјоделците и работниците“, рече Камерон. Тој додаде дека полицијата на Северозападната покраина мора да обезбеди случајот да биде истражен од искусни истражители и дека доказите можат да се користат на суд. Портпаролот на полицијата на Северозападната покраина, капетанот Маџанг Скалки, рече дека полицијата сè уште собира информации за нападот и ќе даде повеќе детали подоцна. Нема апсења. Д-р Корнелиус Малдер, лидер на десничарската партија „Фронт на слободата“, исто така го осуди нападот. „Нападот врз г-дин Маркс беше исклучително брутален. Нашите мисли и молитви се со него и неговите најблиски“, рече Малдер. Тој рече дека неговата партија постојано предупредува дека нападите врз фармите често се придружени со екстремно насилство и тортура, поради што, рече тој, тие не треба да се третираат како обични злосторства. Малдер повторно го повика јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса да го признае обемот на убиствата и нападите врз земјоделците и да преземе конкретни мерки. Тој рече дека деталите за тоа што се случило со Маркс се толку шокантни што не треба да бидат објавени. Ова е втор напад врз фарма во северозападната провинција оваа недела. Претходно, сопругата на земјоделец беше претепана до смрт со метална шипка додека ја отвораше безбедносната порта на нивната фарма во градот Отсдал. Нејзиниот сопруг ја пронашол како лежи во локва крв. Таа починала на пат кон болница. Земјоделците во Јужна Африка велат дека властите ги игнорираат злосторствата против нив и дека нападите често се насочени и брутални. Тие веруваат дека ваквите злосторства не треба да се сведат на категоријата „обичен криминал“. Според текстот, помеѓу 40 и 72 земјоделци се убиени на фармите во земјата секоја година. Сепак, властите истакнуваат дека овој број е незначителен во споредба со приближно 75-те убиства што се извршуваат секој ден во целата земја. Демонстрантите велат дека нападите врз фармите се одликуваат со суровост, тортура и продолжено страдање на жртвите и дека затоа треба да се класифицираат одделно. Американскиот претседател Доналд Трамп постојано тврди дека Јужна Африка е подложена на „бел геноцид“, велејќи дека белите земјоделци се цел на напади и убиваат, а нивната земја е одземена. Соединетите Американски Држави ја променија својата политика за бегалци и азил за да им дадат поголем приоритет на белите Јужноафриканци кои сакаат да дојдат во САД, тврдејќи дека тие бегаат од прогон. Сепак, јужноафриканските власти инсистираат дека високата стапка на насилен криминал и напади врз фарми ги погодува граѓаните од сите раси и дека нема докази за геноцид врз белото население. Претседателот Рамафоса силно ги отфрли тврдењата дека белите земјоделци се издвојуваат како цели на насилни напади. Корисник на социјалните мрежи, кој рече дека е сосед и пријател на Маркс, ги опиша деталите од нападот. „Донован беше застрелан во грб, а куршумот му излезе од стомакот. Двете уши му беа отсечени“, напиша тој. Повредениот човек беше однесен во болница, рече тој, но лекарите сè уште не беа сигурни дали ќе можат да му ги реконструираат ушите, бидејќи напаѓачите ги исечеле на мали парчиња. „Тие се обидоа да му ги отсечат гениталиите, но за среќа наишол еден работник. Потоа двајцата избегале од фармата со неговиот пикап“, рече соседот на Маркс. Слични инциденти ја потресоа земјата и претходно Во 2021 година, седум вооружени напаѓачи поставија заседа врз сточарот Нил Бирман (47), неговата сопруга Соња (43) и нивните три мали синови на оддалечена фарма во покраината Мпумаланга. Напаѓачите ги принудија да отворат сеф со пиштол. Кога откриле дека внатре нема ништо вредно, го ставиле шестгодишното момче во рерна и се заканиле дека ќе го испечат живо. Минатата година, сточарката Рол Ујс (70) преживеала брутален напад врз нејзината фарма во Каролина, исто така во покраината Мпумаланга. Напаѓачите ја држеле додека загревале вода во котел, а потоа ја мачеле повеќе од еден час, смеејќи се и загревајќи ја водата за да ја прелијат. Тие истуриле врела вода врз нејзината глава, ја удирале со чајник, ѝ ги врзале устата и лицето со селотејп, ја врзале со синџир, потоа фрлиле куп мебел врз неа и ја оставиле да умре. Во неверојатен пресврт на настаните, Ујс била пронајдена жива кога луѓето што дошле во куќата откриле што се случило. Таа преживеала и покрај критичните повреди и тешките изгореници на главата и лицето.Тагови: фарма Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
ТехнологијаИлон Маск најави крај на парите- доларите ќе бидат заменети на два начина(ВИДЕО)Доларот и другите традиционални валути ќе станат целосно непотребни поради развојот на вештачката интелигенција и роботиката, а богатството наместо со пари ќе се мери во енергија и физички ресурси, изјави Илон Маск. Во разговор со биографот Волтер Исаксон на подкастот „Градителите“, Маск истакна дека идната валута може да се изрази преку основни физички мерни единици како вати и тони, особено кога цивилизацијата почнува да населува други планети и кога достапната енергија станува клучен ресурс за опстанок. Роботите како единствено решение за американскиот долг Маск верува дека масовната автоматизација е единствениот реален начин за рехабилитација на огромниот јавен долг на Америка. Неговата пресметка поаѓа од фактот дека роботите и напредните алгоритми драстично ќе го зголемат производството на стоки и услуги со значително помала човечка работа. Тој оценува дека финансиската криза не може да се реши со едноставно намалување на државната потрошувачка, пред се поради големиот политички отпор кон ваквите мерки. Зборувајќи за сопственото богатство, кое Блумберг го проценува на околу 921 милијарда долари, Маск очекува дека даночните закони во следните генерации значително ќе го намалат богатството на неговите наследници. Затоа тој планира неговата фондација да продолжи да инвестира во одржлива енергија и проширување на човештвото надвор од Земјата, а исто така ја објави својата намера да донира акции на SpaceX во вредност од повеќе од 10 милијарди долари на американските деца следната година.Тагови: Илон Маск пари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11