Манекенка обвини Оскаровец дека ја силувал кога имала 14 години - Канал 5

Манекенка обвини Оскаровец дека ја силувал кога имала 14 години

Поранешната манекенка Лорен Сера Џонстон (50), го обвини актерот ,Оскаровецот Тимоти Хатон (59) за силување кога имала само 14 години.

Манекенка обвини Оскаровец дека ја силувал кога имала 14 години

Во интервју за BuzzFeed News, таа изјави дека се запознала со Хатон во 1983 година додека го снимал филмот ,,Ијсмен” во Ванкувер и тој ja поканил неа и нејзините двe пријателки во неговата хотелска соба.

Хатон, кој во тоа време имал 22 години, со неговиот пријател ја силувале во собата, тврди манекенката.

"Тие ни понудија пијалок и тој седеше многу близу до мене и почна да ми ги допира нозете. Мислев дека ова нема да заврши добро, имав многу грдо чувство ", изјави таа за Buzz Feed News.

Сера раскажа како тој тогаш ја однел во спалната соба и ја праша дали веќе имала секс. Тогаш неговиот пријател влегол во собата. Сера тврди дека им кажала дека не мисли дека е добра идеја и дека сака да си замине, но тие и кажувале дека сè ќе биде во ред и дека нема да трае долго.

„Хатон започна да ме бакнува по вратот, и јас се вкочанив од страв“, рече таа.

"Кога влезе во мене, го молев да застане, на што тој одговори дека ќе и се допадне. Неговиот пријател само зјапаше. Тоа ме повреди страшно. Беше многу болно. Тоа е страшно", вели Сера.

Сера не презела никакви правни активности до 2017 година кога започна движењето #MeToo затоа што рече дека сметала дека никој нема да и верува.

Во меѓувреме, таа ангажираше адвокат и бара од Хатон отштета од милион и пол долари, но тој само се согласил да и плати 135.000 долари. Во 2018 година, таа го пријавила во полиција и сè уште се води истрага.

YouTube video

Адвокатот на Хатон, тврди дека манекенката лаже и дека нејзината цел е да заработи што е можно повеќе пари од актерот.

„Хатон повеќе нема да помине ниту една минута ги оправдува овие лажни обвинувања “, рече адвокатот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НАТО и Германија демонстрираат сила на истокот на Европа- големата воена вежба ќе трае до декември (ВИДЕО)

Во Литванија започнаа воените вежби на Бундесверот, во кои учествуваат повеќе од шест илјади војници, а ќе траат до 3 декември.

НАТО и Германија демонстрираат сила на истокот на Европа- големата воена вежба ќе трае до декември (ВИДЕО)

„Во вежбите „Штит на слободата 26-II“ и „Голем орел 26“ учествуваат единици на литванската 45-та оклопна бригада Литванија и 37-ма моторизирана пешадиска бригада Саксонија на германската 10-та оклопна дивизија“, се вели во соопштението, јавува LRT.

Заедно со литванските и германските војници, борбена обука ќе поминат и војници од мултинационалната борбена бригада на НАТО од Германија, Холандија, Норвешка, Чешка, Хрватска, Белгија и Луксембург, како и литванска воена единица.

Главната цел на маневрите е да се зголеми борбената готовност на војниците, да се вежба команда и контрола и планирање на операции, како и да се зајакне соработката со сојузниците.

Литванската војска појасни дека вежбата „Штит на слободата 26-II“ ќе се одржи на воениот полигон Руднинкај, додека вежбата „Голем орел 26“ ќе се одржи на воениот полигон „Генерал Силвестрас Жукаускас“ во близина на градот Пабрада.

Воените возила ќе бидат во активна употреба во текот на целата воена вежба.

Најголем сообраќај на конвои се очекува од граничниот премин Калварија на 6 и 7 ноември, а од Клајпеда на 10 и 12 ноември.

Локалните жители се предупредени за можни прекини во сообраќајот и се замолени строго да ги следат упатствата на воената полиција.

Русија во последните години постојано изразува загриженост за активностите на НАТО долж нејзините западни граници.

Кремљ истакна дека Москва не претставува закана за никого, но дека нема да ги игнорира дејствијата што се потенцијално опасни за нејзините интереси.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џејми Оливер најави дека се повлекува од телевизиите

Познатиот британски готвач Џејми Оливер, кој со децении подготвуваше оброци пред милионска публика, го објави своето пензионирање од телевизијата. 

Џејми Оливер најави дека се повлекува од телевизиите

Оливер вели дека има различни планови за иднината и сака да се врати на своите корени, пишува heute.at.

На почетокот на својата кариера, Оливер сакал само да готви, но откако бил откриен од телевизијата, станал глобално познат. Сега, по речиси три децении, тој размислува за потивок живот. „Ме украдоа од кујната за да станам „Џејми Оливер““, рече 51-годишниот готвач во австриската радио емисија Ö3 „Појадок во мојата куќа“.

Тој се сети како работел во лондонскиот ресторан „Ривер Кафе“ кога бил забележан од екипа на Би-Би-Си. Набрзо следела емисијата „Голиот готвач“, која му го променила животот. „Чувствувам дека би сакал да се повлечам од јавноста“, отворено рече тој во разговор со водителката Клаудија Стокл.

Тој сака повторно да се врати на шпоретот

Оливер има јасен план за иднината. „Во следните неколку години, имам намера да се повлечам од некои од улогите што ги имав, како што е телевизиската работа“, објави тој. Неговата цел е помалку телевизија и одговорност, а повеќе време за готвење. „Кога ќе наполнам 60 години, сакам да се вратам во кујната на ресторанот и да готвам за 50 луѓе“, објасни тој.

Сепак, неговото заминување од јавноста нема да биде веднаш. Оваа година, тој го рестартираше својот синџир ресторани „Џејмис италијанец“, кој банкротираше во 2019 година, со нова локација во Лондон. Тој вели дека банкротот го научил на важни лекции за трошоците за кирија, управувањето со персоналот и важноста на одржливиот бизнис модел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД воведуваат нови санкции за Куба- реагираше Марко Рубио

Соединетите Американски Држави воведоа нови санкции врз Куба, насочени кон десет субјекти.

САД воведуваат нови санкции за Куба- реагираше Марко Рубио

Соединетите Американски Држави воведоа нови санкции врз Куба, насочени кон десет субјекти, вклучувајќи членови на кубанската елита, мрежата за транспорт на сурова нафта, државни претпријатија одговорни за увоз и техничка поддршка и добавувачи на кубанската војска со седиште во Кина.

„Владејачката елита во Куба ги присвојува енергетските, транспортните и технолошките ресурси на островот за сопствено збогатување, оставајќи го кубанскиот народ да се соочи со прекини на електричната енергија, недостиг и економска стагнација. Марксистичкиот режим во Хавана се потпира на мрежа од државни претпријатија, заеднички вложувања и офшор посредници за да го одржи овој систем во функција“, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио во соопштението, објави Ројтерс.

Како што оцени, Куба продолжува да служи како лансирна рампа за глобална коалиција од непријателски, антиамерикански актери кои се закануваат, шпионираат и заговараат против САД и нивните интереси.

Рубио додаде дека Министерството за финансии на САД донело одлука со која се овластува воведување економски санкции врз секој странски субјект кој работи или работел во електрониката, производството, поморството и технологијата на кубанската економија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер