Манчестер Ј.го раскина договорот со Кристијано Роналдо, Португалецот блиску до најбогатиот клуб

Англискиот фудбалски гигант Манчестер Јунајтед објави дека го раскинал договорот со еден од најдобрите светски фудбалери во последните две децении Кристијано Роналдо. 

Прекинот на соработката се случи откако капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо одби да влезе во игра против Тотенхем, а потоа жестоко го критикуваше клубот во интервју за Пирс Морган

Веќе извесно време беше јасно дека нема иднина за Кристијано Роналдо на „Олд Трафорд“, а синоќа од Англија стигна потврда дека Манчестер Јунајтед го раскинал договорот со португалската ѕвезда.

Додека Роналдо се подготвува за натпреварите на Светското првенство во Катар, каде неговата репрезентација е во група со Уругвај, Гана и Јужна Кореја, во фудбалската јавност одекна веста за неговата разделба со Јунајтед. Потврдата за оваа вест дојде од редовите на „црвените ѓаволи“, кои оваа ударна вест ја објавија на својата официјална веб-страница и објавија дека се разделиле со Португалецот.

Последниот натпревар на Роналдо во дресот на Манчестер Јунајтед беше против Астон Вила на 6 ноември, кога „црвените ѓаволи“ загубија со 3:1 на Вила Парк, а Португалецот беше капитен на Јунајтед.

Шпанска „Марка“, која има одлични односи со агентот на Роналдо, Жорге Мендеш, тврди дека Роналдо избира меѓу двата најбогати светски клуба - англиски Њукасл и саудиски Ал Наср. И двата клуба се во сопственост на инвестициски фонд од Саудиска Арабија на чело со принцот Мохамед Бин Салман. Роналдо неодамна потврди дека минатото лето имал понуда од Саудиска Арабија.

-Да, точно е дека пред неколку месеци добив понуда од Саудиска Арабија според која за само две сезони би добил 350 милиони евра. И тоа не беше единствената понуда што ја имав, но новинарите не престануваат да објавуваат ѓубре дека никој не ме сака, што е голема лага. Ми беше тешко, многу тешко да одбијам такво нешто, но го направив тоа затоа што бев многу среќен во Манчестер Јунајтед, изјави Роналдо.

Уапсени се 13 членови на „балканскиот картел“, шпанската полиција им влезе во бункерот (ВИДЕО)

Агенти на Националната полиција во Шпанија, во соработка со своите колеги од Србија, разбиле криминална организација со српско потекло во Барселона, која наводно се занимавала со меѓународен шверц на дрога.

По тој повод, како што јавија шпанските медиуми, откриени се пет плантажи со марихуана во кои се запленети повеќе од 37.000 растенија.

Во шест провинциски општини уапсени се 13 лица и извршени се шест претреси во кои се запленети 25 килограми пупки марихуана и 32.000 евра во кеш, пишува Блиц.

Насадите се наоѓале во населени места, далеку од урбаните центри, а најголемите ги сместиле во напуштен хостел, кој претходно го претвориле во бункер.

Како што се наведува понатаму, освен трговија со дрога, осомничените им доставувале и таканаречени растенија „бејби“ на продавачите во Барселона.

Истрагата започнала во јануари годинава како резултат на размена на информации меѓу српската и шпанската полиција за водачот на криминална група од српско потекло кои живееле во Шпанија и биле особено активни во трговијата со дрога со своите роднини од иста националност.

„Откако истражителите ги лоцирале и идентификувале сите членови на организацијата, откриле дека тие биле задолжени за управување со експлоатација на неколку насади со марихуана во различни делови на провинцијата Барселона. Организацијата била структурирана на пирамидален начин, со јасна распределба на функциите кои сите нејзини членови ги знаеле и ги извршувале координирано и подредено, со целосна дискреција во комуникацијата со цел да се гарантира нивната безбедност“, вели изворот за шпанскиот медиум. Покрај наведеното, полицијата конфискувала и три мобилни телефони и едно возило.

Ева Лонгрија среде улица ги соблече високите сандали и одеше боса (ВИДЕО)

Ева Лонгорија била на настанот на американското издание на магазинот Elle во Лос Анџелес.

Таа за оваа прилика облече долг сребрен фустан кој го истакна нејзиното деколте и потпетиците во иста боја.

Но, изгледа дека чевлите не ѝ биле баш удобни. Додека се шетала со пријателките по настанот, Ева застанала на сред улица и ги соблекла штиклите, а папараците го снимиле тој момент. Остатокот од патот продолжи боса.

Во оваа ситуација можеа да се препознаат голем број жени бидејќи секоја од нив барем еднаш одела дома боса по ноќно излегување.

Потсетуваме дека оваа есен почина актерот Тајлер Кристофер, поранешниот сопруг на Ева, а многумина ја осудија актерката. Имено, наместо посвета на Кристофер, успехот кој го постигна актерката го сподели во магазинот Тајм. Додека едни ѝ честитаа за успехот, други беа лути што таа не му посветила објава на нејзиниот починат поранешен сопруг.

„А што е со Тајлер?“, „Таа не коментираше, а тој беше толку прекрасен човек“, „Би требало барем да напишеш нешто за бившиот“, „Тој не се ни олади, а ти се фалиш“. „Мислам дека Ева и Тајлер не беа во најдобри односи, па можеби сака да ги задржи чувствата за себе“, се дел од коментарите.

Да потсетиме, Кристофер беше во брак со ѕвездата од серијата „Очајни домаќинки“ од 2002 до 2004 година.

Сите бегаат од поплавите, а еден човек има друг проблем- снимката е хит (ВИДЕО)

Циклонот Михаунг предизвика големи поплави во Индија, а следното видео е снимено во областа Ченаи.

Многу жители на главниот град Тамил Наду се во сериозни проблеми поради поплавите. Сепак, среде хаосот, поединци се обидоа да го извлечат најдоброто од најлошото.

На социјалните мрежи кружи снимка од маж кој лови риба во надојдената вода. Наводно сѐ било снимено во населбата Тарамани, пренесува Times Now News.

Човек во кабаница уловил голема риба, но тешко ја контролирал. Корисниците најмногу на шега коментираа на сцената.

„Кога ќе добиеш поплава, оди на риболов“, напиша една личност.

Имало и такви кои изразиле загриженост за подводниот свет и опасноста што ги снашла.

„Поплавите предизвикаа многу проблеми, но долгорочно придонесуваат за опстанок на одредени видови. Оваа ситуација им дава можност да мигрираат во различни зони и да одржуваат генетска разновидност“, напишал еден човек.

притисни ентер