ФудбалМаркињос: Тежок период за Бразил, на тимот му недостасува самодовербаБразилскиот репрезентативец Маркињос по поразот од Парагвај изјави дека тимот минува низ тежок период и нема доволно самодоверба.Бразил беше поразен со 1:0 од Парагвај, во натпреварот од осмото коло од јужноамериканската група од квалификациите за СП 2026 година. -Квалификациите не се лесни, ова е тешко време за нашата репрезентација. Единствено што ни останува е да работиме напорно за да ја подобриме играта. Ова е преоден период, има одредена промена на генерации и никогаш не е пријатно да се помине низ тоа, изјави Маркињос, пренесува бразилски „Глобо“. Бразилскиот репрезентативец изјави дека тренерот Доривал Јуниор се обидува да најде соодветна тактика и стил на игра, како и дека тимот игра без доверба. -Нашиот тренер се уште се обидува да го најде вистинскиот тим и начин на игра. Сето тоа се одразува на нашата игра и резултат. Во моментов талкаме и што е најлошо, играме без самодоверба, изјави Маркињос. Фудбалерите на Бразил се на петтото место во јужноамериканските квалификации за Светското првенство, откако имаат 10 бода од осум натпревари. Пласман на Мундијалот ќе обезбедат шесте првопласирани репрезентации од јужноамериканските квалификации, додека седмата селекција ќе игра во баражот. СП 2026 ќе се игра од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Тимчо Муцунски води тајни разговори за иднината на МакедонијаНе постои земја во светот во која министер за надворешни работи јавно кажува дека води разговори за судбината на државата - но тие се тајна.Како може иднината на Македонија да биде тајна за нејзините граѓани? Муцунски вели дека за разлика од претходната влада „тие не се попустливи“. Да потсетиме: • Христијан Мицкоски го нарече Преспанскиот договор „ремек-дело на дипломатијата“. • Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека националниот идентитет, јазикот и културата се целосно заштитени и апсолвирани. • Истиот Тимчо Муцунски изјави дека НАТО е одлична работа - не само за безбедноста на граѓаните, туку и за странските инвеститори (кои ги избркаа - инвестициите паднаа за 60% откако ВМРО-ОКГ ја превзеде власта). Значи сите тројца го потврдија успехот на претходната влада и ја пофалија нејзината дипломатија. За какви „попуштања“ зборува Муцунски? Нивните лаги повеќе не се ни креативни. Нема веќе материјал за креативност. Граѓаните ги прочитаа. И уште нешто важно: претходната влада на СДСМ, покрај дипломатските успеси (НАТО и почеток на преговорите со ЕУ), беше пред сѐ транспарентна. Не работеше зад затворени врати и далеку од очите на јавноста. Единствена „тајна“ беше лажната пропаганда на ВМРО и Латас - истата што продолжува и денес. Прашањето до граѓаните на Македонија е едноставно: После сите лаги со кои ВМРО дојде на власт, после сите лаги со кои Мицкоски и ВМРО-ОКГ владеат - Дали му верувате на Тимчо Муцунски и на неговите тајни разговори што ги води во име на граѓаните и нивната иднина? Дали му верувате на Мицкоски? Скопје, 03.08.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп: Новите разговори со Иран ќе започнат денескаАмериканскиот претседател Трамп изјави дека новите разговори со Иран ќе започнат денеска , откако ги откажа, како што ги нарече, „масовните“ напади врз земјата.„Тие знаеја за обемот на нападот “, изјави Трамп вчера.. „ “Во претходен пост на truth social, Трамп рече дека Иран и сојузниците на САД на Блискиот Исток го замолиле да се „одложи“ нападот бидејќи се договорени „периметрите“ на договорот. Иран сè уште не одговорил на забелешките на Трамп. Американскиот претседател постојано ветува дека е близу до договорен крај на војната. Глобалните цени на нафтата утринава паднаа по објавата на Трамп.Тагови: Доналд Трамп Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Против пожарната единица Кавадарци уште еднаш покажа како се работи пожртвувано и тимскиСо 4 пинцгауери, 1 џип со пумпа, 2 унимога, 12 пожарникари и 1 цивил, цела ноќ се водеше тешка битка со огнената стихија на исклучително непристапен терен, објави на Фејсбук првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев. Голем пожар избувна во атарот на кавадаречкото село Раец, каде што доцна синоќа огнот бил активен на пет различни локации. Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, оцени дека состојбата е исклучително сериозна и соопшти дека пожарникарите и другите надлежни служби вложуваат максимални напори за локализирање на пожарот. -Teritorijalna Protiv Pozarna Edinica-Kavadarci уште еднаш покажаа како се работи пожртвувано и тимски. На терен и во постојана координација со пожарникарите беше и градоначалникот Митко Јанчев, до раните утрински часови, се додека огнот не се локализира. Со 4 пинцгауери, 1 џип со пумпа, 2 унимога, 12 пожарникари и 1 цивил, цела ноќ се водеше тешка битка со огнената стихија на исклучително непристапен терен. Пожарникарите презедоа огромен ризик, работејќи без престан во многу тешки услови за да ги стават под контрола петте подметнати пожари. Нивната пожртвуваност, професионалност и несебична борба заслужуваат најголема почит. Голема благодарност и до Васко механичарот од Дреново, кој одлично го познава теренот и цела ноќ беше рамо до рамо со пожарникарите, помагајќи им во оваа исклучително тешка акција. Вака се сака Македонија, со дела, со храброст и со пожртвуваност. Во меѓувреме, Министерството за внатрешни работи работи на откривање на сторителот или сторителите кои стојат зад подметнувањето на пожарите, стои во објавата на Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35