ВМРО-ДПМНЕ: СДС се разочарани заради откажаниот концерт во Крива Паланка на Лепа Брена, која им пеела и на војската на Младиќ
2ВМРО-ДПМНЕ: СДС се разочарани заради откажаниот концерт во Крива Паланка на Лепа Брена, која им пеела и на војската на Младиќ
3Новиот норвешки крал во првото обраќање му оддаде почит на починатиот татко, му затрепери гласот (ВИДЕО)
Шоу бизМарија Шерифовиќ демантира дека е во врска со пејачка и порача: Срам да ви еОткако некои медиуми во регионот напишаа дека пејачките Марија Шерифовиќ и Џејла Рамовиќ биле во љубовна врска, Шерифовиќ се огласи на Инстаграм."Не планирав да ги коментирам сите овие написи што ги преплавија медиумите последните 5-6 дена. Но, бидејќи гледам дека сега почнаа да се вклучуваат измислените изјави на нашите семејства, морав да реагирам", објавила Марија. "Никогаш не беше тајна дека по натпреварот се разви големо пријателство помеѓу нашите семејства, кое нема да заврши заради ничии лоши или луди идеи или изјави. Значи, сè што ќе прочитате е една голема лага. Има нешто што многу ме изнервира, не е фер да му се ставаат зборови во уста на татко ми, човек кој моментално е во болница и чека операција. Затоа, срам да ви е за тоа, здраво на сите“, порача таа. View this post on Instagram A post shared by Marija Serifovic (@serifovic) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗадутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15Трагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
МакедонијаДвижење ЗНАМ: Нема место за глорификација на воени злосторства во МакедонијаВо политиката има моменти кога дневнополитичката калкулација мора да престане, а зборовите мора да ја имаат тежината на одговорноста. Односот кон воените злосторства, жртвите и правосилните пресуди на меѓународните судови е токму таков момент. Движењето ЗНАМ за Наша Македонија најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување. За нас не постојат двојни стандарди кога станува збор за почитувањето на жртвите, меѓународното право и цивилизациските вредности. Ниту еден воен злостор не може да биде оправдан и ниту еден правосилно осуден воен злосторник не може да биде претставуван како пример за почит или восхит. Објавата е личен став на директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците и не може да се поистоветува со ставот на Владата, ниту со политиката на носителите на власта и одговорноста за сопственото јавно постапување и лични ставови мора да се преземе лично иинституционално. Оттука, несериозно и политички нечесно е да се тврди дека ЗНАМ „молчи“, само затоа што не сме реагирале по диктатот и во рокот што некој од опозицијата ни го одредил. ЗНАМ говори и делува врз основа на сопствени принципи. Ако навистина сакаме сериозно да разговараме за европските вредности, демократијата, соочувањето со минатото и почитувањето на меѓународното право, тогаш да разговараме без етикетирања, без политички памфлети и без историски конструкции скроени за дневнополитичка употреба. ЗНАМ ја осудува секоја глорификација на воени злосторства и воени злосторници. Истовремено ЗНАМ, ја отфрла и политичката инструментализација на ова исклучително сериозно прашање со цел создавање колективна вина, етнички поделби и политички конструкции. Венко Филипче и СДСМ од една сериозна тема создаваат цела политичка конструкција во која се обидува да ги спои партиите од власта и Движењето ЗНАМ, Србија, Александар Вучиќ, „српскиот свет“, Кина, Русија, МПЦ, кое за нас, претставува, класичен политички спин чија цел е една конкретна постапка да ја претвори во поширока конструкција за дискредитација на цела Влада и на нејзините коалициски партнери. Истовремено, како Движење и сериозен политички субјект, нема да дозволиме самопрогласени политички толкувачи да ни објаснуваат што мислиме, во што веруваме и за што се залагаме. Ставот на ЗНАМ е јасен, НАТО и ЕУ се иднината на Македонија! ЗНАМ ќе продолжи да ја носи својата одговорност кон Македонија со сопствен став, јасни принципи и почит кон државноста, меѓународното право и кон сите нејзини граѓани. Центар за комуникации и аналитикаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС се разочарани заради откажаниот концерт во Крива Паланка на Лепа Брена, која им пеела и на војската на МладиќИнсталациите на српските служби во Македонија, СДС и Венко Филипче продолжуваат со својата хипокризија.Иако нивен партиски член, дел од поранешните раководни структури во СДС, поранешен советник на Зоран Заев за локална самоуправа, Виктор Петрушевски кој учествувал и раководењето на државни институции, беше жив фатен како соработник на српската служба БИА, СДС се однесува како да не е оттука. Наместо со својата хипокризија СДС уште да обвинува други за разноразни теории на заговор, редно да си погледнат во сопствените редови кои се први соработници на туѓи служби. Или, пак, можеби и Венко Филипче е директна инсталација на српските служби, по примерот на советникот на неговиот ментор, Зоран Заев кој се уште раководи со партијата. Од друга страна, ваквото однесување и хипокризија на СДС е резултат на нивната разочараност што синоќа партискиот врв на чело со Филипче, Љупчо Николоски Путерот, нивниот градоначалник на Крива Паланка не можеа да се забавуваат на концертот на Лепа Брена, кој беше откажан поради временските услови. Да, тоа е таа Лепа Брена која и пееше на војската на Младиќ, за кој сега ја креваат најголемата хистерија во јавноста. А кога станува збор за пејачи од Србија, вредно е уште еднаш да напомниме и тие малку градоначалници што СДС ги има, како тој во Крива Паланка и Македонска Каменица, прават журки со пејачи на Александар Вучиќ. Инаку ставот на Владата во однос на покојниот поранешен генерал, Ратко Младиќ е јасен и се темели на меѓународно утврдените правни факти, а од поединци, владини функционери кои излегоа со негова поддршка побара повлекување на ставот или доколку не се согласува со ставот на Владата, да се повлече од позицијата што ја извршува. Значи, тоа што Владата единствено штити е интересот на државата и на македонските граѓани, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиИтаума на носилка го изнесоа од рингот по поразот од Хрговиќ (ВИДЕО)Филип Хрговиќ направи голем камбек и стана светски шампион во тешка категорија на IBF, но по мечот со Мозес Итаума, следеа шокантни сцени во лондонската О2 арена.Британскиот боксер не можеше сам да го напушти рингот, туку беше изнесен на носилка. Според британските медиуми, тој е испратен во болница. Во моментов нема официјални информации за евентуална повреда или за неговата здравствена состојба. Итаума беше подобар во поголемиот дел од борбата. Во втората рунда го собори Хрговиќ и го контролираше мечот долго време, но финалето донесе целосен пресврт. Во осмата рунда, Британецот се обиде да ја заврши борбата, но потроши огромна количина енергија. Во деветтата почна да се колеба, нозете му се тресеа, а на моменти мораше да се држи за јажињата. Хрговиќ ја презеде иницијативата и го обсипа со силни удари. Тренерот на Итаума фрли пешкир 33 секунди пред крајот на деветтата рунда, а хрватскиот боксер славеше со технички нокаут. „Сан“ објави дека Итаума бил изнесен од рингот на носилка по поразот, додека „Лондон Стандард“ објави дека не можел да оди и дека е однесен во болница. Без официјални информации, не е можно да се зборува за евентуална повреда, па затоа мора да почекаме лекарска проценка. Itauma won every round until getting stopped and then was stretchered out of the ring and taken to the hospital. Hope the young man is OK. #boxing #ItaumaHrgovic pic.twitter.com/MbtqIP1rWM — Dan Rafael (@DanRafael1) August 30, 2026 Ова беше прв пораз на Итаума во неговата професионална кариера по 14 победи. Тој пристигна во Лондон како голем фаворит и еден од најталентираните млади боксери во светот, но Хрговиќ направи спектакуларен пресврт и го освои појасот на IBF.Тагови: Хрговиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗадутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15Трагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40